Број 3261  понеделник, 19 април 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Економија
Хроника
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Site Meter
Хроника

Притвор за момчето што направи драма во АМСМ

Земри Рамадани (21) во заложништво држеше триесетина лица, бидејќи паднал на возачки испит

Дваесет и едногодишниот скопјанец Земри Рамадани, кој во саботата во заложништво држеше триесетина луѓе, бидејќи паднал на возачки испит, ќе одговара за загрозување со опасно орудие при тепачка или караница, како и за недозволено изработување, држење и тргување со оружје, соопшти полицијата. Рамадани вчера околу пладне беше однесен на распит кај истражен судија во Основниот суд Скопје 1, кој му одреди едномесечен притвор. Во МВР информираат дека скопјанецот и порано бил пријавуван за слични дела од областа на насилниот криминал.

Драмата што можеше да заврши трагично се случи во саботата, околу 13,30 часот, во центарот на Скопје, поточно во просториите на АМСМ каде што е сместена Комисијата за полагање возачки испити. Откако Рамадани паднал на испитот за возачка дозвола, излегол од просториите и набргу се вратил со црна пластична папка. Од неа извадил автоматска пушка и ја вперил кон претседателот и другите членови на испитната комисија, велат од полицијата.

Половина час во заложништво држел триесетина луѓе што се наоѓале во просториите на АМСМ, заканувајќи се дека со калашниковот „сите ќе ги убие“. Неуспешни биле обидите да го смират, уверувајќи го дека наредниот пат ќе положи. Додека траело разубедувањето, еден од членовите на комисијата успеал да ја извести полицијата, по што „алфите“ го уапсија нервозниот скопјанец. (Г.А.)


#
Статијата е прочитана 1151 пати.

Испрати коментар

Од: Dark Avenger
Датум: 19.04.2010 05:06:54
Tipicna Albanska "demokratija"
Од: pavle ALIMASKA,prilep
Датум: 19.04.2010 07:57:12
уште еднаш се повтори вистината дека голем дел од Албанската популација е недорасната да ги почитува основните норми и критериуми кои владеат во едно цивилизирано општество
Од: silvester Sidnej
Датум: 19.04.2010 09:37:50
Vperen avtomat vrz sluzbeni lica.?...Llikvidiranje od Policijata bez pardon. Ova bi sledelo vo demokratskata USA.
Од: ФЕЛИКС
Датум: 19.04.2010 09:57:00
Уште еден светол пример на транспарентни меѓуетнички односи.Сваќањето за исполнување ,,музички,, желби на истормозената албанска популација.Човекот сака ,,двојка,, по наставен предмет наставникот го тормози оти бара знаење и нормална реакција ладно оружје на сцена.Сега сака возачка дозвола оти предходно возел без неа и сака легализација,комисиата безобразно бара знаење и нормално ,,ватрено,, оружје.Е сега нормално нема повторно коментирање како за фамозната коцка од плошадот на ЕУ преставникот.,ептен ситно за коментирање.
Од: Ајван Доктор®
Датум: 19.04.2010 11:58:42
На времето, при здравствен преглед,кандидатите ги носеа кај Психијатар!Дали во здравствената потврда на овој Психолабилен кандидат е внесено позитивното психијатриско мислење од соодветен лекар специјалист?!Кутриот,наместо да извади новчаник со девизи,како што тоа го прават поголемиот број Неспособни за возење кандидати,тој извадил Автоматска пушка! ;) Абе, бато,па кој ќе ти напише после дека си го положил испитот,ако ја убиеш комисијата? :) Их,Сешто шета низ Македонијава!
Од: Goran
Датум: 19.04.2010 14:09:09
Vo tetovo za 800 evra dozvola se zema i nikomu nisto isto vo amsm.

Најди! во Утрински
Хроника
Жител на Глумово загина во сообраќајка во Бугарија
Вардар се враќа во коритото, водите останаа во куќите
Се самоубил со скалпел
Машки труп пронајден во Вардар
Ограбени казино и обложувалница
Украдена биста на првоборец во Вратница