Некои потези на Тадиќ се сметаат како позитивни сигнали, но државниот врв на Србија, сепак, не покажува амбиција да ја напушти двојната игра
БЕЛГРАД - Дури и непоправливите скептици мораа деновиве да признаат, всушност, не без извесна доза резервираност, дека во западнобалканскиот триаголник Србија - БиХ - Хрватска се одвива многу динамичен дипломатски процес, чиј краен епилог би можел да биде и одлучувачки за воспоставување за далеку потребната регионална стабилност. Босна во изминативе седмици ја посетија Борис Тадиќ и Иво Јосиповиќ, но впечаток е дека овој пат клучната улога за создавање некои нови поповолни клими врз себе ја презеде новиот хрватски претседател. Со јавните настапи и потезите во Мостар, Сараево и Ахмиќи многумина (заговорници на регионалната соработка) ги охрабри, а други ги огорчи (симпатизери на односите „на дистанца“).
Ова беше прва официјална посета на Јосиповиќ на Босна и Херцеговина, што ја искористи да им се извини на Бошњаците за злосторствата од неговите сонародници во војната во Босна. И околу тоа не би имало никакви проблеми (извинувањата на овој простор веќе станаа некаква мода) доколку хрватскиот шеф на државата не почувствуваше потреба јавно да соопшти дека воените злосторства и самата војна, која во циклуси се водеше меѓу Бошњаците и босанските Хрвати, всушност, е резултат на погрешната политика на Фрањо Туѓман и владејачката ХДЗ, чија првенствена цел беше, во координација со Слободан Милошевиќ, БиХ територијално да се подели. Значи, ова не беше извинување само поради „злосторствата што ги направија поединци“, туку за политиката на државата и нејзиниот врв.
Иако оваа изјава беше на линија со надворешнополитичкиот курс на поранешниот претседател Стјепан Месиќ, значи, некој облик на државен континуитет, таа (не)очекувано предизвика жестока реакција од хрватските владини официјални претставници. Премиерката Јадранка Косор итно свика седница на сите „еминентни“ државни функционери од ХДЗ, долгогодишни најблиски соработници на Туѓман, на кој беше осудено „изедначувањето на Туѓмановата со агресивната политика на Милошевиќ“ што го направи Јосиповиќ, отфрлена е „инсинуацијата“ дека ХДЗ со Белград планирал поделба на Босна, и шефот на хрватската држава е обвинет дека со босанското извинување го прекршил и хрватскиот Устав и Декларацијата на Соборот за Татковинската војна.
Јосиповиќ уште побрзо возврати со коментарот дека „би било мудро владата да е таа која го иницирала помирувањето“ и на местото на страдањето на Бошњаците и Хрватите во Ахмиќи и во селото Крижанчево би можела да замине премиерката или некој од поранешните премиери. „Немаат за тоа“, вели Јосиповиќ, „храброст и сила, па затоа сега измислуваат дека го кршам Уставот, дека не го осудувам Милошевиќ, дека ја изедначувам вината, а работата е бескрајно едноставно“. „Треба само малку искреност и добра волја, да се препознае дека грешките, па и злото, не се само кај другите, а тоа не значи изедначување на вината или намалување на значењето на Татковинската војна“, одговори Јосиповиќ. Неколку дена подоцна, на одбележувањето на 65-годишнината од пробивот на преживеаните логораши во Јасеновац, повеќе илјади собрани граѓани бурно ги поздравија настапите на Јосиповиќ и неговиот претходник Месиќ, а и свиркаа на премиерката Косор и нејзините соработници.
За разлика од загрепските владини официјални претставници, зборовите на Јосиповиќ за помирување и признавање дека и хрватската државна политика била еден од креаторите во босанската војна меѓу Бошњаците, се примени со нескриено одобрување и надеж дека хрватското вртење на нова страница во односите со соседна Босна ќе влијае како на стабилизирање на нејзините внатрешни прилики, така и во поширокиот регион. Меѓутоа, босанските Хрвати изгледа беа до некаде затекнати, па затоа изостанаа нивните реакции, додека од Бања Лука, од опкружувањето на Додик, стигнаа забелешки дека Јосиповиќ не им се поклонил и на српските жртви, да речеме, во сараевската улица „Добровољачка“.
Официјален Белград, пак, се определи на тактиката на неогласување, барем додека не се види како ќе заврши „интерниот спор“ помеѓу претседателот и премиерот на хрватската држава. Меѓутоа, од друга страна, многу познавачи на регионалната политика во Србија забележуваат дека овој настап на Јосиповиќ за регионот е поплодотворен отколку мошне конфузната надворешнополитичка тактика на државата Србија. Всушност, хрватскиот претседател се надоврза на познатата изјава на Месиќ во која рече дека за Босна ќе стигнат подобри денови дури тогаш кога и српскиот претседател ќе упати порака до своите сонародници во Република Српска дека нивен главен град е Сараево, а државата во која треба да ги решаваат своите проблеми е Босна и Херцеговина. Хрватска, велат, јасно се дистанцираше од политиката на својата држава од 1990-тите години, која беше платформа на војната, националистичка омраза, етнички прогон и воени злосторства, политика чија цел беше исчезнување на Босна.
Таквиот пресврт на српската државна политика, меѓутоа, не е ниту во навестување, таа и понатаму опстанува на тезата за граѓанска војна, изедначување на вината на сите три народа, за воените злосторства од „неконтролирани поединци“, нема јасно дистанцирање од придонесот на националистичката и експанзионистичка политика на Милошевиќ. Иако некои потези на Тадиќ (посетата на Сребреница, Декларацијата за тамошното злосторство) се сметаат како позитивни сигнали, државниот врв на Србија, сепак, не покажува амбиција да ја напушти сегашната двојна игра: да, според едни истакнува дека е против поделбата на Босна, односно за одржување на заедничката босанска држава, а според други, дека со противењето на измените на Дејтонската спогодба со која би се обезбедила пофункционална босанска држава и со безрезервна поддршка на деструктивната политика на Милорад Додик и Република Српска, всушност, се влијае на БиХ и понатаму да опстојува во амбиент на речиси апсолутна блокада.
Eve ivane kako napisa i ostana ziv,,Дејтонската спогодба со која би се обезбедила пофункционална босанска држава и со безрезервна поддршка на деструктивната политика на Милорад Додик и Република Српска, всушност, се влијае на БиХ и понатаму да опстојува во амбиент на речиси апсолутна блокада' Ivane, a sto ne napisa; Se vliaje na Republika Srpska,i ponatamu,da opstojuva,vo ambientot na recisi apsolutna blokada! Zarem Ivane! Ne nauci nisto uste! Ivane! Republika Srpska e partner so Bosna i Hercegovina!Po toj ugovor; Milorad Dodik im Veli; Biraj; Ago Sto ti Drago! :Lubenicu il Dinu,a nema Lubendina!
Од: Лазо Стефанов
Датум: 20.04.2010 07:31:41
Полека, но сигурно Балканот станува поле на европските вредности. Тоа ќе донесе подобро живеење на сите жители на Балканот. Незнам зошто надворешната политика на РМ не ги следи овие процеси, од кои најголеми придобивки ќе извлече токму граѓаните на РМ.
Од: ЦК СКВМРО®
Датум: 20.04.2010 10:42:41
Уредникот на „Борба“,продолжува по „правата“линија на ЦК СКЈ!Упорно прилепува постоење на договор меѓу Туѓман и Милошевиќ,за кој К.Глигоров изјавува дека таков план се случува единствено во главата на Ф.Туѓман: http://www.youtube.com/watch?v=bJEN8TH6atk&feature=related Не постои ниту писмено,ниту изјава на Туѓман,за заеднички размислувања на таа тема!Ова е измислица само во главите на „подобните“„аналитичари“,а и модерно е другиот да е виновен!Уште подобро,ако е Дежурен виновник!Досега ви пречеше непостоењето разговор меѓу политичарите,но сега,кога тоа се случува,Пречи што има разговор и наговестување за конвергирање на ставовите!?Општо познато е дека Приемот во ЕУ,дури и на МК,зависи од односите меѓу овие три бивши ЈУ републики!Релевантно за нашиот влез во ЕУ и НАТО,е токму нивното меѓусебно Приближување!Без нивно приближување и помирување, и МК ќе остане надвор од Унијата!Тоа се докажа и со Укинувањето на Визниот режим, привилегија, која ја добивме во Пакет со Останатите!
Од: gugi
Датум: 20.04.2010 12:08:12
една забелешка: претседателот иво Јосиповиќ во Босна изрази жалење, не се извини. И рече дека ако го прекршил уставот, премиерката треба да преземе законски мерки, а ако излезе дека премиерката не е во право, тогаш да си поднесе оставка.
Тадиќ исто така беше во хрватска и мислам дека на луѓето им е доста веќе да си играат војна.
Инаку премиерката неочекувано добро се снајде после заминувањето на И.Санадер, но проблемите останаа.
Во последната година бројот на невработени достигна бројка од 317 625 невработени, што е страшно (ова е Хрватска, не е Македонија), беше објавен списокот на бранители на интернет, (на што ХДЗ жестоко се противи).
вчера Косор ја претстави економската програма, ама за најголем дел од аналитичарите тоа е само грст добри желби.
Од: antibiotik
Датум: 20.04.2010 15:15:37
del od analizata moze i da pomine,no treba da se svati deka nesto vo EU e smeneto vo odnas na Srbija,imaat jak vetar vo grb,zosto????Znaci Tadic ja prodolzuva nacionalistickata politika na Milosevic,Kustunica,mozda so podrug recnik i drugi finti,no se gleda deka sake da bide Srbija regionalen igrac No1,i toa da nemoze nisto da se pravo vo regionov bez nejze,"Sbija do Tokija"od toa nemozat da izbegaat,pogotovo nepristojno agresiven e Jeremic,porano za takvo odnesuvanje EU davase crven karton sega gi toleriraat,zosto????SE DODEK SRBIJA NE SVATI DEKA TAA RATUVASE,UBIVASE PALESE,KRADESE,GENOCID VO SREBRENICA,....I DA SE IZVINI,NEMA DOBRI ODNOSI NI SO BIH NI SO HRV, i regionov ke pati..Problem e i sto mladite generaciji gi ucat deka tie bile(srbite)zrtvi.i taka omrazata prodolzuva.