Број 3443  сабота, 27 ноември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Стил








Site Meter
3443

Нема куп пари, ама може да се продава приказната за Алшар

Во рудникот има ретки минерали, но тие немаат вредност во милиони евра

Сања Наумовска



Алшар не крие никаква мистерија, ниту, пак, огромни богатства, смета научната јавност. Во рудникот се наоѓаат ретки минерали, од кои неколку ги има само на ова место. Но, тие немаат вредност која се мери во милиони евра. Алшар е најголемо лежиште на талиум во светот, а во него се најдени и 13 различни минерали на оваа руда. Од нив осум ги има само на ова место.

Приказните дека тие претставуваат неискористен економски потенцијал кој може да донесе огромни профити се далеку од реалноста, сметаат стручњаците. Потврда за тоа е побарувачката за талиум на светските берзи, која не ги оправдува овие наводи.

Привлечноста на ретките минерали е во спектарот на бои, од жолта до црвена, кои им ги подарила природата, како и реткоста на нивната појава, во толкав број на едно место. Минералите, заедно со приказните и мистериите што се плетат со децении околу рудникот, можат да се продадат само на туристи.

Алшар минатата година е прогласен за споменик на природата, но за да стане вистинско туристичко место му недостасува инфраструктура. За добро да се продаде приказната дека фалангите на Александар Македонски на штитовите имале мали сонца од минералот лорандит, со кои ги заслепувале противниците и лесно ги победувале, треба туристите да се донесат до Алшар. Мора да се изгради патот, да се обезбеди околината, да се направат ресторани. За туристички прошетки во рудникот треба инвестиција и во старите ходници кои одамна се небезбедни.

Од друга страна, пак, за ископување и преработка на рудата се потребни огромни инвестиции, кои не можат да се оправдаат со резервите рудно богатство што лежат под земја. Талиумот, велат стручњаците, моментно се користи само за подобрување на квалитетот на некои челици. Се јавува и како отпаден материјал во топилнички процеси, при обработката на олово и цинк. Се произведува во мали количини и е скап, но и потребата од него засега не е голема. Поради тоа, се смета дека инвестиции во рудни ископувања само заради талиум не се економски оправдани, велат експерти.

За Трајче Стафилов, професор на Институтот за хемија при Природно-математичкиот факултет, Алшар е природно богатство, а не мистерија. „Приказните за скриени блага датираат од седумдесеттите години на минатиот век, кога беа актуелни експериментите за детектирање на честичките неутрино, со кои научниците сметале дека подобро ќе се разберат процесите што се одвиваат во јадрото на сонцето. За нив им бил потребен лорандитот, еден од минералите на талиумот, кој го има во Алшар. Бидејќи експериментите ги правеле тимови научници од САД, тогашната југословенска влада не им дозволила вадење руда од Алшар. Во годините што следувале се менувале групи истражувачи, а кај населението се зголемувала мистеријата што има во Алшар толку вредно“, објаснува Стафилов.

Сепак, вели тој, испитувањата на неутриното завршија пред повеќе од една деценија, а двајца физичари, Дејвис и Кошиба, кои ги направија експериментите, во 2002 година добија Нобелова награда за физика. „Фактот што за детектирање на сончевото неутрино не беше искористен лорандитот ја расчистува мистеријата за богатствата на Алшар“, вели професорот Стафилов.

Алшар е богат со арсен и антимон, а злато, сребро и талиум има во трагови. Најголема резерва, утврдена при последните испитувања пред триесетина години, има од арсен антимоновата руда. Проблемот, според Стафилов, е што се појавуваат како поврзани елементи, а процесот на одвојување е тежок, бидејќи во антимонот не смее да има арсен. „Доколку во иднина технологијата напредне во насока на олеснување на овој процес, можеби резервите на антимон во Алшар ќе станат интересни за инвестиција. Другото, засега е неисплатливо“, смета Стафилов.


#
Статијата е прочитана 1170 пати.

Испрати коментар

Од: Dr.Coci
Датум: 23.11.2010 17:39:58
Do koga ke gi povtoruvam moite komentari za Alshar? Sto se krie zad upornoto objavuvanje vesti za navodnata bezvrednost na ALshar? Dali ima nova koncesija na povidok? Alshar ima kristal koj moze da go resi prasanjeto so elektricna enrgija za Makedonija, no kristalite ne se za prodavanje, ami za SVOJA upotreba... zatoa sto GI NEMA na pazar, a kolicestvata se ograniceni. Loranditot go ima na Ural, a tragii ima vo Utah/SAD. Ke pvtoram, ured za porizveduvanje elektricna od sonceva e napraven od naucnik vo SAD vo cija laboritorija sum bil licno! Razgovarav i so lokalni lugje i niv im e ispran mozokot deka tamu nema nistoi!? Sramota za umot i intelektot na Makedoncite i naucniot kadar! Prestanete so maftosuvanje na narodot. Kazete mu ednas nesto sto e vistina.
Од: sale
Датум: 23.11.2010 19:51:05
doktore ovaa novinarkava Sanja muti nesto,a vie ako znaete dr.raboti kazete ni gi da ja razbistrime prikaznava za Alsar, vaka ispaga deka i vie nesto mutite !
Од: Trpe
Датум: 23.11.2010 21:03:50
dodeka nie se mislime otkrija Lorandit uste vo 5-6 mesta vo svetot...

Најди! во Утрински
Македонска верзија

ЕДИТОРИЈАЛ
Соња Крамарска
Македонски Состојби
Манчо Митевски
Поглед
Катерина Шекеровска
Мислења
Филип Петровски
Мислења
Естер Дајсон
Преживеаните камермани се сеќаваат на нуклеарните проби

Потребен ни е релевантен Филмски фонд

„МАРС 2010“
Триумф на Влатко Илиевски и „Среќа“

 


Police raid on Macedonian TV station causes outcry
Montenegro accession talks should not be postponed, says EP
MEPs voice concern over eurosceptic Croatia