Број 3400  среда, 06 октомври 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Вести








Site Meter
Спорт

Најдобар во светот, а никој не го бара

Форлан, и покрај „златната топка“ на СП во ЈАР, се' уште чека добра понуда за да замине од Атлетико

Херојот на Уругвај на Светското фудбалско првенство, Диего Форлан, би можел да си замине од Атлетико Мадрид ако добие вистинска понуда, но неговите голгетерски способности никако да привлечат примамлива понуда, вели тој. Сега 31-годишниот Форлан се пробиваше од Уругвај преку Аргентина до Манчестер јунајтед во Англија, а од таму во шпанските Вилјареал и Атлетико, постепено градејќи ја својата репутација на еден од најопасните напаѓачи во светот. Тој ја освои својата втора „златна копачка“ во Европа за постигнатите 32 гола во сезоната 2008/2009 во шпанската Ла Лига, го одведе Атлетико до победата над Фулам во финалето на Лига Европа минатиот мај и беше прогласен за најдобар играч на мундијалот во Јужна Африка. Надраснувањето на средината, надополнето со неуспехот на Атлетико да се квалификува за Лигата на шампионите, ги зголемија шпекулациите дека клубот тешко ќе го задржи својот водечки стрелец.

„Тоа се само написи во весниците. До овој момент не сум добил никаква понуда“, одговори Форлан на теренот за тренинг на Атлетико на прашањето дали се точни гласиштата за понуди. „Ако добиеш понуда, тогаш ќе можеш да решиш дали сакаш да си одиш или сакаш да останеш. Ако добијам добра понуда и ако имам шанса да заминам, тогаш ќе го сторам тоа. Како што секогаш сум велел, дојдов тука во Европа, ги оставив мојот дом и сите блиски, па не сум врзан за тим. Ја разгледувате најдобрата понуда што ја имате и, ако имате шанса, тоа е добро, а добро е и за тимот исто така. Не гледам на тоа како на нешто лошо. Весниците пишуваат нешта, но во моментов сум тука, имам договор со клубот и нема што друго да се каже“.

Очигледниот недостиг од интерес за Форлан е добра вест за Атлетико Мадрид, кој се обидува да го подобри ланскиот успех со освојување на едно од првите четири места на табелата, но тоа е изненадување ако се има предвид импресивниот број погодоци на Уругваецот. Иако тој се мачеше кога се пресели од аргентински Индепендиенте во Манчестер во јануари 2002, се созеде кога премина во Вилјареал во 2004. Во својата прва сезона во Шпанија постигна 25 првенствени голови, кои му ја донесоа првата европска „златна копачка“ заедно со Тиери Анри, а кога дојде во Атлетико три години подоцна како замена за Фернандо Торес го повтори тоа постигнување во 2009. Двата гола во финалето на лига Европа против Фулам му ја донесоа првата европска титула на Атлетико по 48 години, а потоа беше прецизен пет пати за Уругвај, помагајќи и' на татковината да стигне до полуфиналето на СП.

Иако се смета дека потфрли за време на својот престој во Англија, кога мораше да чека осум месеци за да го постигне својот прв гол за Манчестер и најчесто седеше на клупата, Форлан не го отфрла евентуалното враќање во Премиер-лигата.

„Сите кажуваат нешто во стилот дека не би сакал да се вратам“, вели тој. „Времето што го поминав во Англија беше супер, уживав во престојот и, ако ми се укаже шанса да се вратам, би бил навистина среќен“.


#
Статијата е прочитана 1260 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Спорт
Червар селектор ако се најдат пари
Пандев не се повлекува, бара поддршка од навивачите
Србија рутински ја мина Аргентина
Брајант без кош во поразот од Минесота
Јувентус потпишал со Џеко!
Заубер потпиша со Перез за 2011
Крањчар на излезните врати на Тотенхем






Another French general takes over as head of Eulex
EU officials and Brammertz clash over Serbia
Fear of toxic sludge spread after Hungary catastrophe