Број 3402  петок, 08 октомври 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон
Магазин
Анализа
Вести








Site Meter
Економија

Чинговски: Струјата нема драстично да поскапи

„Електрани на Македонија“ до крајот на октомври ќе ги достават до Регулаторната комисија пресметките за трошоците во работењето на компанијата, по што ќе се знае дали ќе дојде до одредени корекции на цената на струјата.

„Но, засега нема предуслови за поскапување на струјата“, изјави вчера директорот на Е��ЕМ, Влатко Чинговски. Цената на струјата ќе треба да ги следи другите трошоци, затоа што во 2015 година ќе има либерализација на пазарот. И во такви услови, според Чинговски, секој ќе нуди струја по одредени цени, по кои ќе смета дека ќе може да ја продаде.

„Ние и натаму ќе ги усогласуваме цените со економските услови во Македонија. Драстично покачување ќе нема, барем не за домаќинствата и за малото стопанство. РКЕ ќе ги разгледува анализите и ќе утврдува дали постои можност за корекција. Не зборувам ниту за намалување ниту за зголемување, туку само за корекција врз основа на реално постигнатите трошоци за инвестиции и за работењето на компанијата“, изјави Чинговски.

Според него, Македонија годинава повторно ќе има потреба од увоз на дополнително количество струја од некоја од соседните земји. Уверува дека оваа зима нема да има рестрикции во снабдувањето со струја и оти се' ќе се одвива без проблеми. До крајот на октомври трите блока од РЕК „Битола“ треба да влезат во целосна кондициска подготвеност. Сите други производствени капацитети се во добра кондиција, а депониите се полни со јаглен. „Околу 350.000 тони јаглен имаме во Битола. Дефектот во едниот блок во РЕК во моментов се коригира и очекуваме дека до крајот на неделава ќе биде отстранет и ќе заврши и модернизацијата што ја планираме“, рече Чинговски. (Д.О.)


#
Статијата е прочитана 449 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Економија
Човекот што ја создаде најмоќната империја во регионот
Опсада на банките од пензионери, зошто не картичка?
И ММФ контра Владата, БДП ќе порасне за 1,2 отсто
Кодошките работи се замешаа и во законот за Народна банка
Младите се плашат да отворат фирма
Папандреу
Мексико продаде стогодишни обврзници
Германците ќе добијат повисоки плати






Five thousand roses to clean soil in polluted Macedonian city
How Milosevic fostered 20 years of Serbian football violence
Former Croatian PM scrutinised by parliamentary committee