Број 3093  четврток, 24 септември 2009
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Site Meter
Политика
Бугарија сака еврокомесар за проширување

Софија сака да стане регионален политички центар и така да остварува свои интереси

Од нашиот дописник
Слободанка Јовановска

Брисел - Новата влада на Бугарија си ја мери силата во Европската комисија, а првата битка што треба да ја извојува во Брисел е добивањето еврокомесар со ресор што е во интерес на земјата. Според јавните навестувања од новиот премиер Бојко Борисов, Бугарија посакува силен регионален ресор, а бидејќи ресорот за регионален развој е поврзан со многу финансиски фондови, а оваа земја има проблем со корупцијата, Софија го бара местото еврокомесар за проширување или, како алтернатива, тоа за наука.

„Знаеме дека во наредните неколку години само Хрватска и Исланд чекаат прием. Тоа не е многу претрупана агенда. Но, има големо политичко значење“, го образложи Борисов интересот за оваа функција. Со оглед на тоа дека речиси сите земји кои сега чекаат на влез во ЕУ се соседи на Бугарија и таа има значајни интереси во нив, по се' изгледа, идејата е земјата да стане регионален политички фактор и, преку таа улога, да си ги оствари интересите што не и' успеваат на друг начин.

Засега Бугарија е единствената земја која покажа јавно интерес за еден од најнепопуларните ресори во Комисијата, покрај тој за мултијазичност, кој ќе биде избришан од идниот состав. Со оглед на шпекулациите во Брисел дека ресор за проширување ќе нема, туку тој ќе се преформулира во соседска политика и проширување, и дека на таа фотелја, најверојатно, ќе седне Карл Билт, шансите Софија да ја добие ваква функција изгледаат многу нереални во моментов. Проблем не е само профилот на ресорот, туку и профилот на кадарот што го подготвува Борисов за Брисел, т.е. актуелната министерка за надворешни работи, Румена Желева, која, според бугарските медиуми, седи на оваа функција само за да има кредибилна референца во биографијата и за добие на време додека се именува новата Комисија.

Иако Борисов јавно навести дека нема намера да ја кандидира повторно актуелната бугарска комесарка Меглена Кунева, очигледен е притисокот од претседателот Жозе Мануел Баросо да ја смени одлуката и таа да остане и во новиот состав. Кунева, која имаше ресор со кој можеше лесно да се освојат симпатиите на Европејците, бидејќи беше задолжена за нивна заштита, беше прогласена за комесар на годината и Европејка на годината од весникот „ЕУ обсервер“, инаку поврзан финансиски со ЕК. Според некои бугарски медиуми, прашање на ден е кога Борисов ќе мора да се откаже од Желева и да ја прифати Кунева, која беше избрана за евродепутат, но се откажа од тоа, па упорно седи во ЕК и чека разврска околу нејзината иднина. Кунева, инаку, покажуваше амбиции за иден шеф на дипломатијата на ЕУ, како жена-кандидат и либерал, па ако се сретнат на половина пат амбициите на Борисов за проширувањето, тие на Баросо за Кунева и на Кунева за ЕК, се' може да стане можно во Брисел. Кај нас таа се прослави со изјавата што ја даде веднаш по доаѓањето на функцијата, кога од позиција на комесар на нова земја-членка која не ги ни исполни условите да стане тоа, самоуверено оцени дека Брисел не треба веќе да им дава датуми однапред на земјите што бараат прием во Унијата.

 


#
Статијата е прочитана 1012 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Политика
Ченто, Шатев и Брашнаров го усвоиле актуелниот државен грб
Нова владина одлука за автобуси за Скопје
МАТ ќе биде чартер-компанија и ќе го издава „боингот“ во странство
Прочист��вањето од 1 октомври
Грција може да го блокира датумот
Јасмина Јовановска
Малите партии бараат помош од државата
За фасадите рок од две години