ТЕТОВО - Абди Бекири (46) од тетовско Горно Седларце бил пронајден мртов во подрумот од куќата на неговиот татко. Трупот на Бекири завчера го пронашла неговата сопруга. Според информации од канцеларијата за односи со јавноста на СВР-Тетово, на самото место биле пронајдени два скалпела. Едниот скалпел со траги од крв се наоѓал во рацете на Абди, а другиот бил покрај неговите нозе. При увидот на екипата составена од истражен судија, јавен обвинител и полициска екипа, кај мртвиот маж биле констатирани повеќе рани по рацете, нозете и на вратот. Врз телото на Абди Бекири извршена е обдукција. Според првичните сознанија, најверојатно станува збор за самоубиство. Во тетовскиот крај, во првите месеци од оваа година, се регистрирани три самоубиства и шест обиди за самоубиство. (Г.Е.)