Џенифер Анистон
Обожава да биде вљубена
Познатата „пријателка“ Џенифер Анистон во последните години имаше навистина прилично несреќа во љубовта и цела низа пропаднати врски со неколку познати мажи, вклучувајќи ги и музичарот Џон Мејер и актерот Винс Вон.
И покрај се', убавата актерка признава дека не се откажува од љубовта и од потрагата по оној вистинскиот и дека и понатаму обожава да биде вљубена.
„Обожавам да чувствувам мали пеперутки во стомакот. Љубовта е најголемиот предизвик за сите нас. Љубовта не можеме да ја контролираме, ниту можеме да избереме во кого ќе се вљубиме. Токму спротивното, љубовта нас не' избира, а поради тоа мораме да бидеме отворени за неа. Јас сум токму таква и сметам дека вљубувањето мора да биде спонтано“, изјавила Џенифер за британскиот магазин „О.К.“.
Оваа 41-годишна актерка тврди дека не се обѕира на шпекулациите во медиумите за нејзиниот љубовен живот и дека разните гласишта ја засмејуваат, зашто веќе е навикната на медиумските шушкања. Таа смета дека нејзините обожаватели не веруваат во сите тие гласишта, а таа се труди да живее колку што е можно помирно вежбајќи јога, која многу и' помага. |