Телото на 55-годишниот скопјанец Киро С. завчеравечер било пронајдено во водите на Вардар кај мостот „Близнак“ во скопската населба Аеродром. Случаен минувач го забележал трупот во реката, по што ја алармирал полицијата. Набргу телото било извадено од Вардар и била извршена идентификација. Како што известуваат од полицијата, на телото на скопјанецот не биле забележани траги од насилство. Допрва ќе се утврдува како починал 55-годишниот маж. Од МВР велат дека Киро С. не бил пријавен за исчезнат. (Г.А.)