Мексико продаде стогодишни обврзници
Мексико Сити - Владата на Мексико продаде обврзници со рок на доспевање од дури 100 години, што за Латинска Америка е случај без преседан. Побарувачката за стогодишните обврзници беше толку голема што владата, која првично планираше да продаде државни записи за 500 милиони долари, одлучи двојно да ја зголеми сумата, пренес��а светските агенции.
Во споредба со другите земји, кои на инвеститорите, главно, им нудат петгодишни, десетгодишни и триесетгодишни записи, идејата на мексиканската влада е многу оригинална. Водечките економисти не можат со сигурност да предвидат што ја очекува светската економија ниту во следните години, а не, пак, како светот ќе изгледа за еден век. (МИА) |