|
|
|
|
|
|
Интервју
Aматери не можат да вадат oргани
Д-р Алексеј Дума, шеф на Институтот за форензичка медицина и криминологија
Соња Крамарска
Господине Дума, обвинувањата до косовскиот премиер за илегална трговија со човечки органи се вест број еден во светот. Дали е можно такви операции да се изведуваат во импровизирани услови, како што се споменува некоја жолта куќа во Албанија?
Потребно е минимум услови да бидат задоволени за експлантација (вадење, н.з.) на органи од човечко тело. Мора да има операциона сала, мора да бидат задоволени сите услови за сепса и антисепса. Методата за вадење органи е стандардизирана метода која не дава големи шанси за импровизација. Извадениот орган може веднаш да се трансплантира во истата сала на друг рецепиент (примател, н.з.) или под одредени строги услови може да се транспортира до друга здравствена институција. Денес транспортот не е никаков проблем со оглед на тоа колку брзи превозни средства постојат и брзо може да се стигне до дестинацијата. Дури, има и специјализирани институции за транспорт на човечки органи, кога станува збор за легални трансплантации со согласност на донаторот или на семејството. За илегалните не знам и не можам да кажам, но едно можам да гарантирам, а тоа е дека во обдукциска сала се невозможни такви операции. Потребна е високодезинфицирана операциона сала за да се заштити органот од ��нфекции и од трауматизација во текот на работењето и да се подготви, односно да се извади така за да може полесно да се пресади.
Значи, потребно е високо стручно знаење или тесна специјалност за таквиот вид операции?
Апсолутно. Тоа треба да го прави хирург. Јас не знам дали има некои приучени амали да го прават тоа, но, во принцип, тоа е хируршка интервенција.
Колку време живеат органите откако ќе се извадат од матичното тело?
Зависи во што се земаат и како се подготвуваат. Постои постапка за подготвување и за чување, која дозволува по одредено време да бидат трансплантирани. Се разбира, колку е пократко времето од нивното вадење до нивното пресадување, толку се поголеми шансите да биде успешна трансплантацијата.
Каде се носени органите од Косово, доколку тврдењата на Дик Мартин се точни. Дали само во околните земји или подалеку?
Транспортот во денешно време не е никаков проблем.Колку време по настапувањето смрт може да се користат органите? По дијагностицирањето на смртта, телото на умрениот се држи во ладна состојба, значи не се симнува од апаратите за реанимација. Тоа зборувам за класичните, стандардните услови кога сето тоа се спроведува законски. Со ладната перфузија може да се држи подолго време органот во живот. Бидејќи не го симнувате од апаратите за живеење, од асистирано дишење и циркулација. И органот живее со помош на машините.
Како се постапува ако е во прашање насилна смрт или, еве поконкретно, наменска смрт, за да се земат органите?
Во нормални услови смртта мора да се случи во здравствена институција. Не може, на пример, да се убие човекот во Дебар, па од Дебар да се пренесе во Скопје за да му се земат органите. Тоа не е возможно, бидејќи настапуваат дефинитивни промени кои го оштетуваат трајно органот што треба да биде искористен. Инаку, познато е дека одредени ткива и органи живеат подолго време по настапување на смртта. Но, тоа не значи дека тие се подобни за натамошно вадење и трансплантирање друг пациент.
Возможно ли е да се направи таква операција само со дрогирање на жртвата, ако нема време, нема доволно апаратура, доволно стручен персонал, ако се изведува набрзина, илегално? Можно ли е тоа од медицински аспект?
Можно е се'. Ако му дадете одредена хемиска супстанција, која ќе го доведе во длабок сон или анестезија, возможно е дотолку повеќе ако не се грижите за неговиот живот. Ако не се грижите за неговиот живот, понатаму не треба да преземате мерки со кои потоа може да го вратите во живот. Кај екстремно криминалните зафати претпоставувам дека донаторот се жртвува по земањето на органите. Сигурно нема за еден бубрег да го легнат на маса. Ќе му земат се' што може да се земе.
Но, и кај илегалните постапки мора првин да е пронајден примател на органот, по потоа се пристапува кон негово вадење од жртвата? Тогаш мора да се вклучат повеќе медицински стручњаци кои ќе направат анализи и кај донаторот и кај примателот?
Тоа сигурно не е по принципот - двајца седнале и се договориле да го прават тоа. Тоа мора да е сериозна и тешка организација со меѓународни комуникации, со своја развиена мрежа во делови од светот, со здравствени институции. Не може да седнат двајца будали и да почнат да вадат човечки органи и да ги продаваат. Не е така. Тоа е сериозен систем развиен во подземје, каде што се врши типизација на ткивата, па информации за типизација на ткивата на приматели на органот, комуникации меѓу нив, транспорт, начин на трансплантирање, поминување на царинските бариери. Сето тоа е една сериозна меѓународна организација. Доколку навистина постои, нели. Јас не сум сигурен дали тие обвинувања се точни (за Хашим Тачи, н.з.) или, пак, е нечија конструкција со политичка заднина.
Колку време трае една таква операција, ако се изведува во нормални услови и ако се изведува набрзина, илегално?
Не знам колку трае набрзина, но знам дека луѓево овде кога работат редовни операции од таков вид, за тоа е потребен цел тим лекари. Работат голем број колеги, на разни нивоа. Самата интервенција трае сигурно повеќе од 5-6 часа.
Колку доктори се потребни за вадење орган?
За вадење органи се потребни ист број доктори колку и за трансплантирање. Еден тим го вади органот. Тука мора да има хирург, тука мора да има анестезиолог, мора да има и помошник на хирургот, инструментарка, луѓе кои ја одржуваат апаратурата. Ист таков тим учествува и при трансплантирањето.
Добро, а ако се изведува илегално, без да се води сметка за животот на донаторот, може ли со помалку луѓе да се направи таа операција, да се собере тим набрзина?
Не знам, но кај се' што е илегално, во основа е да се направи голем профит со мала работа или мал трошок. И сигурно такви луѓе прават помали трошоци за да останат повеќе пари и да ги поделат меѓу себе.
Господине Дума, Скопје е на два часа од Приштина. Ве загрижува ли тоа што краците на една таква монструозна активност, ако навистина се случила, би можеле да водат и кон Македонија?
За тоа своевремено се зборуваше, а некои се обидоа и нас како институција да не' инволвираат. Едно знам дека мафијата, криминалот, не познаваат граници. И дека тоа не поминува низ регуларните гранични премини и царински бариери. Тие, главно, се моќни организации. Знам дека едно време МВР покажа интерес, се обидувавме да најдеме некакви траги, некој конец или нишка што би не' одвела некаде, но не успеавме да најдеме. Лично мислам дека такви активности нема во Македонија и дека нема болници што би можеле да го прават тоа. Полицијата се обиде да пронајде илегални болници од таков тип, но не најдоа. Дури не најдоа ни основни сомневања дека е возможно такво нешто во Македонија. |
#
|
Статијата е прочитана 4188 пати.
|
|
|
|
|
|
Од: jean |
Датум: 25.12.2010 15:08:06 |
|
|
|
|
|
|
|
Од: Adrian |
Датум: 25.12.2010 16:19:12 |
|
sega ke te smetaat za Albanec makedoncite.
No istoto go citav i od edna izjava na srpski doktor deka seto toa e nevozmozno pa zatoa i ve podrzuvam vo sevo ova.
da bides profesionalec treba da bides i realen.
Svak cas doktore . |
|
|
|
|
|
|
Од: lekar-hirurg |
Датум: 25.12.2010 16:41:12 |
|
Najtesko e da se transplantira srce zatoa i pri negova najdobra podgotovka moze da zivee maksimum 4 casa, a otdelno treba i visokotehnoloska aparatura. No bubreg i crn drob mozat da pocekaar i do 24 casa sto e sosema dovolno i transplantacijata na bubreg ne e mnogu slozna, crniot drob e istotaka dosta slozen organ za transplantacija sto na balkanot samo 10 hirurzi go pravat. |
|
|
|
|
|
|
Од: Komentator |
Датум: 25.12.2010 18:29:02 |
|
gospodine DUMA .. sekoja cest na Vasata strucnost..ama zaboravate na faktot deka vo inkriminirana situacija ne se vrsi klasicna operacija za odstranuvanje na organ...tuku zemanje od licnost koja posle e MRTVA...a ne e tesko da se napravi transport na organot posebno vo nekontrolirani ratni uslovi....Ako toa e tocno....toa e poveke od srasno...ova nitu Hitler ne go pravese...vo svoite spec...bolnici za "humanitarni celi"...!!!! |
|
|
|
|
|
|
Од: gore |
Датум: 25.12.2010 19:14:22 |
|
Profesore, ne se mesaj vo kompliciranite dejstvija na kosovskata mafija. Srbite najdobro znaat sto tamu se slucuvalo so ilegalnata trgovija na organi. Istragata ke dokaze dali i kaj priematelite organite bile i suste se vo red. Najverojatno se se svduvalo samo na bubrezite, drugoto e komplicirano.. Vnimavaj so izjavite.. |
|
|
|
|
|
|
Од: shiptar |
Датум: 25.12.2010 19:42:00 |
|
sva cest doktore dr profi si taka se kaze i taka site znaeme deka vo doj del od albanija tropoja tacen da budem nema nikogas struja |
|
|
|
|
|
|
Од: issa |
Датум: 25.12.2010 20:11:36 |
|
-do gora i komentator--pa vie ste podobri kirurgi od pocituvaniot profesor..mislite prvo pa potoa kritikuvajte..koga branite vie srbite ili ste srbi samite ve mollam dosta strucno gi ima navedeno g-d,profesor uslovite i site potrebni nesta vo intrvjuto ako vam ne vi se dopadja pisete .pa qe ve kritikuvame..uste ednas seta pocit gospodine profesore za intrvjuto |
|
|
|
|
|
|
Од: remi |
Датум: 25.12.2010 22:46:33 |
|
abe kaj nas na Balkanot bolnicite nemat uslovi za takvo neshto a kamoli amateri,,,abe svesen sum deka se mrazat Alabancite od nekoi ama do tolku,,,ne sum veruval,, Logiçki, sto dobivaat Makedoncite so aktivnosta na Thaçi davreçeme,,ama bash nishto,,, |
|
|
|
|
|
|
Од: Kriminalcite ne pocituvaat normi |
Датум: 26.12.2010 09:52:07 |
|
Profesore. Vie zboruvate za vrsenje na intervencijata lege artis , odnosno po site propisani protokoli i normi na sovremenata medicina. No i sami znaete deka kaj kriminalcite tie normi ne se spazuvaat . Za niv e osnovno da se organot seme , pripremi za transport i transportira do odredenata destinacija. Za zivotot na liceto donor voopsto ne stanuva zbor. Toa e zrtvuvano.. Dokolku i imalo vakvi kriminalni dejstva najverojatno se zemale bubrezi , koi se najlesni i za hirurskoto otstranuvanje i za transport. A za dotori mez moralni i eticki normi , koi se gotpovi za pari da napravat se ne e problem . Sekogas mozat da se najdat. Pa videte samo vo Indija ili Pakistan vo kakvi kriminalni uslovi se vrsat transpaltacija na organi, bez zapazuvanje na nikakvi normi. |
|
|
|
|
|
|
Од: citatelka |
Датум: 26.12.2010 10:36:34 |
|
Jas veke 10 godini ziveam so transplatiran crn drop.2 godini cekav organ.Vo pogolem broj bolnici niz Evropa ima listi na tipizirani lica na koi im se potrebni organi,znaci dokolku imalo nelegalno vadenje organi,istite mozele samo vo ovie institucii da bidat dostavuvani ili vo nekoi vakvi institucii no nelegalni,poradi strucno i adekvatno davanje na organot.Inaku ova lesno se otkriva-site so transplatirani organi pieme lek protiv otfrlanje na organot,pa preku farmaorganizaciiite mozat da se najdat lugeto i da se ispita od kaj ni se organite.
Se se moze ako se saka,no se nadevam deka ova ke izleze nevistina-za kosovskata mafija-deka e premnogu morbidno da e vistinito,vo sprotivno za site ciniteli ne znam dali postoi kazna na ovoj svet. |
|
|
|
|
|
|
Од: stobi |
Датум: 26.12.2010 11:42:01 |
|
Kako i sekogas profesionalec iskren i cesen go dadovte i ovoj pat Vaseto profesionalno mislenje a ne kako drugite pausalno,rasno i politicki nastroeni i motivirani pozdrav |
|
|
|
|
|
|
Од: Silvester, Sidnej |
Датум: 26.12.2010 11:48:05 |
|
Gledajki ja kukjata na fotosot, logicno e deka tamu apsolutno ne postojat uslovi za vadenje na zab, a kamo li na organi. No sepak ostanuva na sudskite vestaci da odlucat dali navistina postojat takvi kriminalci-monstrumi od koi veruvam deka i samite Albanci bi se otkazale od niv. |
|
|
|
|
|
|
Од: od mene |
Датум: 27.12.2010 09:25:31 |
|
Dobro be decki, ne se potresuvajte. Ako Taci go pravel toa za sto go obvinuva Marti neka mu se sudi, ako ne nikoj nisto ne mu moze. Samo denes se e politika pa kriviot moze da bide nevin i obratno.
Samo edna rabota da prasam, dali nekogas vie Albancite ste bile za nesto krivi?
Mislam bilo kade, vo Makedonija, Srbija, Amerika...?
|
|
|
|
|
|
|
Од: Kolega |
Датум: 27.12.2010 11:06:52 |
|
Можат, колега, можат! Не станува збор за професионално вадење на органи. Доволни се минимални стерилни услови и двочасовен вовед во анатомија (како да се препознае органот/бубергот и каде да се сече) и горе-долу стерилен транспорт. UV ламба за некаква стерилизација на собата, раствори за стерилизација на кожата, уште една покривка за изолирање на телото од надворешната средина и доволно е. Потоа се користат силни антибиотици кои најверојатно ќе убијат многу од бактериите кои би можеле да се најдат во органот. А и што ако не е стерилно во целост? Мислите дека им е важно дали трансплантацијата ќе успее? Дали телото ќе го прифати органот? Важното е да се земат парите, понатаму, не ги интересира што станува. Ионака стапката на отфрлање на органот е висока, дури и кај сродни ткива, па секогаш може да се вадат на тоа. |
|
|
|
|
|
|
| Си велам | | |
|
| Поглед | | |
|
| Мислења | | |
|
| Мислења | | |
|
|
Среќни празници ви посакува „Утрински весник“
|
|