Број 3086  вторник, 15 септември 2009
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон

Site Meter
Култура

Ирена Ристиќ најдобар актер на фестивалот „Ристо Шишков“

За единствената награда за најдобро актерско остварување годинава беа номинирани пет актери

СТРУМИЦА - Единствената награда за најдобро актерско остварување на 17. издание на Фестивалот на камерен театар „Ристо Шишков“ заврши во рацете на Ирена Ристиќ, актерка во Драмски театар во Скопје. Наградата Ристиќ ја доби за улогата на Дора во претставата „Жената како воено поле“ од Матеј Висниек, а во режија на Владлен Александров. Во образложението на жири-комисијата стои дека Ирена Ристиќ во текот на целата претстава од почеток до крај со својот раскошен актерски талент со својата сценска експресија им го долови тој современ крик и бол преточен во креативен возвишен сценски и театарски чин, лик кој плени и воодушевува. Наградата што ја доби Ристиќ се состои од златен медалјон со ликот на Шишков и паричен износ од 1.500 евра.

„Мило ми е што мојот труд е препознаен и награден, меѓутоа, резултатот, улогата за која јас ја добив оваа прекрасна награда ’Ристо Шишков‘ е производ на една неверојатна соработка помеѓу мене и Билјана Драгичевиќ-Пројковска и Владлен Александров потпомогнати од целиот технички персонал на Драмскиот театар затоа што во тие два месеца колку што работевме навистина бевме како едно семејство. Покрај златниот медалјон со ликот на Шишков, убав е паричниот износ на наградата кој е мотив и мислам дека треба да биде многу поголема и посакувам за сите нас актерите тој износ да биде основицата на платата“, изјави Ристиќ по доделувањето на наградата.

За единствената награда за најдобро актерско остварување годинава беа номинирани пет актери. Според претседателот Мето Јовановски, жири-комисијата имала тешка и одговорна задача бидејќи за единствената награда на сцената во струмичкиот театар биле изведени прекрасни актерски остварувања од 70 актери од Македонија, Бугарија, Косово, Србија, Црна Гора и Турција.

„Навистина оваа година имавме прекрасни актерски остварувања, остварувања на млади актери што е голема радост толку многу млади актери со еден нов сензибилитет што носат нешто ново и го најавија новото време ако слободно можам да се изразам на европскиот театар во Македонија, но и во регионална смисла на зборот затоа што овде имаше претстави од Истанбул до Подгорица, значи Косово, Македонија, Бугарија и уште неколку други. Имаше различности, а во таа различност имаше убавина. Фестивалот изобилуваше со многу различни претстави, но од се' најважно е што навистина се појави млада генерација со толку многу посветеност кон професијата што за мене е навистина големо воодушевување и сега од тој така да кажам бран од голема бројка на луѓе актери со огромна посветеност и толку многу љубов и жар во професијата конечно ја одбравме Ирена Ристиќ во претставата од Драмски театар. Одлуката на жирито беше едногласна, а предвид ги зедовме и разговорите што од почеток до крај се водеа на тркалезната маса“, рече Мето Јовановски, претседател на жири-комисијата.

Во шесте фестивалски денови беа изведени вкупно 16 претстави. За најдобра според разговорите водени на фестивалската тркалезна маса е прогласена претставата „Ирк Битиг“ на Градскиот театар од Коцаели, Турција, а според публиката најдобра претстава изведена годинава на фестивалот е претставата „Последниот ден на Мисирков“ од Јордан Плевнеш во режија на Дејан Пројковски, а во продукција на театарот „Антон Панов“ од Струмица. (Е.П.)


#
Статијата е прочитана 286 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Култура
Ристо Давчевски
Кинетички скулптури во Отворено графичко студио
Кризна македонска музичка година
Конференција за децентрализација на културата
Александар Стефаноски ќе настапи во миланска Скала
Изложба на Тони Шулајковски во Виница