Број 3401  четврток, 07 октомври 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Вести








Site Meter
Спорт

Србија прв полуфиналист на СП

Српските одбојкарски репрезентативци се први полуфиналисти на Светското првенство во Италија. Во Фиренца ја совладаа и селекцијата на Русија со 3:1 и со две победи го обезбедија првото место во групата П во третата мундијалска фаза. За најдобриот одбојкарски состав на Србија ова е четврти пласман во полуфинале на едно СП во кое ќе игра со подобриот од дуелот меѓу Куба и Бугарија. Со Бугарите и Кубанците во групата играше и Шпанија, но со два пораза „фуријата“ ги заврши настапите во Ку конкуренцијата.

Во групата Р, Германија ја совлада Чешка со 3:0. За Чесите ова е втор пораз по кој останаа без полуфинале, а во големата четворка од оваа група ќе се најде победникот од средбата меѓу Германците и Бразилците.

На чекор до пласман во полуфинале е и домашниот состав на Италија. Во рамки на групата О „азурите“ ја поразија репрезентацијата на САД со 3:1 и во последното коло ќе играат против Франција.

Резултати од мечевите во третата фаза на Светското одбојкарско првенство за мажи во Италија:

Група О: САД - Италија 1:3 (25:14, 23:25, 26:28, 22:25)

Група П: Русија - Србија 1:3 (26:28, 25:16, 21:25, 25:27)

Група К: Куба - Шпанија 3:1 (25:22, 15:25, 25:22, 25:22)

Група Р: Германија - Чешка 3:0 (25:23, 25:18, 25:13)


#
Статијата е прочитана 380 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Спорт
Пандев со СМС-пораки ги бодри соиграчите во Ла Вела
Фудбалските судии со длабоки џебови
Ливерпул, конечно, доби нов сопственик
Бен Арфа
Надал
Австралија опен 2011 со рекорден фонд
Кака на чекор до Интер






Analysts critical of Hungary's extra taxes
New Dutch government to take tough stance on Serbian accession
EU and US have 'converging' views on Kosovo and Serbia