Број 3080  понеделник, 07 септември 2009
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Site Meter
Спорт
Леб на поен до Хирвонен

Петкратниот светски првак Себастијан Леб победи во релито во Австралија, добивајќи ја тројната битка во неделата, со што ја намали разликата во вкупниот поредок од годинашниот шампионат. Французинот со својот „ситроен“ славеше со само 12,5 секунди подобро време од лидерот во првенството, Финецот Мико Хирвонен. Тимскиот колега на Леб, Шпанецот Дани Сордо, го освои третото место со заостанување од 4,6 сек. во однос на „фордот“ на Хирвонен откако во последниот натпреварувачки ден влезе со предност пред двајцата ривали од само десет стотинки.

Ова е шеста победа за Леб сезонава, која го доближи на само еден поен до Хирвонен во генералниот пласман на само две трки до крајот - во Шпанија и во Велика Британија наредниот месец. Хирвонен има 76 поени, а Леб 75.


#
Статијата е прочитана 148 пати.

Испрати коментар

Од: senior
Датум: 07.09.2009 02:03:46
Kompletno gresna informacija dobivaat citatelite vo vrska so ovaa tema ......... Loeb tocno pobedi no odma posle trkata site trojca vozaci na Citroen se kazneti so po 1 minuta na postignatoto vreme poradi nepravilnosti na anti-roll bar na Citroenite....... oficialno pobednik na relito e Hirvonen a vtor Loeb , generalen plasman 5 poeni prednost za Hirvonen
Од: Citatel
Датум: 07.09.2009 14:00:40
Senior e vo pravo.Opomena za dezinformiranost na sportskata redakcija.

Најди! во Утрински
Спорт
Тежок удар од Грција на стартот од ЕП
Македонија подготвува вето за Грција
Сами се победивме во Глазгов
Првенството сиромашно за повеќе ѕвезди
Кикс на Франција, Србија пред пласман во Ј. Африка
Испаднаа Родик и Сафина
Вардар про подобар од Бешикташ и од Будуќност
Јосифоска во финалето во Брчко