Број 3471  петок, 31 декември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Македонија
Економија
Хроника
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Дипломатски магазин
Фељтон








Site Meter
3471

„Скопје 2014“ изборен адут на Груевски

Бучковски го замислува премиерот сликан на грандиозниот споменик на Александар Велики качен на Букефал

Оливера Војновска

„Кога ќе сака да стави круна на владеењето, Никола Груевски на плоштадот во Скопје ќе го донесе Александар Велики“, претпоставува поранешниот премиер Владо Бучковски од СДСМ, кој дури и го замислува премиерот и лидер на македонската десница сликан на грандиозниот споменик. Бучковски е убеден дека Груевски е цврсто решен градбите од проектот „Скопје 2014“ симболично да го одбележат неговото владеење.

„Очигледно е дека Груевски сака мегаломански градби, како што е новата зградата на Уставен суд. Сигурно и таму ќе направи фотографија и ќе оди на избори. Мислам дека ги планира по пописо��, некаде летото, можеби уште во јуни“, прогнозира Бучковски. Притоа, тој го споредува Груевски со неговиот политички ментор, експремиерот и поранешен лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Љупчо Георгиевски. „ И Георгиевски пред изборите во 2002 година го направи Плаошник , Милениумскиот крст..., но ги изгуби изборите“, вели тој.

Власта со невидена посветеност е фокусирана на изградбата на објектите од проектот „Скопје 2014“ - лавови, споменици, скулптури, куполи, мостови, музеј, архив, филхармонија, административни згради... Најголем дел од објектите се почнати да се градат. Некои се до половина, за некои се поставени темелите, а некои се во фаза на комплетирање на градежната документација. Посветеноста на проектот и интензитетот со кој се градат објектите, за политичкиот аналитичар Алберт Муслиу е сигнал дека изборите може да бидат и порано од редовниот термин во 2012 година. „Препознатлива е намерата овие градби да бидат изборен адут на Груевски. Но, таквата тенденција може да биде контрапродуктивна и да се врати како бумеранг. Тоа е меч со две сечила. Ако граѓаните се гладни, нема да се заситат со ’убави’ градби. Во наредниот период нема многу надежи дека ќе се подобри економската состојба во државата, дека ќе има прилив на странски инвестиции, раст на БДП“, вели Муслиу .

Според него, владејачката партија многу агресивно го брани проектот како корисен и со долгорочни вредности. „Но, во услови на економска криза, тешко е проектот што чини многу пари да се аргументира како економски оправдан. Сосема друга работа е да беше автопат или капитална инвестиција што ќе го придвижи економскиот раст“, додава Муслиу.

Изминатиот период ликот на главниот град незапирливо се менува. Во тек е изградбата на театарот, музејот на ВМРО, на новите објекти на Министерството за надворешни, Филхармонијата, Уставен суд. Централното градско јадро врие од скулптури и споменици. Во радиус од стотина метри има шмизли, мачки, бикови, питачи, споменици на Гоце Делчев, Даме Груев, гемиџиите, Климент и Наум... Спроти споменикот на Методија Андонов Ченто ќе седи цар Самоил, а среде плоштадот Александар Македонски ќе го јава Букефал качен на голема фонтана. Друштво ќе им прават и Јосип Багери, Хасан Приштина и Неџат Аголи. На Вардар се прават фонтани и водоскоци. А, преку триумфалната порта ќе се доаѓа до паркот „ Жена-борец“, каде што ќе никнат спомениците на паднатите херои за Македонија, на Президиумот на АСНОМ и на основачите на ВМРО. Пред реновираното Собрание ќе јава претседателот на Крушевската Република, Никола Карев. На кејот на реката Вардар, веднаш до зградата на „Телеком“, ќе биде поставено и панорамско тркало, високо 50 метри. Остануваат за градење и Агенцијата за електронски комуникации, зградата на Обвинителството и Финансиската полиција, Градската куќа, колонада независна Македонија...

Опозицијата неодамна побара мораториум на проектот „Скопје 2014“ и предложи да се оди на предвремени избори, на кои власта ќе ја тестира довербата од граѓаните дали ќе добие мандат да го доврши проектот. Но, тоа не помина. Груевски во изјавите е дециден дека проектот ќе се заврши. Според власта, реализацијата на овој проект ќе чини околу 80 милиони евра. Опозицијата излезе со пресметка дека за „симболот на корупцијата, криминалот и безмилосното трошење народни пари“ ќе се потрошат 350 милиони евра. Лидерот на СДСМ, Бранко Црвенковски, во последното интервју на Канал 5 рече доколку победат на изборите нема да ги уриваат објектите што ќе бидат изградени, ќе ги доградат оние што се започнати, но нема да ги градат оние што не се почнати.


#
Статијата е прочитана 3413 пати.

Испрати коментар

Од: vasco beleski
Датум: 29.12.2010 12:27:57
go podrzuvam gruevski vo sekoja smisla g-n buckovski da ne tresi gluposti....zatoa sto struga uste ne ja imame zaboraveno...a site zanat sto se sluci tamu....ona sto go pravi gruevski ke ostane vo istorija vo pozitivnata a ona sto go pravi bucko isto ke ostane vo istorijata ama vo negativnata
Од: srebre
Датум: 29.12.2010 12:38:41
sk 2014 nee izboren adut tuku zastrasuvanje od identitetot jazikot vo maked vkadeee strav deka ce sme nestanale ako prifatime pridavka ...sto za zdrav razum e nonsens no vladata napravi propaganda vnese strav vo koskite...a narod neni znae sto e eu i blagosostojba..............
Од: Трпе
Датум: 29.12.2010 13:09:16
Уште колку,пастирот ќе го замајува неукиот македонски народ.Ако треба тој ќе обека и автодроми,тоа го има видено низ европа а на сон му се сонило и за лансирна рампа за на месечината.Овој народ на се верува кога ке му стават портокалови очила.
Од: Gruevski no ne premierot
Датум: 29.12.2010 13:11:02
Crvenskovski veli tie sto se izgradeni nema da gi urivame,a tie sto se zapocnati treba ce gi dogradime.Vistinskiot odgovor bi bil,se sto e izgradeno od VMRO-OVCITE treba da se urne za nisto da ne ne potseca na ovaa vlast i ovaa mizerija,a i onaka nivnata deviza e , da se urne se sto bilo porano izgradeno (osobeno vo vremeto na socijalizmot-vo koj sto narodot barem pristojno ziveese),zosto svetot pocnuva od niv i so niv zavrsuva. Gospod da ni e napomos dodeka se oni na vlast.
Од: skopjanec
Датум: 29.12.2010 13:11:34
Ajde navali narode so plukanje. Ne smee da se gradi, podobro e samo da se krade i nisto ama bas nisto da ne se pravi, a kriminalcite da bidat na sloboda. Napred SDSM, vrati se, vrati gi tvoite sudii da go oslobodat Bajrus i Velija. Plaosnik ostana, a ke ostanat i Skopje 2014, kolku i da go mrazite samo oti VMRO go gradi, ne za drugo. Ke ostanat i jarbolite so znaminja sto tolku gi mrazite. ke ostanat. Ke opstane i Makedonija so site nas vo nea kolku i da sme losi, ljubomorni i bolni za vlast iprivilegii.
Од: забеган.
Датум: 29.12.2010 13:22:43
Скопје 2014 е политички гробар на Груески.Можеби ќе се сети но веќе е предоцна.Како што е предоцна оградувајнето од Ѓорчев.Сам сие кривец не муе никој ни Бранко нити Опозицијата.Тие Срества да ги дадеше за Намалувајне на сиромаштијата,за болни, и така натаму.Ќе беше ЦАР.
Од: nasledstvo za idninata
Датум: 29.12.2010 14:12:16
VMRO nisto ne urivalo i nema sto da urne zatoa sto SDSM nisto ne izgradi i nema sto da se urne .Istorijata se poftoruva..kritiki za Plaosnik,Amfiteatarot i Samoilovata tvrdina,a sega sto, turisti od site strani turisti pleva ,koloni.Taka ke bide i so Skopje 2014 turisti,turisti ... gradete i samo gradete site i VMRO i SDSM..Nie ne znaeme sto e EU i blagosostojba gi gledame vo Romanija i Bugarija.
Од: Itar Pejo
Датум: 29.12.2010 14:12:49
Gruevski, kako Ljubco, ce gi izgubi izborite ama spomenicite ce ostanat i ce svedocat za golemiot graditel. Kako i za Ljubco. Nie stalno go gledame krstot na Vodno i mu blagodarime na boga sto ni dade takov graditel. A deka ne opljacka, zaboravivme. Taka ce bide i so Nikola. Kasa primi.
Од: Јован АН
Датум: 29.12.2010 14:20:54
Го подржувам “скопјанецот“ во неговиот коментар.А коментарите на запалени сдсм-овци не се за коментар.За нив зборуваат и нивните псеудоними “забеган“,“трепе“ и сл.,а тие би сакале Скопје да остане како што една читателка на истата тема коментираше (критикуваше) вчера “дека од був не може да постане славејче“ веројатно мислеше дека Скопје треба да остане “був“.
Од: 28 godisen od Skopje
Датум: 29.12.2010 14:21:53
A sto go odbeleza vladeenjeto na SDSM?Bucko:glej i uci
Од: Stara skpjanka
Датум: 29.12.2010 14:27:30
Ovoj takanarecen" skopjanec", sigurno stasal peski od Pusta Breznica i se oduisevuva na onaa bruka od "Skopje 2014" , oti nema civek koj go znae Skopje, a da ne taguva za negovata izgubena dusha. Vistina, ubavo e da se gradi, ama koga mu e vremeto za toa, ne da se gradi za da se krade, ej Skopjanec! Toa sto vistinskite stari skopjani i novite "stari" skopjani kritikuvaat vakov rezil,ne e plukanje, tuku pusta zelba,da imaat malku usul vo kradenjeto ( gradenjeto). Nam ni trebe ubav grad, NASH grad makedonski, bez kopii zemeni od juzniot sosed i po malku od sekade, poradi nevkusot na naracitelite. Grad koj ke ja otslikuva nasata istorija i nasata arhitektura, so modernizmot na XXI vek. Za da ne se prasuvaat idnite generacii KOI SME NIE "NEKAKVI" MAKEDONCI, Bugari,Srbi, Grci, Anticki ili Hunzi?!Vo ime na Makedonija, da se prestane so ovie smesni gradbi i sramni krazbi! Vo istoto ime, arhitektite neka bojkotuvaat izveduvanje na vakvi kopii ! Vo ime na site koi se borele za Makedonija
Од: Гради,а не кради!
Датум: 29.12.2010 14:56:20
Скопјанец,се сложувам дека е подобро да се гради,отколку да се краде.Затоа,престанете со крадењето и почнете да градите!Би го замолил господинот Васко Белевски,како голем подржувач на Груевски,да ме подржи малку и мене!
Од: d.t.a Kavadarci
Датум: 29.12.2010 15:13:22
Skopje 2014 e del od programata od prethodnite izbori, koi kako planirani proekti si tecat i se ostvaruvaat taka kako sto e zacrtano. A veruvam deka za narednite izbori VMRO-DPMNE ke si ima uste mnogu vakvi proekti i planovi za da moze da ja napravime Makedonija a pred se Skopje kako sto mu dolikuva na eden glaven grad vo Evropa.A toa sto SDSM ke urivaat ili ne zavisi od nivnata kultura i pocituvanje na naseto minato i nasite pretci.
Од: P.
Датум: 29.12.2010 15:39:22
Скопје 2014 е монументален споменик . Со него Скопје несомнено постанува вистинска метропола и убаво место за живеење. Нека кучињата лајат. Караванот си врви. Инаку лаењето е оркестрирано и по нарачка диригирано. И натаму си постои „Фабриката“! Платениците секогаш спремни настрвено но попусто го плукаат. Александар Македонски гордо ќе надвисува на плоштадот. Зошто Грците не му изградиле споменик? Ако тој бил Грк по род досега таков ќе му изграделе. Како личност, воин, филозоф и државник и заради неговите дела насекаде се почитува и се слави. И зошто во Скопје, во Република Македонија, територија која била дел од некогашната Македонија да не му се изгради споменик.? Ова нема никаква врска со неговата национална припадност. Тој бил, е и ќе биде човек на сите времиња, на сите народи и држави!
Од: ПОЗДРАВ ОД ИГЛБЕРГЕР
Датум: 29.12.2010 15:43:06
Во врска со кампањата што грчката страна ја води кон Македонија обвинувајќи ја притоа за вршење на „антиквизација“ Иглбергер истакнува оти Грција нема право да ја присвојува античката македонска историја. - Грција тврди дека Македон или Македонија и Александар Македонски се нејзвини. Тоа е лажно тврдење и редно време е некој да го обелодени тоа. Античките Грци ја сметале Македонија за полуцивилизирана и која за нив претставувала извор на сировини и ништо повеќе. Подемот на Македонија за време на Филип и неговиот син Александар бил дочекан со забележлив немир и со воено спротиставување, чиј резултат бил страотниот пораз на градовите како Атина и Теба. Филип и Александар биле сметани за тирани кои ја уриваат слободата на Грците. Тоа што современите Грци тврдат дека античкото кралство на Македон е нивно претставува игнорирање на еден историски факт, истакнува Лоренс Иглбергер. Поради овие факти тешко му е да ја прифати валидноста на грчкото барање за сопственост врз името Македонија
Од: Ајван Доктор®
Датум: 29.12.2010 15:43:51
Изборен адут не може да биде градење надгробни споменици за народот!Во ситуација на голема светска рецесија,наместо вложување во капитални индустриски објекти,наместо обновување на болниците и училиштата и изградба на нови,добивме барокни фасади и налудничави проекти!Добивме ренесансен псеудобарок!Утнато е „само“времето во кое се гради!Зарем ова го нарекувате град��ње?!Зарем ова се градби?!Зарем може кичфигурините да се нарекуваат уметност?!Зарем не е налудничаво да создаваме соцреализам во времето на постмодерна!Зарем навистина мислите дека се работи за создавање,за градење!?Зарем навистина мислите дека е патриотизам тоа што Бладата работи како градежна фирма? (http://ajvandoktor.blogspot.com/2010/12/blog-post.html)
Од: skopjanka
Датум: 29.12.2010 15:44:47
ne e vazna partiskata opredelenost vazno e sto se menuva likot na gradot i toa ne vo duhot na vremeto tuku vo nekakva kic kvazi nastalgija po nesto sto ne e nase. Kriminalen e izgledot na centarot i se poveke ni se potsmevaat na nasata malograganstina koja ne tera na imitatirstvo - ova mi nalikuva na Nusicevata Gospoga Ministerka koja na krajot zavrsi onamu kade sto pocna. Taka ke zavrsi i kreatorot na ovoj mega proekt no tragedijate e sto zgradite niknaa i ne mozad da se trgnat, izbrisat ili isceznat.
Од: toti
Датум: 29.12.2010 16:54:39
се што е се вложува и отвора е во Скопје а провинциските градови се во поголема сиромаштија од ден на ден !!! Празниот стомак невработенсота и не гледање на перспектива за себе и за своите во тие места бараат начини најмногу со вадење на бугарски пасоши и заминување во странство- Оваа 20 годишна транзиција и неекономско и неправилно работење само донесува да бидеме еднинствен народ кој сам од себе се уништува
Од: Eden
Датум: 29.12.2010 17:38:03
Bas pristignav vo Makedonija vcera i od aerodromot do centarot na gradot vidov samo: raskopani ulici, gubriste, zemja i necistotija, valkani avtomobili i krntii avtobusi, zgradi nerenovirani od koga se napraveni, tamu kade e napraveno e kako donenapraveno, kako vo nekoja zapustena urbana sredina. So eden zbor mizerija, a vo sporedba so tamu od kade doagav, kako da pristignav vo Avganistan. E toa e vaseto Skopje/
Од: sograganin
Датум: 29.12.2010 19:00:11
bravo skopjanec, potpolno se slozuvam so tvoeto..uste ednas BRAVO..se gleda ocajot vo ocite na onie koi ne si ja sakaat svojata drzava i sto poddrzuvaat kriminal, nema potreba partiski da gi okvalifikuvam, mnogu dobro znaeme koi se!!
Од: Mesija
Датум: 29.12.2010 20:13:47
Koga nekoj premier politicar svojot sopstven narod go upotrebuva kako sredstvo za svoi PRIVATNI i PARTISKI celi toj ne ja gleda pravata slika na bidnuvanjata seto se kreira spored sopstven esap.Koga zakonot i vojskata i policijata gi smeta za svoi togas i SILATA e na negova strana .Koga opozicijata e izdajnik terorist kriminalec vo svoite odbrani , koga medijata koi se objektivni i kriticni prema VLASTA i drugi se KRIMINALCI kade baras da postoi DRZAVA koga taa nema osnova nema postoecka mok da site orudija vo opsestvoto fungiraat kako sto treba....Jas mislam deka dosta e kazano i videno sega e vreme narodot da go kaze svoeto!!!!!!!
Од: karokan "gambit"
Датум: 29.12.2010 21:11:03
Pa g-dine nasledstvo za idninata,ako ne znaete sto e Evropa,prasajte a ne vaka,ce ti padne nesto na um i ete ti zelena vo komentarot. Ne znam,ne sum videl,ne sum slusnal za "kolonite turisti",no obicno vo dnevniot pecat srednuvam napisi za losata turisticka sezona.Sekoja godina polosa od prethodnata. Tie koloni turisti mora da gi videl nekoj slep. Konecno i jas da se slozam so g-dinot Jovan AN. Tocno e g-dine Jovan AN "psevdonimite" na SDSM komentatorite se nikakvi.Kaj niv nikakvi "psevdonimi",kaj tebe i ostanatite slicni,nikakvi komentari!!! Koj li e vo toj slucaj ponikakov?????
Од: sime
Датум: 29.12.2010 23:38:56
Yf mnogu komenteri i vakvi i takvi stanavme poznavaci na istorija,ekonomija,arhitektura,politika...a jas velam ubavo kaj ggledam novi zdanija,skulpturi,gradezni raboti vo vardar...i si velam pa nie sme bogati?Slusajki gi i za i protiv Skopje 2014 si velam ke mi treba mnogu vreme da mozgam koj e vo pravo.
Од: Mane
Датум: 29.12.2010 23:50:41
Е токму Скопје 2011 ќе им се ‘тресне‘ од глава на сегашнава власт.
Од: sebastian
Датум: 29.12.2010 23:57:47
еден битолски ром, револтиран заради доцнењето на социјалната помош од која живее тој со неговото семејство, пред неколку дена на една национална телевизија ќе изјави: „тие ги оживуваат спомениците, а ги умираат живите“ - генијална изјава која најдобро ја опишува нашата реалност....
Од: R.R.
Датум: 29.12.2010 23:59:14
Podrska za Gruevski ! Arno vikaat,porano se kradese ama ne se gradese,sega ne se kradi no se gradi! Samo napred !
Од: Дони
Датум: 30.12.2010 01:07:37
Убава е идејата да се гради, на пр. добро е што прават зграда за Македонската филхармонија бидејќи вежбаат во вецињата од Домот на Арм, да се стави по некој споменик, но се` што е претерано а особено во кризни времиња води до прашањето зошто се прави тоа. Лично ќе ми беше помило да се инвестира во гасификација (во нашето соседство и во селата користат во куќите интерно парно греење на гас, а ние немаме ни во Скопје), во патишта, железница, средување на сообраќајниот хаос во главниот град, во здравството, реновирање на училиштата, средување на администрацијата да стане вистински сервис на граѓаните, во с��` што би го подобрило квалитетот на животот на повеќето граѓани. Вака освен естетскиот дел (кој е страшно дискутабилен) каква корист имаме од проектот, ни останаа празни џебови и гладна уста. И тоа од тој премиер од кој народот најмногу очекуваше дека ќе се погрижи за него, најмногу му веруваше...
Од: Oliver, USA
Датум: 30.12.2010 02:30:52
Za onie sto poim nemaat sto zboruvaat i se vodeni samo od toadali se plavi ili crveni...Vo vreme koga vo cel svet ima kriza, lugeto resija da gradat...da im dadat moznost na gradeznicite koi nemaa rabota nikade da zemat plata...i pokraj niv uste eden kup drugi luge. Istoto se slucilo i vo USA koga imalo depresija posle vtorata svetska vojna...se gradelo...bilo sto...drzavni pari potroseni za lugeto da imaat rabota i za generaciite sto doagjaati. Prestanete so urivanje i plukanje na se sto se gradi...
Од: Malinka
Датум: 30.12.2010 05:01:40
Greskata e samo vo edno . Trebase da bide Makedonija 2014 no poradi faktot sto skopje ni e pola Makedonija ovoj proekt e preimenuvan vo skopje 2014. Ne e greska sto skopje go pisuvam so mali bukvi, neka ova bide samo eden povod za ponatamosnite investicii da gi pravat sirum Makedonija. Sto se odnesuva do proektot voopsto ova neka mu bide primer na Bucko i na site drugi sto plukaat .Ne velam NE deka nekoj ne krade ama se gleda i fakt e sepak nesto se izgradi . Ne e vo red samo da se pluka i kritikuva ponekogas vredi da se kazat i nekolku dobri zbora iako se raboti za sprotivstaveni strani. Greska e ako se pa duri i ubavite i vrednite raboti gi gledate niz prizmata na politikata i ironijata.Bi vi sovetuval malku odmor za Nova godina a posle toa zafatete se so rabota i bidete od korist. Srekan vi Nova godina i Bozic na site.
Од: deli
Датум: 30.12.2010 09:01:48
Komentari ima bezbroj, pa ete i jas - malku od druga strana, mislam samo eden komentar megju site ovie e na slična tema: samo se zboruva za Skopje i Skopje, kako toa da e glaven grad na cel svet, centar na sve. Kade e ostatokot na Makedonija? Kade e cela država? Kade se sela, mali gradovi? Kakov e tamu kvalitet na živeenje? Kakov e odnos na Skopjani prema "seljaci"? Kako da samo toa, deka čovek se rodil i porasnal vo Skopje mu dodava nekoi posebni osobini? "Provincija" - mizerija. Neka bide Skopje izgradeno i do nebo, prepolno so Potemkinovi gradbi, zarem nekoj, što ke dojde od stranstvo e budala, za da ne go vidi rascep izmegju Skopje i ostatokot od MK? Ubavinata i bogatstvo na sekoja zemja e vo održavanje na selskata sredina. Što vredat XXX spomenici po site ploštadi i ulici na grad, koga vo sela nema osnovna infrastruktura? Za mene lično site tie "paradi" niz Skopje se bezvredni - oti toa, što e ubavo - nadvorešnosta - propagja. Pozdrav do "seljacite" i istrajte, vremeto e vaše!
Од: mene
Датум: 30.12.2010 09:11:08
Абе дечки од СДСМ да ве паметеа барем по нешто што вие направивте?Освен стечајци,украдени пензии,ТАТ,октоподи....
Од: ace
Датум: 30.12.2010 09:37:48
gluposti ,ocigledno 100 000 000 milioni evra imale efekt i se ispral mozokot na narodot ,nekoj ke dokazuval so toa deka bil makedonec ,strasno ,ako toj nekoj ne znae sto e po 20 godini samostojna drzava i nezavisnot ,ke dokazuva so smizlite i so lavovite deka bil makedonec ,ete zatoa se lazni patrioti a ne znaat deka se isprani milioni narodni parii moi i vasi pozzz
Од: Kim il Sung
Датум: 30.12.2010 09:54:06
Predladam kako zavrsnica i vrv na proektot "Skopje 2014" da se izgradi ogromna statua na Grujo Makedonski Golemiot i to na Kale , a po golemina da bide slicna na onaa na Kim il SungP. Na toj nacin Grujo ce dade pecat na svoeto suludo vladeenje.
Од: Skopje
Датум: 30.12.2010 10:37:03
ДОСТА ме нагрдувате и правите од мене кич - креатура од град!

Најди! во Утрински
Македонска верзија
Си велам
Ерол Ризаов
Поглед
Тамара Грнчароска
Мислења
Гордан Георгиев
Мислења
Тони Блер
Среќна Нова на бугарски за малата Сузана

Драган Поповски - карикатурист на годината


Среќни празници
ви посакува 
„Утрински весник“

Од евтини сијалички - до главен украсувач

Ексклузивно
„Утрински весник“ во Спомен-куќата на Проески

 

What will 2011 bring for the Western Balkans?
Last news update on WAZ.EUobserver
Croatia moves closer to concluding EU accession talks