Број 3408  сабота, 16 октомври 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон
Стил








Site Meter
3408

Од македонскиот ориз, само третина за Македонците

Кај нас малку се јаде ориз – по два килограма на
годишно ниво

Иван Бојаџиски



КОЧАНИ - Во Македонија годишно се трошат околу 4.500 тони ориз. На домашниот пазар се пласира само една третина од домашното производство, другото се извозува, главно, во Србија, а помал дел во Косово.

Жетвата на ориз во Кочанската Котлина почна викендов. На Ирена Постолова, годинашнава убавица на оризот, и' припадна честа да го изведе првиот откос на традиционален начин, со срп. Церемонијата на која присуствуваа и министерот за земјоделство, Љупчо Димов, и кочанскиот градоначалник Ратко Димитровски се одржа на нивите во атарот на селото Грдовци.

Оризот во Македонија се одгледува во источниот дел. Ако на времето под ориз во Кочанско, Виничко и во Штипско имало и над 8.000 хектари ориз, годинава белото злато ќе се жнее на само 3.700 хектари. Стручњаците очекуваат род од 24.000 тони оризова арпа, односно 12.000 ��они бел ориз. Според сегашните најави, арпата ќе се откупува по 18 денари, а белиот ориз по 36 денари за килограм. Бидејќи и лани производителите на ориз се жалеа на неконтролираниот увоз, министерот Димовски од престолнината на оваа житна култура најави ригорозни мерки за увозниците.

„Секој трговец за еден килограм увезен ориз ќе мора да откупи четири килограми од домашното производство“, ги успокојуваше министерот Димовски кочанските оризопроизводители.

Борче Јованов, сопственик на фабрика за преработка на оризова арпа во селото Чешиново, вели дека мора да се заштити домашното производство.

Факт е дека граѓаните кај нас малку јадат ориз – по два килограма на годишно ниво. И поради тој факт нашето национално бело злато мора да си го бара патот до странските пазари. Јованов потенцира дека минатата година добро поминале со пласманот на оризот и се надева дека и оваа година нема да има проблеми од таква природа.

Во намера и со идеја својот култен производ повеќе да го доближи до купувачите, Општина Кочани и годинава ја реализира манифестацијата „Денови на оризот“. „Со многу содржини во кои главен елемент е оризот, правиме обид нашиот стратегиски земјоделски производ да го доближиме до поголем број купувачи од земјата и од странство. Фактот дека годинава имавме многу гости од Хрватска, Србија, Турција и од нашата држава говори дека интересот за манифестацијата, а преку неа и за оризот е во нагорна линија“, вели кочанскиот градоначалник Ратко Димитровски.

Инаку, жетвата на оризот се очекува да заврши до средината на идниот месец, но под услов временските прилики да го дозволат тоа.


#
Статијата е прочитана 644 пати.

Испрати коментар

Од: :-)
Датум: 12.10.2010 13:21:16
Kočanski oriz - najvkusen od site! Koj vo MK kupuva oriz od uvoz - neznae, što e ubavo. Pozdrav i sreka vo rabota do site zemjodelci - proizvoditeli na orizot vo MK ... i do site drugi, da ne ve delam - neka vi odi što najdobro!

Најди! во Утрински
Македонска верзија
ЕДИТОРИЈАЛ
Соња Крамарска
Македонски Состојби
Манчо Митевски
Мислења
Филип Петровски
Мислења
Џозеф С. Нај
Отворањето на „Браќа Манаки“ во знакот на „Мајки“

Олово и во играчките од светски фирми

Кејт Мос
Тајно се венча во август на Сицилија






Analysts critical of Hungary's extra taxes
New Dutch government to take tough stance on Serbian accession
EU and US have 'converging' views on Kosovo and Serbia