Број 3402  петок, 08 октомври 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон
Магазин
Анализа
Вести








Site Meter
Економија

Кодошките работи се замешаа и во законот за Народна банка

Мисовски рекол дека дебатата на Стојменов е „кодошка работа“, по што спикерот морал да објави пауза на седницата

Што се кодошки работи, а што не се, беа прашањата што ги замешаа пратениците вчера и во дебатата за Законот за Народна банка на Македонија. Претседателот на Собранието, Трајко Вељаноски, беше принуден да објави пауза на вчерашната седница и да свика координација.

Вака се одвиваше претходната дебата што ги предизвика овие бурни реакции. Мисовски од НСДП реагираше на намерата на Владата, спротивно на меѓународните стандарди за ревизија, да ја контролира и централната банка. „Мисовски, мислам дека вашата сопруга е ревизор“, изјави Борис Стојменов од ВМРО-Македонска. На тоа возврати Мисовски. „Господине Стојменов, јас не ви се лутам. Не знам зошто ја спомнувате мојата сопруга и нејзината професија. Треба некоја друга сопруга да земам, со друга професија? Кодошка работа од ваша страна“, рече Мисовски. „Од оваа говорница вие дозволивте Мисовски да каже дека Борис Стојменов е кодош. А ако од оваа говорница не се извини господинот Мисовски, јас ќе дадам неотповиклива оставка од пратеничкото место“, вели Стојменов. Спикерот побара да не се мешаат семејствата и да не се навредуваат. Мисовски не се извини, но и Стојменов не остана на зборот, се премисли и не поднесе оставка.

Инаку, предлог-законот за Народна банка на Македонија за кој расправаа пратениците би требало да обезбеди зголемување на независноста и на транспарентноста во работата на централната банка. Заменик-министерот за финансии, Недим Рамизи, рече дека целта е усогласување со европската регулатива и воведувањето на еврото како платежно средство. Министерството за финансии предлага да се забрани именување на функцијата неизвршен член на Советот на НБМ на лица вработени во јавната управа. Тоа значи дека таа функција нема да ја вршат членови на Владата, пратеници и други со ангажман во државната администрација. Неизвршените членови на Советот, според предлогот, не смеат да се вработат во деловните банки две години по престанокот на функцијата во НБМ. Останува ист седумгодишниот мандат и начинот на избор на гувернерот и на вицегувернерите.

Пратеникот од СДСМ, Марјанчо Николов, на стартот рече дека пратениците уште не добиле информација дали гувернерот и Советот на НБМ биле вклучени во изготвувањето на законот и каков е нивниот став. Николов поради истекот на мандатот на актуелниот гувернер, апелира на таа функција претседателот на државата да именува авторитативна личност, која „ќе може, како што беше и досега, да и' се спротивстави на фискалната политика на Владата“. Според него, предложениот закон, иако е со европско знаменце, не предвидува јасно што ќе се случи доколку Владата и НБМ имаат различни ставови каков треба да биде девизниот курс.

Рамизи реплицираше дека подготовките на законот траеле речиси две години, со целосни разговори и консултација со НБМ, при што биле прифатени голем дел од нејзините укажувања.

Пратеникот Борис Стојменов побара да престане да се политизира институцијата НБМ, која, според него, ги постигнала своите јасни цели во изминатите 20 години, но и предизвикала стагнација.

Став на Мисовски е дека со законот се загрозува независноста на НБМ и се врши упад во нејзината работа, со цел да се воспостави контрола. (Ек.Р.)


#
Статијата е прочитана 553 пати.

Испрати коментар

Од: Љупчо
Датум: 08.10.2010 13:44:31
Ајде сега кажа јавно Стојменов, нека си даде оставка, него само блефирање. Досиеа очигледно има, само што се во Белград, па се игра со тоа.
Од: exorcist
Датум: 08.10.2010 16:01:02
Kodoskite strukturi ja igraat poznatata- drzte go kradecot, a osobeno se lutat edni na drugi koga nekoj ke im izbega od drustvoto pa e potencijalna opasnost, ili pak ne ja sproveduva komunjarskata politika ili ekonomija vo drzavata.. znae narodot koi se kodosite, po ime i prezime, nemojte da se grizite za toa.. ne se potrebni falsifikuvani dosiea..

Најди! во Утрински
Економија
Човекот што ја создаде најмоќната империја во регионот
Опсада на банките од пензионери, зошто не картичка?
И ММФ контра Владата, БДП ќе порасне за 1,2 отсто
Младите се плашат да отворат фирма
Папандреу
Мексико продаде стогодишни обврзници
Чинговски
Германците ќе добијат повисоки плати






Five thousand roses to clean soil in polluted Macedonian city
How Milosevic fostered 20 years of Serbian football violence
Former Croatian PM scrutinised by parliamentary committee