Број 3401  четврток, 07 октомври 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Вести








Site Meter
Спорт

Ливерпул, конечно, доби нов сопственик

Славниот англиски клуб, конечно, доби нов газда. Конечно, „Енфилд роуд“ го напуштаат Том Хикс и Џорџ Џилет. Имено, претседателот на извршниот одбор на Ливерпул, Мартин Броутон потврди дека „црвените“ ја прифатиле понудата од компанијата „Њу Ингланд спортс вентчр (НЕСВ)“.

Тоа е компанија која е сопственик на безбол-екипата од МЛБ-лигата, Бостон Ред Сокс, како и поседувач на 80 отсто од акциите од НАСКАР тимот Руш Фенвеј Рејсинг, како и регионалната кабелска телевизија Њу Ингланд спортс нетворк.

Ливерпул вчера рано изутрина на својата Интернет-страница објави дека добил две понуди за купување на клубот, едната од споменатата компанија и втората од неименувана компанија од Азија, а двете се еднакво тешки - околу 300 милиони фунти. Одлуката паднала на НЕСВ. „Се сретнавме со луѓето во Бостон, Лондон и во Ливерпул. Останавме импресионирани од нивната визија за клубот. Ќе ги намират долговите и ќе можеме да се сконцентрираме на вложувањата во тимот. Тие својата победничка филозофија ја демонстрираа и со Бостон Ред Сокс“, потенцира Броутон.

Англичаните во страв, Мекларен може да се врати

„Би било неправедно од нас да отпишеме кого било, па и Стив Мекларен“, ги шокираше навивачите Тревор Брукинг, еден од главните фаци во Фудбалска��а федерација на Англија, кога станува збор за наследникот на Фабио Капело. Имено, Италијанецот најави дека за две години, кога му истекува договорот ќе си замине, па веќе почна потрагата по нов селектор. „Ако продолжи Стив да реди успеси со клубовите што ги води неговото име пак ќе фигурира на кандидатската листа“, отворен е Брукинг.

Ф.А најави дека по Италијанецот репрезентацијата мора да ја презеде Англичанец, а еден од најдобрите, барем според Ф.А, е Мекларен.

Истиот селектор, кој во 2007 година беше избркан поради катастрофално лошите резултати (не успеа да се пласира на ЕП 2008), потоа го презеде Твенте со кого го освои шампионатот на Холандија, а моментно е на чело на клупата на Волфсбург.

„Искуството во Европа му дава голема предност, а токму тоа му недостасуваше минатиот пат. Новиот селектор мора да биде Англичанец“, потврди Брукинг. Останати кандидати се Реднап, Алардајс и Хоџсон.


#
Статијата е прочитана 526 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Спорт
Пандев со СМС-пораки ги бодри соиграчите во Ла Вела
Фудбалските судии со длабоки џебови
Бен Арфа
Надал
Србија прв полуфиналист на СП
Австралија опен 2011 со рекорден фонд
Кака на чекор до Интер






Roma missing out on vital European funds in Romania
Talks with Serbia on hold as Kosovo government collapses
Mladic arrest 'essential' says EP draft resolution on Serbia