Број 3080  понеделник, 07 септември 2009
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Site Meter
Спорт

Првенството сиромашно за повеќе ѕвезди

Во Полска ќе ги нема Новицки, Кириленко, Холден, Калдерон, Шишкаускас, Стојаковиќ, Дијамантидис итн.

ПОЗНАЊ - Европското кошаркарско првенство не е она што некогаш беше, барем ако се погледнат ростерите на репрезентациите. Големата европска смотра која стартува денеска ќе биде осиромашена со неиграњето на низа врвни кошаркари, пред се' на НБА-ѕвездите Дирк Новицки, Андреј Кириленко, па Роберт Холден, Хозе Мануел Калдерон, Шишкаускас...

Ако некогаш беше чест да се биде дел од националната селекција, дури и во небитните пријателски натпревари, денес ситуацијата е многу поинаква. Клубовите кои ги имаат договорите со играчите ги диктираат правилата и често се одлучуваат за стопирање на настапот за репрезентацијата. Таков е случајот со Новицки, на кого рампа му стави газдата на Далас Маверикс, Марк Кјубан, повикувајќи се на одлуката на Германецот за простување од репрезентацијата по Олимписките игри во Пекинг. Новицки оттогаш ги смени плановите, но тоа не му помогна бидејќи Кјубан ладнокрвно го одби најдобриот НБА-играч за 2007 година.

Многу ослабени ќе бидат и Русите без Андреј Кириленко и Роберт Холден. Првиот откажа поради сомнителни приватни проблеми, а подоцна тоа го направи и Холден. И најголемиот фаворит на шампионатот Шпанија е ослабена поради отсуството на 28-годишниот Хозе Мануел Калдерон од Торонто репторс.

Голем удар доживеа и Литванија. Покрај Шишкаускас, кој нема да настапи поради замор, откажаа и Јасикевичиус, Мацијаускас и Сонгајла, а поради тешка болест во семејството ќе го нема и Римантас Каукенас. Нашиот денешен противник Грција, пак, е без Дијамантидис и Папалукас. Кај Србите ќе ги нема Стојаковиќ, Јариќ, Ракочевиќ, Миличиќ, а во соблекувалната на Словенија ќе недостигаат Нестеровиќ и Бечировиќ. (Н.К.)

Пасошката контрола подолга

од летот за Полска





По слетувањето на аеродромот во Познањ никој од македонската експедиција не очекуваше дека толку ќе се заглави при пасошката контрола, а најмалку македонските репрезентативци, кои се надеваа на нешто подобра организација од домаќинот и брзо трансферирање до хотелот. Наместо тоа, тие долго чекаа во ред, а секое поминување на некој од кошаркарите беше бурно поздравено од делот од навивачите кои дојдоа со чартерот. Таков аплауз доби и легендата на македонската кошарка Благоја Георгиевски-Буштур. „Па, Буштур има играно со Кичановиќ, како нема да пројде“, досетливо искоментира еден навивач.

Сите се кикотеа, но не и пратеникот и бивш прв човек на Агенцијата за млади и спорт Ивица Георгиевски, на кого полските службеници му бараа виза иако поседува дипломатски пасош. Цел еден час популарниот Фреди се чудеше како е можно „дипломатски“ да биде издриблан. Откако заврте телефон во нашето Министерство за надворешни работи се опушти бидејќи доби уверување дека не смеат да му прават проблем. На крајот така и се заврши.


#
Статијата е прочитана 430 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Спорт
Тежок удар од Грција на стартот од ЕП
Македонија подготвува вето за Грција
Сами се победивме во Глазгов
Кикс на Франција, Србија пред пласман во Ј. Африка
Испаднаа Родик и Сафина
Вардар про подобар од Бешикташ и од Будуќност
Јосифоска во финалето во Брчко
Леб на поен до Хирвонен