Број 3443  сабота, 27 ноември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Стил








Site Meter
3443

И „Тодор Александров“ против лидерот на СДСМ

За овој институт со контровeрзно име првпат слушнавме во неделата. Не се знае кој е основач и кој го води

Оливера Војновска



Само неколку часа пред почетокот на митингот на опозицијата во Штип, од каде што се очекуваше да биде побарано распуштање на Собранието и вонредни парламентарни избори, во јавноста беше пласирана анкета, според која, 72 процента од граѓаните на Македонија сметаат дека лидерот на СДСМ, Бранко Црвенковски, не заслужува да биде реизбран за премиер. Резултатите од сондажата уште покажуваат дека 43 отсто од испитаниците се на мислење дека СДСМ не се реформирал со враќањето на Црвенковски и со вклучувањето на Гордан Георгиев, Зоран Јовановски и Стевчо Јакимовски во раководството на партијата.

Самиот тајминг во кој се пласираат ваквите податоци изгледа некако симптоматично. Има мала веројатност дека може да се работи за чиста коинциденција. Интересен момент е и тоа што анкетата е своевидна промоција на Институтот „Тодор Александров“. За овој новоформиран институт со име на контроверзна историска личност првпат слушнавме во неделата. Тој е целосно непознат во јавноста и воопшт�� не се знае кој е основач и кој го води.

Соопштението со резултатите од анкетата што го добија медиумите е испратено од и-мејл адреса [email protected] , но не се знае кој го праќа, бидејќи стои само „со почит, Институт ’Тодор Александров’“. Владејачката партија отфрли каква било поврзаност со него.

Испитувањето го спровела познатата агенција „Брима галуп“, и во теренското истражување што започнало на крајот на септември биле опфатени 1.004 испитаници. Директорот на „Брима галуп“, Ѓорѓи Кимов, вели дека анкетата ја направиле во „рамките на стандардната процедура на работење“. „Тоа е новоформиран Институт, потпишавме договор и го направивме истражувањето. Тука нема ништо чудно. И зошто би не' интересирало кој е основач и кој стои зад него. Тоа не е наша работа“, револтирано ни рече Кимов во телефонскиот разговор.

Самата анкета е прилично скромна и има само четири прашања. Две за СДСМ - односно за Црвенковски, и две се поврзани за нашата интеграција во ЕУ и во НАТО ставена во контекст со евентуален референдум за промена на името на државата. Инаку, истражувањето покажало дека 63 проценти од испитаниците не би поддржале референдум за промена на уставното име, со цел државата да стане членка на НАТО и на ЕУ. А 51 отсто од граѓаните се изјасниле против промена на името, со цел Македонија да стане членка на НАТО и на ЕУ, дури и ако одреден предлог биде поддржан од сите парламентарни партии.

Директорот на Институтот за национална историја, Тодор Чепреганов, многупати досега јавно предупредувал дека македонката историја мора да ги расчисти контроверзиите околу личноста на Александров. Според него, основната линија по која се движел Алекснадров низ историјата би требало да опфати дека: „тој е Македонец, бил на чело на ВМРО, убиен е тогаш и тогаш, се борел за самостојна Македонија, меѓутоа, не со Македонци. За жал, тој човек зел туѓа национална свест - бугарска и сметал дека во земјава живеат македонски Бугари“.

Инаку, случајот со ненадејното појавување на Институтот „Тодор Алекснадров“ не е осамен пример. Во почетокот на февруари оваа година се промовираше Институтот „Димитрија Чупоски“, кој се поврзува со владејачката ВМРО-ДПМНЕ. Појавата на овој институт се совпадна со промоцијата на проектот „Скопје 2014“, кој наиде на жестоки критики од опозицијата.


#
Статијата е прочитана 4307 пати.

Испрати коментар

Од: Hari
Датум: 23.11.2010 12:15:51
Prerodbenicite ocajnicki nastojuvaat da se odrzat na vlast preku nekakvi agencii, Latasi, mirki, Tomici no sto povece se penat i catalat , tolku nivnata valkana igra(kes) stanuva providna. Mirka kaj Janko ni samata ne si veruvase na ona sto go zborese, falejki ja prerodbenickata vlada a frlajki otrovni sreli kon nejziniot poranesen prijatel BC. Sto mislis Felix?
Од: граѓанин
Датум: 23.11.2010 12:27:38
Ние ја губиме битката за идентитетот македонски со Бугарија, а се занесуваме со хелинизмот и Александар кој цел научен свет им го припишува на денешна Грција. Но , вистинската битка е со Бугарија.Со таа земја имаме многу заедничко, (освен големото малцинство) добро и лошо. Историјата од 19-20 век ни е тесно поврзана.Тоа мене лично ме збунува, оти се чуствувам како Македонец.За жал објаснувањата на бугарските историчари често се поаргументирани од оние на нашите.Нашата плиткост и некарактерност се покажа со бугарските пасоши.Некни мој пријател изваде нов.Потпиша дека татко му, дедо му и баба му имаат бугарски корени. За некоја година во РМ. ќе има трето респиктибилно малцинство-Бугари.Лесно ќе се најде некој да формира партија, да оди на избори, да победи во некој град, совет...Потоа прикаската е позната.За чудо никој на ова не се вознемирува, белки не ми текнало мене прв.Ова тотално ме разочарува.
Од: bg
Датум: 23.11.2010 12:30:05
Сакам дакажа на директорот на институтот за научнофантастична историја, Тодор Чепреганов да престане да си измислува приказни. Постојат илјадници документи кои докажуваат каков е Александров и за што се борел.
Од: mitre
Датум: 23.11.2010 12:46:26
rabotat, rabotat bugarofilite od Makedonija od vnatre, neumorno i uporno na raznebituvanje na drzavata i pripojuvanje kon majka B'lgarija. Nikogas ne bile poblisku do celta. ... osven vakvi pojavi, se prasuvam zosto Grujo ima dobra kalimera so albancite. Nisto cudno da im e vetena zapadna Makedonija. Se e prasanje na vreme.... samo sto, kolku i da rabotat na toa, bavno, "neosetno" i odvnatre unishtuvajki go celoto opstestvo na sekoe nivo kako francusko sirenje koe od vnatre muvlosuva (toa barem e vkusno!), makedonskiot narod koj preziveal iljadnici godini ropstva nema da go dozvoli toa....
Од: Kalimero
Датум: 23.11.2010 13:21:56
Sramota na sto gi trosat narodnite pari. Na instituti glupavi, na protesti protiv opozicijata, na namesteni anketi, kapii na triumfot na gluposta nad razumot, na bronzeni statui koj nikoj ne moze nitu da gi jade nitu da go zgreat narodot vo sred zima i drugi Pastirovi gluposti. Kade se sega portokalovite megafoncinja koj se primeni kako kodoscinja vo javnata administracija. Sramota za ovaa nenarodna Blada koja ni so prst da mrdne za da gi rese sekojdnevnite problemi na svojte gragani.
Од: Жарко,Ресен
Датум: 23.11.2010 13:28:09
Познато ни е на сите како работат овие институти блиски до власта.Им се јавуваат секогаш на истите луѓе,инаку членови на ДПМНЕ.Па како инаку би се добиле оние високи бројки во нивните анкети?Зошто никогаш не ми се јавиле мене на пример, да им кажам јас што мислам?Или однапред го знаат одговорот.А за тоа што мисли народот,ќе дознаат на денот на изборите.Тогаш ќе разберат колку е задоволен од нивното владеење.
Од: JOVANKA
Датум: 23.11.2010 13:45:22
Nistp cudno vo najskoro vreme ke se pojavi najverojatno i nstitut BICIKLISKI-GORCEV, tie najdobro gi poznavaat sostobite vo drzavata. Kakvo NATO kakvo EU izolacija e najjdobrata rabota za niv da mozat slobodno da KRADAT, i nek kradat koga uste ima ovci za strizenje. NAZDRAVJE plelodba.
Од: George
Датум: 23.11.2010 14:32:56
За да докажеш дека си Грк, треба да потпишеш парче хартија на кое стои дека си 'генетски грк', а пак за Бугарин, дека се 'чувствуваш' таков. Е сега, нашиот јужен сосед оди многу плитко, но источниот пак магловито. Ако јас на пример денес во оваа магла што ме обвива изјавам дека се чубствувам Бугарин, утре, кога ке ме огрее сонцето, ќе го видам езерто како сино темнеит, ќе го променам моето чувство. ММЕ кој стои зад ова.
Од: В. Кратовалиев
Датум: 23.11.2010 14:52:46
Нормално беше, ако новинарката во статијата ги коментираше резултатите од анкетата, што по нарачка на Институтот "Тодор Александров", ја спроведе референтната агенција "Брима Галуп". Но, неможејки да ја оспорува регуларноста на анкетата /редовна досегашна практика/, Војновска сака да ги стави во заден план резултатите, а за сметка на нив, го актуелизира Институтот "Т. Александров" /неговото име, пост��ење, евентуалната блискост со власта/, сакајки да ја дефокусира јавноста од вџашувачките бројки /72% од испитаниците не го гледаат Б. Црвенковски како иден Премиер, односно 43%, немаат впечаток дека СДСМ е реформиран/. Веројатно, на таа финта ке се налепат и коментаторите, но нивно право е да напишат се што го саакат.
Од: karokan "gambit"
Датум: 23.11.2010 15:32:28
G-dine gragjanin,si navezol eden kup raboti,covek da se cudi!!!Ne da se cudi sto tolku si navezol,tuku da se cudi sto site logicki i realno ti se povrzani,taka sto ja otslikuvaat realnata sostojba,sto samo slepec ne moze da ja vidi.Samo da dodadam na ona deka celiot naucen svet Aleksandar go smeta za grk,a celiot progresiven svet za varvar so koj ne e nekoe dostignuvanje da se identifikuvas vo pozitivna konotacija.Jas definitivno ne mozam da ti dadam protivrecen odgovor.Toa ce mora da go pobaras od prosvetleniot Felix.Toj mozebi ce ti odgovori kako toa po prasanjeto za "sorosoidite" e na ista linija so ultranacionalistite na Karadzaferis, kako toa "usoesno" se brani identitetot od mediumska avangarda sto ne e emotivno vrzana so toj identitet,kako toa "uspesno" se brani jazikot, ama direktno i bez skrupuli se napagja negoviot kodifikator i sl. Veruvaj toj toa go znae!!!!!!!!!!!!!!!!!!! Verojatno ja ima vizijata na Makedonija,bez makedonci!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!
Од: Mitre od dolnodupeni
Датум: 23.11.2010 15:34:18
Кој го води...Па разбира се...ДПМНЕ....но и го(ќе) финансира од народни пари....Ова го нема и во најтоталитѕарните системи денес...Гадости ни се случуваат...
Од: Сергеј
Датум: 23.11.2010 16:00:33
Тодор Александров! Самото име на овој „институт“ кажува се’ - дека тоа е уште еден медиум кој ќе го кажува она кое Груевски го мисли! Има нешто кое е поважно од одење на протести и викање „уа“ на власта: треба да се разберат методите со која оваа власт го контролира умот на луѓето. Тоа не го можат без нивните телевизии и вакви квази „институти“, кои штанцаат квази „анкети“ за небескиот рејтинг на самобендисаниот патор-диктатор. ( http://otpor.log.ph/ )
Од: borce
Датум: 23.11.2010 16:07:17
Ostavete koj za chto se borel nego gledajte denes kako ovaa drzava e vodat aramii.I tie vo vlasta i opozicijata se aramii go ograbija narodot.
Од: забеган.
Датум: 23.11.2010 16:54:04
Доста бре ВМР-ОВЦИ со овие глупости.Сите бугари ги присвоивте.Вие ли сте за МАКЕДОНИЈА или вие добра додека има од МАКЕДОНИЈА уште да лапате.Вие изгледа живете од МАКЕДОНИЈА а не за МАКЕДОНИЈА.
Од: СРБ
Датум: 23.11.2010 17:01:02
До кога ке се користат македонските изроди како што е Тодор Александров или најголемиот злочиец крвав до гуша исто така изрод Ванчо Михајлов во политиката. Во право е директорот на Институтот за национална историја Т. Чепреганов. Тој е изрод, гнаса македонска. И едниот и другиот споменат.
Од: ФЕЛИКС
Датум: 23.11.2010 18:55:17
Почна разни ,,независно-експертски,,анкетартиски институти да никнат како полжави во пролет после дожд.Тоа што никој не им верува воопшто не им пречи важно да ,,работаат,, за своите.И овој претенциозно викан институт како и П.Шатев и оној независно опозициски ,,Прогрес,, само ја разводнуваат и девалвираат анкетарската работа.
Од: RADOVAN
Датум: 23.11.2010 23:30:58
Citam i se cudam so iminava i preziminava sto bostom se makedoci i bostom se boriv za makedonija .Todor Cepregan-ov. Gorgi Kim-ov a bre luge sega jas neznaem kako da go procitam i od kade se dovagaat vakvija prezimina zasto u nase selo nema niti edna familija so vakvija prezimina pa sega neznaem dali jas sum makedonec kako ovie sto bostom se makedonci ibostom se borat za nekakva i neciva makedonija ili da go prasam DEDOMI STANIMIRA SOLUNSKI BORAC I NOSAC NA KARAGORGEVA MEDALJA Pa moze i celo selo i cel kraj doslo vreme da se preispitamo i da vidimo od koa SORTA makedoci sme nie . Ama siguren sum za ovie dvajca sto gi spomnav na pocetokov neveruam da sme ista SORTA .A uste nesto da gi potsetam balgarstinata tie deka SIAT nie tuka se PROTNUVAME e taka starite vikav u nase SELO.
Од: od mene
Датум: 24.11.2010 00:17:33
Koj e be toj Todor Aleksandrov faktor be????? I uste koi se tie jadni institucii sto imaat adresi na gmail kako nekoi srednoskolci da se???? Institut toa li se vika ne moze svoj sajt i adresa da otvori??? Vo Makedonija site nesto glumat i se rasfrlaat so tituli nekoi kako "institut", "administrator" bla bla bla - site imat zvanje - nikoj ne znae sto rabotat.... Nekoj jako raboti na bugariziranje na nasiot narod a nie glupi si gledame i kutime.... eden den ke bide prekasno.
Од: vlatce
Датум: 24.11.2010 06:07:34
do"graganin,mitre i dosta drugi koi ja sogledaa vistinskata igra na VMRO-DPMNE,a toa e oslabuvanje totalno(finansiski) na narodot vo Macedonia,za potoa uste poveke da se svrti narodot kon bugarskite pasosi.Zatoa grcite ne dozvoluvaat da vlezeme vo NATO I EU,zosto toa im odgovara niv.Samo setete se na LjuBco georgievski,toj ne uspea no ovie denes ke go napravat toa.
Од: nevladin
Датум: 24.11.2010 10:39:08
institut pavel satev todor aleksandrov dimitrija cupovski ajde pastire otvori kese vreme e za institut mara buneva kako ne im teknalo do sega sega so esenskive dozdovi ce niknuvaat kako vrganji
Од: do seznajkovcite
Датум: 24.11.2010 11:12:20
Сите наши револуционери и дејци имаат Спомени. Зошто не се запрашате, Зошто ниту еден од тие Спомени на Гоце, Даме, Ѓорчев и другите револуционери не се преведени на Македонски јазик, зошто се плашат нашите историчари да ги преведат и донесат кај нас. Од вистината нели не треба никој да се плаши.
Од: makedonce
Датум: 24.11.2010 12:01:26
hartijata trpi sve sto ke napisete ama se znae deka komitite bea makedonci sto se borea za slobodna makedeonija a vmro e najcista makedonska organizacija sto se borese za osloboduvanje na makedonija od tursko bugarsko grcko i srpsko ropstvo, makedonecot nikogas ne bil bugarin srbin ili grk ...

Најди! во Утрински
Македонска верзија

ЕДИТОРИЈАЛ
Соња Крамарска
Македонски Состојби
Манчо Митевски
Поглед
Катерина Шекеровска
Мислења
Филип Петровски
Мислења
Естер Дајсон
Преживеаните камермани се сеќаваат на нуклеарните проби

Потребен ни е релевантен Филмски фонд

„МАРС 2010“
Триумф на Влатко Илиевски и „Среќа“

 


Police raid on Macedonian TV station causes outcry
Montenegro accession talks should not be postponed, says EP
MEPs voice concern over eurosceptic Croatia