Број 3423  четврток, 04 ноември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон
Вести








Site Meter
Забава

Трката за Евровизија почнува в среда

Познатиот музичар Кокан Димушевски е конечен избор за уметнички директор на Скопскиот фестивал. Националниот евровизиски избор ќе се одржи во една вечер

l изборот ќе се одржи кон крајот на февруари 2011 година

l ќе се натпреваруваат 20 песни, одбрани на јавен конкурс и по пат на нарачка од реномирани автори

l шеф на евровизиската делегација е Љупчо Стојановски

Катерина Шекеровска

В среда (10 ноември) започнува трката за избор на евровизиски претставник! Дали Македонија оваа година ќе ја избере вистинската песна која ќе се натпреварува на Изборот на песна за Евровизија што ќе се одржи наредната година во Дизелдорф, Германија? Имаме ли капацитет да ги промениме работите и за промена да организираме национален избор што ќе биде достоинствен за целата македонска нација и на кој наместо скандали и обвинувања, ќе добиеме квалитетна песна која ќе ја има поддршката на целата јавност?

Почетокот на подготовките за националниот Избор на песна за Евровизија повторно со себе носи дилеми и контроверзии. Она што е извесно е дека патникот за Дизелдорф повторно ќе се бира преку Скопскиот фестивал, но е нејасно кој ќе биде уметнички директор на манифестацијата. Дел од медиумите објавија дека тоа место е резервирано за Кокан Димушевски, додека други тврдат дека се' уште е неизвесно за кого е фотелјата, а во игра се споменуваат досегашниот директор Љупчо Мирковски, името на младиот музичар Диран Тавитјан, како и трета опција. Кој навистина ќе биде задолжен за изборот на песни што ќе го дадат името на нашиот адут за „Евросонг“? Одговорот го побаравме директно кај организаторот на настанот, Македонската телевизија, односно Аљоша Симјановски, прв човек на првиот програмски сервис на националната ТВ-куќа.

„Уметнички директор на фестивалот, дефинитивно, е Кокан Димушевски, а местото координатор или популарно наречено шеф на евровизиската делегација му припадна на Љупчо Стојановски. Решивме да работиме рационално, па така изборот ќе биде во една вечер, а не како досега во две полуфинални и една финална вечер“, ни кажа Симјановски. Тој ни откри дека на Скопскиот фестивал ќе се натпреваруваат 20 песни, пријавени на конкурс, но дел од нив ќе бидат на иницијатива на организаторите кои директно ќе се обратат до одредени авторски имиња се со цел за поквалитетна манифестација и избор на правата песна. „Ќе се обидеме да ја избереме најдобрата композиција, а официјалниот конкурс, најверојатно, ќе биде објавен наредната недела“, додаде Симјановски.

„Попрецизно, конкурсот ќе биде објавен на 10 ноември (среда), а изборот ќе се одржи во третата декада на февруари наредната година, најверојатно, на 24 или 25 февруари. Оваа година ќе се трудиме да бидеме прецизни и транспарентни и да обезбедиме барем пет филтри пред конечниот избор“, вели Љупчо Стојановски, кој местото шеф на евровизиската делегација го наследи од неговата колешка Гордана Андрашевска.

Најголемата европска музичка манифестација, благодарение на победата на германската претставничка Лена и нејзината песна „Сателит“, наредната година се сели во Германија. Полуфиналните вечери ќе се одржат на 10 и 12 мај, а финалето е закажано за 14 мај 2011 година, во арената „Есприт“ во Дизелдорф, која собира 54.000 луѓе, а за потребите на „Евросонг“ нејзиниот капацитет ќе биде намален на 24.000 гледачи.

Ќе се трудиме да бидеме прецизни и транспарентни и да обезбедиме барем пет филтри пред конечниот избор

Љупчо Стојановски шеф на евровизиската делегација


#
Статијата е прочитана 782 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Забава
Драстична диета на вода и лимон
Обожава да биде вљубена
Постојат милијарди планети со иста маса како Земјата?
Се откажа од снимањето во Сараево
Ѓорѓе Балашевиќ доаѓа со сопругата во Скопје
Се породи десетгодишно девојче во Шпанија






Bulgaria and Russia expected to sign gas pipe agreement
One third of cigarettes in Bulgaria are 'illegal'
Falling credit rating reveals Croatia's economic crisis