Број 3400  среда, 06 октомври 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Вести








Site Meter
Спорт

Флеш-вести

Крањчар на излезните врати на Тотенхем

Според, наводите на англиските медиуми хрватскиот репрезентативец Нико Крањчар не е задоволен во Тотенхем и прашање е на време кога ќе си замине. Во седумте премиерлигашки кола Крањчар само настапи на два меча. „Нико нема среќа. Работи фантастично на тренинзите, но со Герет Бејл на левото крило, што да се прави? Знам дека му е тешко. Тој е одлично момче и добар играч“, вели тренерот Хари Реднап.

Во редот за Крањчар стојат Монако и два неименувани премиерлигашки клуба.

Премиер лига
Спречена тепачка меѓу Манчини и Тевез


На полувремето од неделниот натпревар меѓу Манчестер Сити и Њукасл во соблекувалната на „граѓаните“ се случувала вистинска драма. Главни актери биле тренерот Роберто Манчини и капитенот Карлос Тевез, пишува „Дејли мејл“.

Наводно, вербалниот судир за малку ќе ескалирал во физичка пресметка, но тоа го спречиле останатите играчи.

Манчини на полувремето со силен тон им посочил на своите фудбалери дека не играат како што тој замислил, на што Тевез кажал дека тактиката е поставена предефанзивно.

Потоа Манчини ја опцул неговата мајка, сакајќи да го искаже својот авторитет. Аргентинскиот репрезентативец, пак, во налет на бес се внел во лицето на Манчини.

По кавгата, Манчини се откажал од давањето совети на своите играчи и излегол од соблекувалната. На крајот, сепак, се' испадна добро за домаќините кои победија со 2:1.

Инаку, Манчини го повлече Тевез од игра во 86 минута, а при излегувањето си подадоа рака. „Воената секира“ веројатно е закопана...

Ѕвезди

Брајант ја обожава Премиер-лигата


Најдобриот кошаркар на денешницата, членот на Л.А. Лејкерс, Коби Брајант, е голем обожавач на фудбалот, но никогаш пред неделниот меч меѓу Челзи и Арсенал немал шанса да гледа некој меч од Премиер-лигата во живо.

Познато е дека Брајант, кој турнејата на својот тим во Лондон ја искористи и за фудбал, навива за Барселона и Меси.

„Како дете пораснав во Италија и постојано висев на мечевите од Серија А. Но, мојот сон беше да гледам меч од Премиер-лигата, ама мајка ми не ми даваше. „Не, нема да одиш“, ми велеше таа. Така и беше. И, ете, по 20 години, конечно ми се оствари сонот да гледам меч од Премиер-лигата, беше извонредно“, вели Брајант, кој по мечот Челзи - Арсенал се спушти во соблекувалната и разговараше со играчите. Негов фаворит во Англија е Дидие Дрогба.






#
Статијата е прочитана 709 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Спорт
Червар селектор ако се најдат пари
Пандев не се повлекува, бара поддршка од навивачите
Најдобар во светот, а никој не го бара
Србија рутински ја мина Аргентина
Брајант без кош во поразот од Минесота
Јувентус потпишал со Џеко!
Заубер потпиша со Перез за 2011






Roma missing out on vital European funds in Romania
Talks with Serbia on hold as Kosovo government collapses
Mladic arrest 'essential' says EP draft resolution on Serbia