| Кајли Миног
 Драстична диета на вода и лимон
 
 Австралиската ѕвезда Кајли Миног (42) започна со т.н. водена диета, за колку што е можно подобро да се подготви за американската турнеја. Џебната Венера сака да изгледа совршено во тесните кратки фустани, а новиот план за слабеење се состои од тоа да не пие ништо друго освен вода со вкус на свежо исцеден лимон или лимета, а дневно јаде само мали калориски оброци.
 „Кајли секогаш презема драстични мерки пред некој настап или снимање“, објаснил извор близок на пејачката, која веќе две години е во хармонична врска со шпанскиот манекен, 32-годишниот Андрес Валенкос Сегур.
 |