Број 3420  понеделник, 01 ноември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон
Вести








Site Meter
Спорт

Три медали за Македонија

На Светското првенство во Австрија кугларите на Македонија освоија еден сребрен и два бронзени медала

Миодраг Мицковиќ



Македонските куглари постигнаа голем успех на штотуку завршеното Светско првенство во австрискиот град Ризинг. Се враќаат со три освоени медала, сребрен и два бронзени што е навистина голем успех, над очекувањата. Како што веќе напишавме, првиот медал, сребрен, го освои тандемот Дамир Фучкар и Леонарда Мајер, додека двете бронзени медали му припаднаа на нашиот најмлад претставник Бранко Манев, кој во текот на оваа година стана светски јуниорски првак. Одличната годишна сезона ја потврди и на Сениорското светско првенство освојувајќи два бронзени медала, во спринт и во комбинација. Пред него во комбинација се светскиот рекордер Србинот Вилмош Заварко и Унгарецот Немеш.

До бронзен медал во спринт Бранко Манев стигна најпрвин со победите против Киш (Унгарија), Грубер (Австрија), Иксар (Естонија), а во полуфиналето загуби од Немеш (Унгарија).

Во спринт настапи и Костадин Манев, инаку чичкото на Бранко и двете наши кугларки Леонарда Мајер и Данче Гиевска.

К. Манев добро стартуваше, го победи во првото коло Чехот Јирошек, но потоа „заглави“ и загуби од Тепша (Србија). Мајер и Гиевска беа елиминирани уште на стартот. Мајер загуби од Франк (Австрија), а Гиевска беше поразена во мечот со Барач (Србија).


#
Статијата е прочитана 457 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Спорт
Њу Орлеанс, Портланд и Атланта стоотстотни
Вардар чекори кон Втора лига
И Баер (Л) ја растажи публиката во Гелзенкирхен
Тотенхем пак падна на „Олд Трафорд“, бизарен гол на Нани
Го навредуваа Руни, па на полувреме си замина
Арсовски и' го донесе првиот медал на Македонија од СП
Тешка победа на МЗТ Скопје во Куманово
Нови победи на Реал и на Барса






No-confidence vote in Kosovo government leads to snap elections
Serbian president on historic visit to Croatia
Bulgaria least competitive country in the EU