Број 2871  четврток, 25 декември 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон

Site Meter
Свет

Кумот на Јоцо Амстердам го подготвил убиството на Пуканиќ

Ѓуровиќ „паднал“ на полиграфот кога бил испрашуван во врска со ликвидацијата на Пуканиќ

БЕЛГРАД - Слободан Ѓуровиќ, инаку кум на Сретен Јоциќ, наречен Јоцо Амстердам, е осомничен и за убиство на Нико Франиќ, маркетинг-директор во „Национал“, кој настрада заедно со Пуканиќ кога на 23 октомври беше активиран експлозивот под џипот на косопственикот на „Национал“. Канцеларијата за спречување корупција и организиран криминал (УСКОК) завчера во Жупанискиот суд во Загреб поднесе барање за проширување на истрагата против Ѓуровиќ поради сомневање дека непознати личности за се' уште неутврдена сума пари од него го нарачале убиството на Пуканиќ.

Потоа, со останатите осомничени, браќата Роберт и Лука Матаниќ и Амир Мафалани, Ѓуровиќ го организираше надгледувањето на Пуканиќ. Со Жељко Миловановиќ и Бојан Гудуриќ се договорил за начинот на убиството. Миловановиќ, кој се означува како мозок на операцијата и човек кој во дворот на „Национал“ го донел мопедот со експлозив, и Гудуриќ се во бегство по злосторството.

Ѓуровиќ досега беше осомничен дека со Миленко Кузмановиќ (25) од Србија им помагал на убијците по атентатот. Браќата Матаниќ, со лажни документи, наводно, требало да ги префрли во Србија. Во тоа се осуетени на 29 октомври, кога се уапсени во близина на границата со Србија. Ѓуровиќ на сослушувањето тврдеше дека во Хрватска дошол за да го наплати долгот од Матаниќ.

Хрватските медиуми минатата седмица објавија и тоа дека Ѓуровиќ „паднал“ на полиграфот кога бил испрашуван во врска со ликвидацијата на Пуканиќ и Франиќ, но и на Ивана Ходак, со што ги доведе во врска тие две злосторства. Ивана Ходак, ќерка на адвокатот Владимир Ходак, бранителот на уапсениот генерал Владимир Загорец, е убиена во почетокот на октомври пред влезот на својата зграда во центарот на Загреб, а и било пукано во глава. Медиумите пишуваа дека Ѓуровиќ реагирал на прашањето дали со тие убиства е поврзан Јоцо Амстердам. Уште пред еден месец медиумите ги поврзаа тие две убиства, наведувајќи дека врската меѓу нив е државјанин на Србија, инаку близок соработник на Сретен Јоциќ, кој е уапсен поради соучесништво во убиството на Пуканиќ. Тој маж, како што објавија весниците во Загреб, 14 дена пред атентатот на Ивана Ходак, во телефонски разговор најавил дека „за две недели во Загреб ќе се случи нешто големо, за што ќе зборува цела Европа“. Во врвот на хрватскиот безбедносен систем сметаа дека е невозможно човекот кој ја изговорил таа реченица да располага со информација за подготовка на атентатот на Ивана Ходак, а тој самиот да не учествува во убиството. Иако неговиот идентитет не е објавен, наведено е дека е „поранешен удбаш“, а меѓу осомничените за убиството на Пуканиќ, само Ѓуровиќ бил воен разузнавач. (Блиц)


Статијата е прочитана 1215 пати.

Испрати коментар

Од: Prijatel na Puki
Датум: 25.12.2008 04:07:39
Puki, lesna ti zemja... Koga mu zborev da ne se mesa mnogu so tutunskata mafija, spiunite od MI6 (za koe si zaraboti persona-non-grata vo Anglija), Gotovina, zgora na se i zena mu (inaku narkomanka i shizofrenik)... Nisto ne poslusa... Ne mozes site krivi drini da gi ispravis ... Ne e bitno sega koj go ubil, bitno e... koj naracal da se ubie ? Dali e zena mu (so cii pari e i osnovana NCL) ili tutunarite na celo so crnogorskata mafija ili e MI6 za golemiot udar sto im go nanese... Vremeto ke pokaze...

Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
Свет
Продаденото белгиско бебе предадено на полиција
Јушченко призна дека ставот за влез во НАТО го прави губитник
Вацлав Клаус сака да и' стави кочници на Европа
Економската криза најави мрачен Божик во Лондон
Обама ослободен од сомнение околу случајот со Благоевиќ
Германија ќе ја амортизира рецесијата со 25 млрд. евра