Вацлав Клаус сака да и' стави кочници на Европа
Премиерот Мирек Тополанек и претседателот Вацлав Клаус се од иста партија, но нивните визии се на сосем различни страни
Чешкиот претседател, долгогодишен и осведочен евроскпетик, треба да ја води Унијата во наредните шест месеци
Чешкиот претседател Вацлав Клаус смета да наиде на одобрување - и во Прага и на други места - во неговиот нов приод кон критикувањето на Европската унија, со дистрибуирање на вулгарно националистичкото однесување што досега го покажуваше. На 1 јануари неговата земја ќе го преземе шестмесечното ротирачко претседателствување со ЕУ.
Претседателот Вацлав Клаус е експерт кога станува збор за протоколот. Тој зборува многу тивко, принудувајќи го соговорникот внимателно да слуша. Не, како што вели, тој не е непријател на ЕУ, туку „ЕУ реалист“ - што е во спротивност со многу ужалените од „ЕУ наивноста“, оние кои „пасивно и неселективно одобруваат се' што доаѓа од Брисел“.
Ова ќе биде првпат Чешката Република да биде на чело на Унијата откако во 2004 година стана членка. Прага ќе се соочи со особено проблематични надворешни услови во својата нова улога. Финансиската криза се почувствува и во Чешка, а ЕУ презеде чекори за ублажување на рецесијата на континентот. Може ли земјата чијшто претседател стана познат како долгогодишен критичар на ЕУ да ја преземе на себе оваа одговорност?
Клаус ја осмисли специјалната чешка верзија на критиката на ЕУ. Тоа е смирена и интелектуална, како и нејзиниот застапник, кој константно се расправа во името на слободата - особено слободата на пазарот. Тој се расфрлања со бомбастична националистичка реторика, наместо да ја критикува ЕУ за нејзината бирократија и демократски дефицити. Во интервјуто за „Шпигел“, тој предупреди на „постепениот процес на стандардизација“. Од гледна точка на Клаус, Брисел произведува константен проток на одлуки, кои иако се обврзувачки за земјите-членки на ЕУ, никогаш не се ратификуваат од некој парламент.
Ова се однесува на ЕУ-скептицизмот на другите Источноевропејци, како полските соседи на Чесите, кои произлегуваат од полесно навреденото чувство на национална гордост и од историските комплекси. Полскиот претседател Лех Качињски го искористи овој приод да доведе многу самити на работ од неуспех - не поради тоа што се противи на начелата на ЕУ, туку поради тоа што верува оти не и' е оддадена соодветна почит на специјаланата историска улога на Полска во Европа. Кога неговиот брат близнак Јарослав беше премиер, тој на партнерите на неговата земја во Брисел им кажа, со сета сериозност, дека без огромната бројка на жртви во Втората светска војна, Полска денес ќе имаше 66 милиони жители и поради тоа заслужува посилен глас во ЕУ.
Во прашкиот замок Храдчани таквите страдања во историјата предизвикаа кимање со главата во знак на одобрување, како што тоа го прави длабоката верба во ЕУ која стои зад говорите на Качињски. Секогаш кога полскиот претседател ќе претпостави дека неговата земја е во неволја, тој очекува поддршка од Брисел, како што беше случај кога пред три години Русија воведе забрана за увоз на месо од Полска. И со години Полска апелира за заедничка енергетска политика на ЕУ, наведувајќи дека со тоа ќе се сопре зависноста од Москва.
„Качињски сака Европа да остане во голема мера онаква каква што е - без склучување хомосексуални бракови, ако тоа е возможно - но неговата земја да има поголемо влијание“, вели Каи-Олаф Ланг, експерт за Источна Европа во Фондацијата за наука и политика со седиште во Берлин. „Клаус, од друга страна, ја критикува ЕУ од либерална гледна точка. Тој ја гледа како слободен пазар, но не како супернација по секоја цена“.
Повремено Клаус не е во состојба да се спротивстави на популистичките искушенија и кога ќе се случи тоа, тој прави споредби што ги огорчуваат ЕУ парламентарците. На пример, пред две години кога Владимир Шпидла, комесар на ЕУ и сонародник Чех, предложи формирање европски фонд за жртвите од глобализацијата, Клаус изјави: „Ова е како комунизмот од времето на Брежњев“.
Ќе му биде тешко на чешкиот премиер Мирек Тополанек да се докаже пред опструктивистите во Прашкиот замок. Иако претседателот и премиерот се од иста партија, ОДС од средната класа, Тополанек како и многу други од неговата партија, одамна склучија мир во ЕУ. Ова веројатно е една од причините зошто двајцата водечки политичари толку многу не се сакаат.
Но, судирот со господарот на Храдчани не е единствената грижа на Тополанек. Педесет и двегодишниот премиер е на оваа функција благодарение на гласовите на неколку дезертери од опозицијата. Без нив, неговата администарција немаше да обезбеди мнозинство во парламентот. Какви се неговите шанси за политичко преживување на претседателствувањето со ЕУ? Може ли тој да наиде на пречка во тој период, оставајќи ја арената на својот непријател во Прашкиот замок?
Пред дваесетина дена, Клаус го почна она што, најверојатно, барем засега, ќе биде негов последен напад врз премиерот. Неговите пријатели во ОДС се обидоа да го соборат Тополанек и да го инсталираат градоначалникот на Прага, Павел Бем на функцијата партиски лидер. Но, обидот за пуч не успеа, главно, поради членовите на ОДС од руралните области кои го поддржуваат премиерот. Руралните региони имаат голема корист од структуралната помош од Брисел и тие фондови ги променија размислувањата во партијата во корист на Европа. Тврдоглавиот критичар на ЕУ го загуби мнозинството во ОДС, партијата основана од самиот Клаус.
Но, ова е далеку од крај за претседателот, кој и понатаму останува најпопуларниот политичар во Чешка. По неколку години минати како почесен претседател на партија, Клаус сега планира да и' го сврти грбот на ОДС и да формира ново политичко движење. Нејзина најважна карактеристика ќе биде критичкиот став спрема Европа. Дури и гласачите од редовите на социјалдемократите и комунистите го ценат непопустливиот став на Клаус кон Брисел. Повеќе од половина од овие гласачи, исто така, се скептични во однос на Брисел.
За време на неговата неодамнешна државничка посета на Ирска, чешкиот претседател најде време за приватна вечера со Деклан Ганли, мултимилионер кој едно време беше клучен спонзор на ирската кампања „Не“, што доведе до организирање референдум за Лисабонскиот договор со неговата партија Либертас. Користејќи го истото прагматично име, помошниците на Клаус, наводно, планираат да формираат чешки разгранок во блиска иднина.
Поранешната британска премиерка Маргарет Тачер ја изолираше својата земја од диктатите од Брисел. Портрет на железната леди се верува дека го краси бирото на Клас во Храдчани и претседателот се осигура во следните шест месеци синото знаме со жолти ѕвезди да не биде поставено веднаш до знамето на Чешка на заштитните бедеми на неговиот замок. (Шпигел) |