Кака на чекор до Интер
Кака во Интер? Глупости, нема врска со вистината, кажа пред 13 дена извршниот претседател на европскиот првак, Ернесто Паолило. Ситуацијата денес, наводно, е потполно поинаква. Бразилецот кој има проблеми со повреди е се' подалеку од визијата на Мурињо во Реал.
Секако, на челниците на „кралскиот клуб“ не им се допаѓа така лесно да се откажат од 70 милиони евра, колку што вложија во него, па сега се подготвени да го дадат на заем. Првата опција е Интер, кој го сака на шесмесечен заем со право на откуп на договорот за 25 милиони евра. Нешто слично посакува и Милан, тимот од каде што Кака замина во Рел. Сепак, во дуелот со Интер, Милан нема големи шанси. Главната причина е Жозе Мурињо. Португалецот, наводно, во оваа приказна одлучил да му помогне на својот бивш претседател Масимо Морати и да се откаже од Кака во името на „својот“ Интер.
„Кориера дело спорт“, пак, пишува дека Масимо Морати ќе му даде на Бенитез 100 милиони евра за зимски засилувања. Покрај Кака на листата на желби на Интер се и Швајнштајгер, Паласио од Џенова, како и Асамоа од Удинезе. |