| Кинетички скулптури во Отворено графичко студио 
 „Пепертуум мобиле“ е првата изложба на кинетички скулптури во Македонија чиј автор е Дејан Спасовиќ, што ќе биде отворена вечерва, во 20 часот во Отворено графичко студио. На неа ќе бидат претставени „реди -мејд“ скулптури чиј појавен облик и состојба директно зависат од состојбата на набљудувачот. Скулптурите се проткаени со приказни и бледи сеќавања од човековото детство. 
  Во последните неколку години во фокусот на интерес на Спасовиќ кој дипломирал вајарство на Факултетот за ликовни уметности во Скопје, се аудиовизуелните информации и интерактивните перформанси и скулптури. Член е и на неколку музички групи. (К.Б.)   |