Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Печатено издание
Политика Македонија Економија Хроника Коментари Свет Култура Спорт Скопје Забава Хороскоп
Коментари
31.10.2011, 18:51

Едиторијал

Опозициска неизвесност

Александра М. Митевска

Зад нас е викенд што помина во знак на амбициозната најава на СДСМ дека отвора нов фронт против власта. И дека планира да го затвори фронтот со поранешниот партиски лидер, Владо Бучковски, со тоа што ќе го затвори прашањето за непосредни внатрепартиски избори.

Враќајќи во старото јато личности по кои некогаш се препознаваше левицата, актуелното раководство на СДСМ се обиде со еден потег да испрати неколку пораки до јавноста. Една од пораките е дека критиките за состојбите во партијата, што ги испраќаат преку медиумите некогаш мошне експонирани социјалдемократи, немаат капацитет да ги нарушат мирот и единството на „Бихаќска“. Друга порака е дека социјалдемократите ги лоцираа ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ како главни опоненти во политичката битка, што најавија дека ќе ја интензивираат и во која ќе се обидат да ги придобијат сите поединци и организации што се критички настроени кон владините политики. Тоа е веројатно она што го очекуваа сите оние што ја повикуваа опозицијата во изминатите месеци по предвремените избори да излезе од летаргијата што ја зафати откако не одработи смена на власта.

За волја на вистината, откако го доживеаја третиот изборен пораз на парламентарни избори (независно од значително подобрениот скор), за социјалдемократите не остана многу простор за дејствување во периодот веднаш по изборите. Нема логика да се излезе на улица веднаш откако граѓаните по трет пат и' дале доверба на противничката политичка опција. Уште помалку би имало смисла да се бараат нови избори веднаш по преживеан пораз. За опозицијата, постизборието, всушност, е вистинско време за преиспитување, пребројување и за консолидирање на своите редови.

Но, сега, откако поминаа пет месеци од изборите и на министрите им заврши „медениот месец“, се отвора простор за засилено опозициско дејствување, особено ако се има предвид дека во изминатиот период драстично се сменија политичките околности што им донесоа во почетокот на јуни годинава по уште една изборна победа на ВМРО-ДПМНЕ и на ДУИ. Допрва ќе се види и дали и до кое ниво социјалдемократите ќе успеат да поентираат во новиот политички контекст?! Сепак, едно е јасно - тоа нема да биде едноставна работа, во ситуација кога владејачките партии и натаму солидно котираат на топ-листите на популарноста и ги имаат во раце сите механизми да им ја загорчат офанзивата на опозиционерите.

Околу 90 проценти од општините во државата се под контрола на владејачките партии, но тие веќе го немаат комотното мнозинство во парламентот. Тоа е олеснителна околност за опозицијата, која сигурно ќе игра и на картата дека е невозможна влада без ДУИ.

Анкетите што беа пласирани пред извесно време не го мереа рејтингот на опозицијата, но затоа покажаа дека постизборно расте довербата во Владата. Но, засега нема информации каков е статусот на извршната власт по двата настана што ја обележаа политичката атмосфера во изминатите неколку седмици - пропаднатиот попис и Извештајот на ЕК кој повторно не и' донесе на Македонија датум за почеток на преговорите со ЕУ. Токму овие две теми, околу кои испливаа на површина разликите меѓу коалициските партнери на „Илинденска“, СДСМ ги стави во фокусот на идното политичко дејствување.

Како за почеток, ова е јасен сигнал дека новата опозициска битка е само увертира во битката за локалните избори во 2013 година!


Статијата е прочитана 1415 пати.

Испрати коментар



Фризирана историја
Иста песна
Ватерполо велесила



jovan, 01.11.2011 00:36:08
Se iznaslusavme najavi za se i sesto od opozicijata, no najverojatno planot i zadacata im e da ostanat vo opozicija i da ne dozvolat da se pojavi nekoja druga opozicija. Zatoa ovaa Vlada komotno ke si divee kako saka, ke trosi 200iljadi evra za vrbi ili topoli(neznam sto bea) preku marketing firma ke pere milionski sumi preku tenderi za policija, armija, osvetluvanje, ukrasuvanje i neznam za uste sto go biva toj gazda vunderkind, ke zaposluva i stava na pozicii deca, a ke otpusta iskusen kadar, i da ne nabrojuvam, bidejki na site ni e jasno kako se vladee. Samo uste ne ni e jasna opozicijata.
sram za sdsm, 01.11.2011 00:44:53
Se sramam sto sum sdsm. da ti gi nudat istite kadri od 2002, posle 10 godini da nema novo lice e jasno deka nekoj ja koci partijata i mladite kadri. Zarem mislite so Caca, Nikola popovski, Pendarovski, Ilinka, taki Fiti i Sofija Todorova da pobedite na lokalnite vo Stip, prilep, Bitola, Demir Kapija, Negotino, Mogila. Pa vie be ste zabegale od umot. Se prasuvam DALI TI BRANKO VOOPSTO RABOTIS ZA DOBROTO NA CLENSTVOTO? Kako mislis da gi dobies lokalnite izbori so ovie doodenive, arogantni i zelni samo za funkcii. Prvo neka se spustat na teren, neka srabotata, NEKA POBEDAT, pa posle ke stavame ministri, pretsedateli na ova ona. Dali vie od sdsm imate namera voopsto da gi dobiete lokalnite izbori i dali rabotite na toa. Od ova sto go gledam, nekoj ke go krka na bihacka vo mart 2013.
Do SRAM ZA SDSM, 01.11.2011 02:39:38
Ne e valjda deka nekoj ke ti poveruva deka si od sdsm??? Pa vakva glupost moze samo da poteknuva od Stabot na dpmne. Caca koje bese sudija vo Strazbur i Ilinka koja bese gordost i doajen na nadvoresnata politika za tebe se nikoi??? Strasno na koe nivo spadna dpmne. Ona sto Ilinka go napravi za makedonija samo kilavi Antonio i Nikola uspeaja da go uniostat-polozbata na Makedonija vo svetot.
gragjanin, 01.11.2011 06:31:32
Не можам да го разберам потегот?
do sram za sdsm, 01.11.2011 07:26:21
Ocigledno, ili nisto ne si razbral, ili komentarot ti go pisuvale vo stabot na vmro-dpmne. Kako sto objavija vo site mediumi sdsm, formirase SOVETODAVNI TELA, koi so svoeto golemo prafesionalano i politicko iskustvo ke ucestvuvaat vo kreiranjeto na politikite na partijata. I toa e za pozdravuvanje. Sekade vo svetot iskustvoto i zrelosta maksimalno se koristi. Tvojot komentar mnogu lici na soopstenieto na vmro-dpme. Patem, Margarita Caca Nikolovska bese sudija za covekovi prava vo Strazbur, a sega e ustaven sudija vo BIH, imenuvana povtorno od megjunarodniot sud, a Ilinka Mitreva bese NAJDOBRIOT Minister za nadvoresni raboti, vo cie vreme Makedonija bese priznata od USA pod USTAVNOTO IME, Go dobivme kandidatskiot status i tn i tn.............
JOVAN kaza sé, 01.11.2011 10:30:24
Ke zapocnam so redovite vo gorniot tekst....otkako go dozivejaa tretuot izboren poraz na parlamentarnite izbori.! Vakvi zaklucoci koi samo teoriski se vistiniti,da prestanat da se povtoruvaat katadnevno. Site znaeme kako bea napraveni poslednite izbori, pod kakva presija lugjeto moraa da glasaat. So toa povtoruvanje za pobedata na VMRO, se zaborava vistinskiot predglasacki period ,pa narodot pomognat od vladaeckata propaganda, e pogresno telegidiran. Inaku, za pozdrav e resenieto na SDSM za ponatamosna rabota.. Clenovite koi se vratija ili novite koi ke ja podzuvaat vo idnina programata na prtijata,se site so zavidna biografija.Poznati nadvor od granicite na Makedonija, veruvam deka ke prodozat tamu kade zapra napredokot na Mk. Radmila zaedno so Ilinka uspejaa da ja donesat Mk do vratite na EU, a Ilinka ne se podlaza po abasadorska titula sto i bese predlozena, tuku ostana da se bori protiv ovaa Vada kako bese rekla.Bi bilo doblesno zalutanite da se vratat vo svoeto rodno jato
nezavisnoto sudstvo, 01.11.2011 10:45:53
Jas pa mislev deka Margarita Caca bila borec za nezavisno sudstvo, nezavisni mediumi.Izgleda isto kako i branitelkava na Velija sudikata Duma, sega predstavnik na SDSM vo Drzavnata izborna komisija.I dvete uziuvaa vo privilegiite koi im gi dade Crvenovski. Vreme e da vratat, a nezavisnost okacite macku o rep. Maskite odamna padnaa. Pa se lutat koga VMRo pravi isto.
ФЕЛИКС, 01.11.2011 11:26:20
Прво една мала исправка,според Бихаќевците ќе се ,,војува,, на три фронта.За два веќе знаеме,едниот против актуелната власт а вториот,оној подемократскиот против г-дин Бучковски и Спасов.Па од тука кооптирањето на подзаборавените маргинализирани кадри,што да преминат во другиот табор,поарно е да бидат на купче заедно.Единствено вредност има ,,засилувањето,, со г-дин Поповски се друго е видено,и скромно оценето.Но затоа имаме независен екссудија кој се инсталира во опозициските редови.И тој како и оној независен екссудија во изборната комисија.Тоа се тие кој зборуваа за партиски избрани судии а всушност цело време одработувале партиски.Вероватно мислат да партиски војник и партиски одработувач не е исто.Инаку нема потреба за опсервација поголема за опозицијата.се додека лидерот-губитник е главен таму,за власта тоа е секоаш добитна изборна ситуација.
Alek, 01.11.2011 12:15:58
Promasena rabota. Brane trebase da pocheka pogoden moment i da si nechujno zamine, a ne so ovie kadri da se podgotvuva za osvojuvanje na vlasta. Ne Brane, NO PASARON!
Jован АН, 01.11.2011 12:58:01
Европската комисија не носи одлука за почеток на преговори.Таа по трет пат (едноподруго!) донесе позитивен извештај за напредокот на Македонија и препорача почеток ��а преговори.Да ли ќе добиеме датум за почеток на преговори,допрва ќе видиме.
Ајван Доктор®, 01.11.2011 16:16:12
Случајно,или не,се прави замена на тези дека победата на избори значи и дека некој е во право,или дека има целосна поддршка од избирачите!Повторно,439.000 гласачи на ВМРО,наспроти 369.000 од СДСМ,воопшто не дава право некому да се претставува како единствен репрезент на народот и да владее апсолутистички со него!Сите партии,при гласањето имаат вкупно околу 800.000 гласови,што во земја од 2 милиони претставува околу половина од гласачкото тело,и далеку помалку од половина од целото население!Тогаш,паѓа во вода дека некој има право да владее со граѓаните на РМ на начинот како тоа го замислува портокаловиот неред!Тоа дали старите кадри ќе донесат некое позитивно напредување е меч со две острици!Можно е токму тие (или дел од нив)да се причината за лошите изборни резултати и трите последователни „порази“на изборите!Улицата не е добро решение,но во случај кога некој се занел во владеењето,таа претставува неопходност за изразување на незадоволството од ваквото манипулативно владеење!
od mene, 01.11.2011 22:43:46
Alal da mu e na ajvan doktor,sekogas ima izvonredni komentari!A ti feliks uci malku netuku se glupiraj jasno???!

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИЕ

"""

  

 


Site Meter


Најчитани текстови во 2011

1. Се запали Александар Палас - емирот во „магла"
2. Тргањето на Александар сега е тешко
3. Кај Велешко се бараат 220 тони злато
4. Македонец ја открил Америка со Колумбо
5. Бранко и Али бегаат од тигарот

Најнови вести
Време
Скопје, 2°C

Обилни врнежи

Петок
Обилни врнежи
Макс: 2°C, Мин: 1°C

Сабота
Локални грмотевици
Макс: 2°C, Мин: -9°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп |