Јувентус потпишал со Џеко!
Италијанскиот весник „Кориере дело Спорт“ тврди дека Јувентус го осигурал трансферот на репрентативецот на БиХ, Един Џеко, од Волфсбург. Според таа приказна, сарајлијата наредната година во јуни стигнува во Торино.
Станува збор за комплициран трансфер на 24 годишниот играч, за кого се заинтересирани и Манчестер Ј, Сити, Челзи, вреден 30 милиони евра. Весникот го споменува и трансферот во обратен правец на бразилскиот плејмејкер Диего што се случи минатото лето. Тој трансфер беше вреден 20 милиони евра.
Но, Јувентус плати само 10 милиони. Со тоа за време на разговорите за трансферот на Џеко, тренерот на Волфсбург Стив Мекларен го побара од Јувентус репрезентативецот на Мали Мохамед Сисоко, кој и онака не е во плановите на „старата дама“. Вредноста на Сисоко двата клуба ја проценија на 10 милиони евра, а Јувентус ќе му плати на Волфсбург уште 10 милиони отштета наредното лето, кога ќе се пресели Џеко.
Значи 10 милиони евра што Јуве му ги доли на Волфсбург за Диего, плус 10 милиони колку што вреди Сисоко, плус 10 милиони во пари, ја чинат вкупната сума од 30 милиони. |