Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Печатено издание
Политика Македонија Економија Хроника Коментари Свет Култура Спорт Скопје Забава Хороскоп
Коментари
31.10.2011, 17:45

Поглед

Ватерполо велесила

Роберт Димитриевски

„Покажавме дека сме ватерполо велесила“, изјави младиот репрезентативец на Македонија, Игор Милановиќ, по импресивната победа над Франција од 12:4 за трето учество во низа на европските првенства. Дадена во еуфорија веднаш по возвратниот натпревар од баражот со „триколорите“, изјавата некому можеби ќе ��у прозвучи претерано, но не е многу далеку од вистината. Проектот за македонска ватерполо репрезентација почнат во 2007 година досега резултира со три изборени пласмани на ЕП (Малага 2008, Загреб 2010 и Ајндховен 2012) и еден на СП (Рим 2009), како и со две учества во Светска лига и едно на Универзијада (Шенжен 2011). Бронзениот медал од студентските игри во Кина е прв за македонските селекции во екипните спортови, а респект заслужуваат и осмото место во дебито на еврошампионатите во Шпанија, како и победите над Грција и Германија во Светската лига.

Самото присуство на Македонија на големите натпреварувања во овој спорт е успех ако се земе предвид дека до минатата година се случуваше во зимскиот период да не е во функција ниту еден од двата покриени базена во Скопје. За квалитативниот исчекор наспроти логистичките импровизации се потруди колонијата натурализирани ватерполисти од бившите југословенски простори, но за статусот велесила во вистинската смисла на зборот недостига поголема вклученост на домашни играчи во националниот тим. До нив, пак, не се доаѓа преку ноќ, туку со систематска и макотрпна работа со помладите категории.

Во спротивно, инстант-успехот ќе му се врати како бумеранг и на ватерполото, како што му се случи на женскиот ракомет по симнувањето од сцената на Кометал Ѓорче Петров и заминувањето на интернационалките од неговите редови.


Статијата е прочитана 635 пати.

Испрати коментар



Опозициска неизвесност
Фризирана историја
Иста песна



Istocna Makedonija, 01.11.2011 08:11:27
Vetuvacki i optimisticki deluva renesansata na ma- kedonskiot kolektiven sport(kosarka,vaterpolo, rakomet...).Vaterpolistite odrzuvaat izvonreden kontinuitet na zapazani ucesta na najprestizni svetski i evropski natprevaruvanja.Samo napred kon evropskata i svetskata elita i umereno.Seuste ne sme vaterpolo velesila,mozeme da postaneme! No,najprvo da se priblizime do Srbija,Hrvatska, Crna Gora,ovde se i Italija,Spanija,Rusija,Unga- rija,pa Holandija,Germanija,Romanija,SAD,Avstra lija,Grcija...Poleka do elitata,cekor po cekor!
Alek, 01.11.2011 12:46:28
A da ja kupime tretata postava na brazilskata fudbalska reprezentacija? Treto mesto na mundijalot zagarantirano! Ajde Minchov, Trifun i ushte desette musketari vo akcija.

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИЕ

"""

  

 


Site Meter


Најчитани текстови во 2011

1. Се запали Александар Палас - емирот во „магла"
2. Тргањето на Александар сега е тешко
3. Кај Велешко се бараат 220 тони злато
4. Македонец ја открил Америка со Колумбо
5. Бранко и Али бегаат од тигарот

Најнови вести
Време
Скопје, 2°C

Обилни врнежи

Петок
Обилни врнежи
Макс: 2°C, Мин: 1°C

Сабота
Локални грмотевици
Макс: 2°C, Мин: -9°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп |