Број 3420  понеделник, 01 ноември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон
Вести








Site Meter
Спорт

Вести

Го навредуваа Руни, па на полувреме си замина

Вејн Руни прв пат се појави на „Олд Трафорд“ за време на мечот против Тотенхем по секс аферата и преговорите за продолжување на договорот. Го дочекаа бројни свирежи на незадоволните навивачи. Тој го одгледа само првото полувреме и си замина.

Очигледно навивачите не може да му простат што јавно кажа дека сака да си замине од Манчестер Ј., за по неколку дена да стане најскап фудбалер во Англија. Медиумите се обидоа да контактираат со Манчестер како би дознале зошто Руни не беше на трибините во вториот дел, но не добија одговор.


Барса подготвува 33 милиони фунти за МодриЌ


Играчот од средниот ред на Тотенхем. Лука Модриќ, е на мета на Барселона! Според пишувањата на „Дејли Мејл“ каталонскиот гигант се откажал од намерата да го ангажира Цеск Фабрегас и вниманието го завртел кон хрватскиот репрезентативец за кого е подготвен да издвои 33 милиони фунти, што е двојно повеќе од сумата која Тотенхем му ја плати на Динамо Загреб во 2008 година.

„Во Барселона веруваат дека Арсен Венгер е во право кога вели дека Фабрегас уште долго ќе остане во Лондон“, пишува весникот.


Дел ПЈеро го урна Милан и влезе во клупската историЈа


Во големото дерби меѓу Милан и Јувентус, кое го добија гостите со 2:1 најголеми причини за славење имаше Алесандро дел Пјеро, кој стана најдобар стрелец во клупската историја. Тој го предводеше Јуве до важната победа. Торинезите дојдоа на „Сан Сиро“ без Јакинта и Красиќ, но кога го имаат 35 годишниот ветеран за нив нема зима. Јуве поведе во 24 минута со голот на Кваљарела, а шансите потоа се редеа на двете страни се додека на сцена не се појави живата легенда. Дел Пјеро во 69 минута зголеми на 2:0, што беше негов рекорден 179 погодок за црно-белите. Дотогаш беше израмнет со 82 годишниот Џампјеро Бониперти. „Тоа е убава бројка, но мене ме загрижува што може последен пат истрчав на „Сан Сиро“. Рекордот е одлична работа, но станува тешко околу вашето срце кога сфаќате дека се ближи крајот на кариерата. Во моментов сум полн со сила. Имам волја и за тренинг“, ја отвори душата Дел Пјеро.

Единствениот гол за Милан го постигна Ибрахимовиќ во 88 минута.



Тоти се трансформира во тепаЧ



Рома со победата над Лече од 2:0 им донесе мала радост на своите навивачи. Но, црна дамка на триумфот со своето однесување фрли капитенот на Рома Франческо Тоти. Имено, при славењето на вториот гол за Рома Тоти се судри со Оливера, по што судијата им покажа црвен картон и на двајцата. Тоа Тоти не можеше да го поднесе. Најпрвин сакаше физички да го нападне главниот судија, но соиграчите некако успеаја да го задржат. Потоа при излегувањето од теренот се стрча кон тунелот за да му каже „два три збора“ на четвртиот судија, но и тука го спречуваа клупските работници. За тоа време претседателката на Рома, Розела Сенси, не ги тргна рацете од своето лице. Се гледаа само нејзините ококорени очи, кои кажаа се'. И таа најмалку од капитенот очекуваше таков театар.


#
Статијата е прочитана 1215 пати.

Испрати коментар

Од: александар
Датум: 01.11.2010 12:22:21
Препишувате и препишувате од хрватскиот ногометни магазин има и други спортски сајтови по светот

Најди! во Утрински
Спорт
Три медали за Македонија
Њу Орлеанс, Портланд и Атланта стоотстотни
Вардар чекори кон Втора лига
И Баер (Л) ја растажи публиката во Гелзенкирхен
Тотенхем пак падна на „Олд Трафорд“, бизарен гол на Нани
Арсовски и' го донесе првиот медал на Македонија од СП
Тешка победа на МЗТ Скопје во Куманово
Нови победи на Реал и на Барса






No-confidence vote in Kosovo government leads to snap elections
Serbian president on historic visit to Croatia
Bulgaria least competitive country in the EU