ТЕТОВО - Бистата на првоборецот Симче Настовски од тетовското село Вратница е украдена од непознати арамии. Според СВР-Тетово, бистата била откорната од постаментот и однесена во непознат правец. Стојче Крстевски, претседател на МЗ „Вратница“, вели дека бистата била изработена во бронза и 40 години се наоѓала во дворот на училиштето во селото, што го носи името на својот соселанец и првоборец од овој крај. Според Крстевски, поради високата цена на материјалот од кој е изработена, бистата веројатно ќе заврши во некое откупно претпријатија за отпад. Полицијата е во потрага по непознатите извршители. (Г.Е.)