Број 3420  понеделник, 01 ноември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон
Вести








Site Meter
Спорт

И Баер (Л) ја растажи публиката во Гелзенкирхен

Шалке 04 загуби со 1:0 и не успеа да прослави победа ниту во петтиот меч на домашен терен во Бундеслигата оваа сезона

Фудбалерите на Шалке 04 не успеаја да прослават победа ниту во петтиот меч на домашен терен во Бундеслигата оваа сезона. Публиката во Гелзенкирхен овојпат ја растажи тимот на Баер Леверкузен на кој еден гол му беше доволен за три бода. Составот на Феликс и натаму останува со шест бода и на претпоследното место на табелата во период повеќе исполнет со лоши отколку со добри изданија иако во летниот период беа потрошени многу пари за засилувања. Стрелец на единствениот погодок на „Фелтинс арена“ беше Сидни Сем во 65 минута. Продолжението на натпреварот донесе уште неколку добри прилики за погодок на обете страни, но резултатот остана непроменет до последниот судиски свиреж.

Словенечкиот интернационалец Миливое Новаковиќ како едвај да го чекаше заминувањето на Звонимир Солдо од клупата на Келн за да покаже дека неправедно ја грееше клупата додека на нејзиниот чело беше хрватскиот тренерски стручњак. Келн славеше над Хамбургер со 3:2, сите три гола за домашната екипа беа дело на Новаковиќ (10, 29 и 84 минута) кој на најдобар начин му се заблагодари за довербата на привремениот кормилар, Франк Шафер, Петриќ и Сон поентираа за Хамбургер.

„Шафер е човек што има доверба во мене, но и во целата екипа. Затоа мора да му бидам благодарен. Со него остваривме две победи за кус период и тоа доволно зборува за нашиот колектив. Сметаме дека тој треба да остане на клупата како тренер“, рече по мечот Новаковиќ.

Десетиот бундеслигашки викенд мина без нерешени резултати. Покрај Баер Леверкузен и Келн, победи остварија уште Кајзерслаутерн над Борусија Менхенгладбах со 3:0, Волфсбург над Штутгарт со 2:0, Ајнтрахт Франкфурт против Сент Паули со 3:1, Нирнберг кај Вердер со 3:2 и Баерн Минхен против Фрајбург со 4:2.

Бундеслига, 10. коло



Резултати: Шалке 04 - Баер Леверкузен 0:1, Сент Паули - Ајнтрахт Франкфурт 1:3, Кајзерслаутерн - Борусија Менхенгладбах 3:0, Келн - Хамбургер 3:2, Волфсбург - Штутгарт 2:0, Вердер - Нирнберг 2:3, Баерн Минхен - Фрајбург 4:2. Вчера играа: Мајнц 05 - Борусија Дортмунд, Хофенхајм - Хановер 96.

Табела: Мајнц 05 24 (-1), Борусија Дортмунд 22 (-1), Баер Леверкузен 18, Ајнтрахт Франкфурт 16, Хановер 96 16 (-1), Хофенхајм 15 (-1), Баерн Минхен 15, Хамбургер 15, Нирнберг 15, Фрајбург 15, Вердер 14, Волфсбург 13, Сент Паули 13, Кајзерслаутерн 10, Келн 8, Штутгарт 7, Шалке 04 6, Борусија Менхнегладбах 6.


#
Статијата е прочитана 478 пати.

Испрати коментар

Од: Dude
Датум: 01.11.2010 23:38:48
Tabelata ne vi stima!1Dortmunt 2Meinz 3Hofenheim i.t.n.

Најди! во Утрински
Спорт
Три медали за Македонија
Њу Орлеанс, Портланд и Атланта стоотстотни
Вардар чекори кон Втора лига
Тотенхем пак падна на „Олд Трафорд“, бизарен гол на Нани
Го навредуваа Руни, па на полувреме си замина
Арсовски и' го донесе првиот медал на Македонија од СП
Тешка победа на МЗТ Скопје во Куманово
Нови победи на Реал и на Барса






No-confidence vote in Kosovo government leads to snap elections
Serbian president on historic visit to Croatia
Bulgaria least competitive country in the EU