Со што го заслужи Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ дискриминаторскиот третман од мајката-држава?
Светското првенство во атлетика се совпадна со завршувањето на првиот уписен рок за студирање на сите јавни универзитети во државава. Истовремено, тоа за многу семејства беше единствен повод по подолг период да се вклучат во програмите на нашиот јавен радиодифузен сервис. Атлетиката беше причина и за моето вклучување во една од програмите на МРТВ, но вниманието многу повеќе ми го привлекоа рекламните содржини на нашата Влада објавени на кајронот, кој ги следеше спортските натпревари.
Со познатата парола „Знаењето е сила, знаењето е моќ“ повторно почна рекламната кампања на македонската Влада, овојпат за пополнување на слободните места на јавните високообразовни установи. Уште во првата минута, по исчитувањето на кајронот, можеше да стане јасно дека тригодишното агресивно убедување на граѓаните масовно да се оддадат на студирање, не вродило со очекувани резултати. Според содржината на кајронот, новоформираните државни универзитети и факултети и нивните дисперзирани студии, очигледно, останале полупразни. На убав и едноставен начин Владата во својот повик ги убедуваше матурантите да се пријават во вториот уписен рок за слободните места за студирање на правните, економските, новинарските и разни други, пред се', општествени студии на двата државни универзитета во Штип и во Битола. Беа наброени огромен број градови и гратчиња (навистина е тешко човек сите да ги запомни) во кои постојат матични и дисперзирани студии на овие два универзитета со слободни места за нови студенти. Но, забележувате, нели, нешто недостасува во владинава кампања за окрупнување на интелектуалната маса во државава?
Недостасува реклама или оглас, не знам под кој назив се водат овие кајрони на Министерството за образование и наука, за слободните места за упис на правните, новинарските, политиколошките и сите останати видови студии на најстариот државен Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Претпоставувам дека ваквиот пропуст е направен поради цврстата убеденост на Владата дека Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ не е само најстар, туку и најреномиран, дури и најелитен (од секој аспект, пред се', кадровски, но и технички и просторен) јавен универзитет во државава, па слободните места неспорно ќе бидат пополнети во вториот уписен рок. Се согласувам со ваквото размислување на нашите функционери и креатори на образовната политика, но, сепак, постојат некои правила на однесување, кои не можат да бидат занемарени и мора да се почитуваат. Така, ако државата си ги рекламира своите високообразовни установи, тоа мора да го стори подеднакво за секој јавен универзитет, а не само за оние што од кои било причини и се помили или понеспособни.
За вториве, мислам на државните институции чија способност да се организираат, функционираат и да опстојат е доведена под знак прашање, уште повеќе, за оние државни институции, чија целисходност за постоење е дискутабилна, односно спорна, државата не треба воопшто да се труди со сила „да ги одржува во живот“, едноставно треба да се помири со фактот дека обидот за формирање државен факултет за секој студент е ступиден, непродуктивен и погрешен. Кој ќе биде крајниот бенефит за сите нас, ако државата упорно настојува да финансира постоење на државен правен факултет (оној што постои при штипскиот Универзитет „Гоце Делчев“), кој во моментот на своето акредитирање немал ниту еден професор – доктор по правни науки? Кој добива, а кој губи со ваквите состојби во државата?
Некој можеби мисли дека нашите граѓани не знаат ништо за квалитетот на новоформираните високообразовни јавни установи, но резултатите од кајронот за огромниот број слободни места зборуваат за разумност на поголемиот број родители и матуранти кога ја носат клучната одлука за својата иднина. Некои мислат дека нашите граѓани не знаат дека не-правници ќе ги учат нивните деца како да станат судии, адвокати, нотари и извршители на голем број јавни правни факултети, но слободните и непополнети места во овие установи укажуваат дека рекламите, сепак, не ја заматиле индивидуалната свест и совест на граѓаните. Некои мислат дека нашите граѓани не знаат за средствата, кои од државниот буџет се одлеваат за финансирање на новите универзитети и факултети (и за нивните вработени, секако), но огласите во медиумите за купување огромни земјишта за овие установи со државни пари им ги отвораат очите и на најголемите поддржувачи на кампањата за масовно „бесплатно“ студирање. Некому можеби му пречи приматот во квалитетот што го поседува Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, па сака да го минимизира неговото значење во општеството, но пазарот на трудот кажува нешто друго. Јавните огласи за вработување во приватниот сектор го преферираат регрутирањето кадри образовани и профилирани токму на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Тоа е факт, непроменлива вистина!
На крајот на краиштата, дури и ако моите процени се погрешни, дури и ако на Македонија навистина и' се потребни високообразовни установи во секое село и град, чие постоење сите заедно ќе го алиментираме, зошто ресорното Министерство одлучи на МРТВ да не ги објави слободните места на факултетите за втор уписен рок само на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“? Премногу ли Скопскиот универзитет е конкурентен, па треба малку да се запостават неговите вредности и квалитети? Со што го заслужи овој Универзитет ваквиот дискриминаторски третман од мајката-држава?
profesorke sosema se slozuvam so vaseto gledane od levoto cose poglednete malku i desno i ke razberete.
Од: citatel
Датум: 07.09.2009 01:20:44
професорке вашите мислења се 100 % точни -ама кој да свати?
Од: Profesor na drzaven UNI
Датум: 07.09.2009 07:28:52
Zboruva avtorot za kvalitet,ili za gubenje na Monopol?UKIM do pred 2god bese KLASICEN DRZAVEN MONOPOL!Studentite od MKD imaa izbor od samo 1UNI,kade kvalitetot bese zamracen so sharlatanstvo,nepotizam, arogantnost,necovecki odnos, samobendisanost,korupcija... na najgolemiot del na vrabotenite. Studentite na UKIM bea poslednoto nivo vo piramidata.Vo uslovi na klasichen monopol,studentot nemase smelost da prasa,da sugerira,da si gi bara svoite prava,...!Vrabotenite na UKIM rabotea po principot klati vrata-zemi plata,vo 11h na rabota, vo 13h closed! Kvalitetot na eden Univerzitet se ocenuva spored uslovite sto gi nudi, spored opremenosta, i spored struchnosta na nastavniot kadar.Za struchnosta na kadrite, parametar koj e vreden e nivnata NAUCHNA AKTIVNOST,izrazena preku megjunarodni publikacii.Osven vrabotenite od Inst.za Hemija pri PMF,koi ucestvuvaat so >50% vo vkupnite naucni publikacii so impakt faktor,drugite vraboteni vo UKIM pojma nemaat sto e toa publikacija i IF.Treba uste fakti?
Од: ФЕЛИКС
Датум: 07.09.2009 09:07:58
Малку ќе бидам брутален во моето видување на состојбите кој биле и кој се на универзитетот ,,Кирил и Методи,,.Во врска со стручноста за поединци се нема приговор,но тука угледот се нарушува исто така од поединци како на пр.плагијатот на некогашниот ректор од времето на ВМРО и ДА,еден куп професори од сите области посебно економија и право, државата е постојано во регрес а не во прогрес.Мислам за вас е поарно да се откачите од државата затоа што кога таа дава бара уште повеќе од вас на политички план.Затоа пласирајте повеќе наука помалку политика ќе ви биде добро за вас а уште подобро за студентите. Се надевам дека нема да бидам цензуриран како минатиот пат.
Од: Anandra
Датум: 07.09.2009 09:18:26
Do prof. na DU: vasiot komentar dovolno pokazuva kolku ja sledite izdavackata dejnost na UKIM. Za vasa informacija eve samo eden primer:Veke 60 godini pri Filosofskiot fakultet na UKIM izleguva edno od najrenomiranite naucni spisanija od oblasta na klasicnite nauki "Ziva Antika" koe uste vo vremeto na SFRJ bese edno od dvete edinstveni spisanija vo togasnata drzava ( drugoto bese od Zagreb)so atest od UNESCO so status na megjunarodno naucno spisanie. Na mnogu fakultet i institutii na UKIM se izdavaat Godisni zbornici so naucni trudovi na profesorite i sorabotnicite, so koi se vrsi razmena so periodika od soodvetnite oblasti vo stranstvo. Ljubopitna sum da doznaam koi naucni publikacii se izdavaat na brojnite novokomponirani univerziteti, drzavni i privatni i kade se distribuiraat vo stranstvo.
Од: Objektiven
Датум: 07.09.2009 09:22:05
UKIM bese vistinski monopol vo visokoto obrazovanie, bez konkurencija i bez poseriozni rezultati! Tocno e seto ona sto se naveduva za profesorite: nadmeni, korumpirani (ne site, sekoja cest za onie koi cesno si ja vrsat svojata rabota!), nekorektno i ucenuvacko odnesuvanje sprema studentite isl. Zosto na pr. UKIM ili poodelnite fakulteti ne napravat anonimni anketi na studentite za da sogledaat kako se odnesuvaat profesorite sprema niv? Ako napr. 20-30% od studentite navedat deka toj i toj profesor zema pari za polaganje na ispitot, tuka ne bi smeelo da ima nikakvi dilemi! Dokolku ne go napravi toa UKIM i drzavnite fakulteti i natamu ce tonat i na krajot ce potonat kako brodot ,,Ilinden,, vo OE!
Од: Stec
Датум: 07.09.2009 09:37:07
После ваков текст, логично е професорката да си даде отказ на работа или тоа да го стори нејзиниот работодавач (Државата).
Никаде на светот вработен не може да излезе со текст против својот работодавач и тоа да биде без последици. Неопходен е кодекс на однесување на професорите на државните факултети. Професорката нека оди на приватен факултет, па потоа нека плука по Државата.
Јасно е дека недостасува операција БУМЕРАНГ на УКИМ. Јасно е дека со новите факултети опаѓа интересот за студирање на УКИМ особено на економскиот и правниот факултет каде студентите беа третирани (лично искуство) како заморчиња. Дали професорката знае дали професорите на Правниот факултет држеа редовно предавања, беа достапни на консултации и сл. во периодот 1996-2000 кога јас студирав? Доколку незнае ќе кажам - доаѓаа кога ке им текне на предавања, субјективно оценуваа, некои не смееше ни да ги прашаш за коментар на оценувањето зошто ќе ти кажат дека додека се они на факултет, ти никогаш нема да завршиш.
Од: Roditel na studenti od Stip
Датум: 07.09.2009 10:15:21
Se zaprasala li avtorkata na ovoj tekst, kako im e na roditelite od Prilep, Negotivno, Radovis, Berovo, Probistip, Stip, ... koga treba da prakaat dete da im studira na Univerzitetot vo Skopje, da odvojat 300Evra za svoeto cedo za da studira i da plati stan vo Metropolata, a vkupnite prihodi vo familijata im se 200evra mesecno? Se zaprasala li Profesorkata-avtorka, zosto vo drzavata Makedonija 60 godini se finansirase samo eden univerzitet, na koj profesorite i vrabotenite se biraa po nepotisticka linija do sedmo koleno i tie bea nedopirlivi i nedostapni za studentite? A posto nejziniot Praven Fakultet e tolku kvazieminenten i kvazicentar na inzvonrednost (so nitu edna internacionalna publikacija!) prima 1000 studenti/god so kofinansiranje, pari od nas roditelite koi odat za nivni plati, tolku li mu e tesko na toj fakultet da plati pari i da si napravi samiot reklama vo mediumite? I zosto Vasite kolegi, a i Vie licno najverojatno, odite da drzite tezgi na Univerzitetot vo Stip?
Од: Болен М. Дојчин®
Датум: 07.09.2009 10:29:03
Целосното неразбирање на реченицата за силината и моќта од страна на Силеџии и семоќни Незнајковци, ја носи Македонија пред портите на Амбисот! „Сите на Факултет“е всушност НајУбавиот Начин да се Обезвреднат Знаењето, Науката, Културата и да се претопат во Силеџиство и „Моќ“. Сето ова создадено во Болно-Љубоморното Возвраќање на Ударот на потпросечниот Прилепски Студент, овековечен на малите екрани во ликот на Шерифот McLoud!! Една споредба: на државниот Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ студираат повеќе од 9 илјади студенти годишно, во цела Македонија бројот на запишани студенти (вклучувајќи ги и новокомпонираните) изнесува над 19 илјади!? Бројка за гордеење, или бројка за Срам? На рускиот „Ломоно��ов“Универзитет, се запишуваат 2 илјади студенти годишно. Бројот на Жители во Моска изнесува 9 милиони жители! (!?) Потребно ли е да го спомнам бројот на жители во цела Русија, за да направиме компарација?? Онаму каде нема Позитивна Селекција, Нема ниту Знаење, но ниту Сила и Моќ во Знаењето!
Од: Donald Duck
Датум: 07.09.2009 13:53:14
Najdobro bi bilo da se zatvorat site univerziteti vo zemjava, i so parite sto kje se zastedat da prakjame 200-300 studenti vo stranstvo kade sto kje dobijat pravo univerzitetsko obrazovanie. Selekcijata kje ja vrsat ambasadi vo cii zemji kje studiraat novite intelektualci, za da se spreci i ova da bide po partiski kluc....
Од: Andeja
Датум: 07.09.2009 14:02:17
Mnogu logicki e vladata da otvora disperzirani studii za onie koi ne se vo moznost da studiraat vo Skopje.A dali e logicki profesori koi se pod penzija da vodat seuste katedri na Pravniot fakultet ili profesori so krivicni dosieja.Objasnete kakva e ovaa profesionalnost na pocituvanite profesori.
Од: tebe
Датум: 07.09.2009 15:06:03
se slozuvam so avtorot deka se premnogu fakulteti , vo sekoe selo faks,ama i potrebata za konkuretnost vo visokoto obrazovanie e neminovna,ne moze samo eden iniverzitet,eden fakultet,kaj nas e druga rabota sto se vrabotuvaat kvazi kadri bez soodvetno obrazovanie,rodnini,partiski .kaj nas ima golem problem kade ke rabotat,znam vo drzavna administracija za koja se nadevam za 3-4godini ke broi 300 000 pa i nie so osnovno ke imame sansa:]
Од: ROMPLUS
Датум: 07.09.2009 15:38:27
Ако се станува Академски образован - Интелектуалец со само тоа да се биде запишан на дисперзирани студии од било кој факултет и ако со 1500 Евра годишно сите испити се положени., се лажат и родителите и студентите.Професорите - Предавач на сите дисперзирани студии а делумно и на други државни иприватни универзитети во најголем дел живеат во Скопје. Па на денот кога имаат предавања пример во Пробиштип или во Радовиш, професорите патуваат од Скопје, гледаат сто побргу да бидат видени таму на две на три ке кажат неколку збора и бегај за Скопје. Главно хонорарот е заработен.Студентите од такви предавања немаат ама баш ништо. Кај се библиотеки, институти , лаборатории и кабинети за вежбање, и многу друго сто студентот треба да го види и научи во текот на студирањето. Од овој модел на студии ке се офајдат само професорите, а студентите и родителите се губитници. Ве прашувам кој ке прими на работа дипл. правник кој завршил во Кочани. Никој,
Од: загрижен
Датум: 07.09.2009 22:34:58
Поентата е во насловот! Не може поради ,,уривање,, на ,,монополот,, на УКИМ да се однесува вака ,,работодавецот,, ! Подеднаков третман би било фер и исправно! Вака се прави направда! А за еден асистент по уставно уредување (право) во Кочани и јас знам: заврши средно(електро) во Кочани ,од Бугарија се врати со диплома од правен, со врски стана асистент, а пред студентите си признал на вежбите дека тешко му оди оти го познавал само уставното уредување на Бугарија! Порака: НЕ ги дирајте професорите оти уште тие ни останаа независни и имуни на партиски чистки.
Од: Marija Krsteva
Датум: 07.09.2009 23:31:18
Na 7.9.2009 vo "Utrinski vesnik", vo rubrikata "Mislenja" se pojavi natpis na Ana Pavlovska-Daneva, navodno napisan od profesor na Pravniot fakultet pri UKIM, vo koj se potcenuva otvoranjeto na novi univerziteti i disperzirani paralelki vo drugi gradovi (cii iminja ne moze da gi zapameti). Se prasuvam koja e pricinata da se potcenuvaat univerzitetite Kliment Ohridski i Goce Delcev? Mozebi namaleniot interes za upis na pravniot fakultet Justinijan Prvi? Vo vreme na ekonomska kriza, mene licno polesno mi e da se zapisam na disperzirani studii vo mojot grad ili nekoj poblizu od Skopje, namesto da plakam stan ili krevet vo studentski dom vo Skopje, a pritoa da imam i dopolnitelni trosoci za mesecen bilet za Javniot gradski prevoz, taksi, trosoci za hrana, knigi, ucebni pomagala. Sto e pomalku vredna Gevgelija od Skopje, ili Prilep, ili Vinica ili pak Veles? Novootvorenite paralelki i univerziteti, pocituvana profesorke od Praven fakultet vo Skopje pri UKIM, treba doprva da se promoviraat,