Број 3401  четврток, 07 октомври 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Вести








Site Meter
Спорт

Бен Арфа: ќе се вратам

Хатем Бен Арфа, играчот од средниот ред на Њукасл, порача пред операцијата на скршената нога дека е убеден во враќање. Арфа, кој е на зајмување во Њукасл од Марсеј, и покрај стравичниот старт на крвникот на Манчестер Сити, Најџел де Јонг, не очајува: „Ќе работам напорно за да заиграм повторно во црно-белиот дрес. Патот ќе биде долг, но морам да останам позитивен“, вели Арфа.

Во меѓувреме, Де Јонг остана без повик во репрезентацијата на Холандија, а фактот дека за стартот не доби ниту жолт картон го коментираше и францускиот репрезентативец Самир Насри: „Бев згрозен од судењето. Кога го гледам Хатем како со кислород го носат на носилки, а судијата не му дава ниту жолт картон... тоа е нешто што итно мора да се смени во Англија. Секогаш имало физички удари и секогаш ќе ги има. Но, дали играчите се доволно заштитени? Мислам дека не“, вели напаѓачот на Арсенал.

Тоти: Ако Јас сум проблем во Рома, ќе си заминам

Капитенот на Рома, Франческо Тоти, е подготвен да се жртвува за доброто на тимот. Тој во својата колумна во „Кориера дело спорт“ се осврна на разочарувачкиот старт на Рома и односот на челниците на тимот, кои како да заборавиле што се' направил за клубот и колку пати одбивал понуди за да остане таму каде што му е срцето.

„Оние што имаат моќ во Рома да одлучуваат што е добро, а што не за тимот, нека ми кажат јасно и гласно в лице ако сум јас проблем. Тогаш сам ќе одлучам што ќе правам. Никогаш не сум покажувал непочитување кон никого во Рома. Секогаш сум бил близок со тренерите и градевме заемна доверба. Јас сум капитен и сакам да кажам дека не сакам да бидам камен на сопнување. Сигурен сум дека ако се обединиме за кратко време можеме да излеземе од кризата“, напиша Тоти во колумната.

Пепе ги почна преговорите со Барса

Агентите на членот на Реал, Пепе, воспоставија контакт со Барселона за евентуалниот трансфер во зимскиот преоден рок. Пепе е меѓу најслабо платените фудбалери во Реал и по минатогодишната повреда речиси никој во тимот не смета на него.

Поради тоа, Пепе призна дека сака да си замине, но навивачите сигурно не очекуваа дека тоа значи трансфер во Барса, која сето ова ќе го разгледа, бидејќи Карлеос Пујол е во залезот на кариерата, а на Габриел Милито договорот му истекува во јуни наредната година.


#
Статијата е прочитана 487 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Спорт
Пандев со СМС-пораки ги бодри соиграчите во Ла Вела
Фудбалските судии со длабоки џебови
Ливерпул, конечно, доби нов сопственик
Надал
Србија прв полуфиналист на СП
Австралија опен 2011 со рекорден фонд
Кака на чекор до Интер






Roma missing out on vital European funds in Romania
Talks with Serbia on hold as Kosovo government collapses
Mladic arrest 'essential' says EP draft resolution on Serbia