Број 3093  четврток, 24 септември 2009
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Site Meter
Политика
„Зегин“ бара санација на „Градски аптеки“, „Фармакорп“ молчи

Јасмина Јовановска

Доколку не се санираат долговите на „Градски аптеки“, и' се заканува стечај, тврди директорот на „Зегин“, Благоја Механџиски, еден од содружниците, кој вчера јавно укажа дека „Градски аптеки“ итно треба да се санираат, во спротивно, фирмата ќе престане да постои. „Долгот на ’Градски аптеки‘ е околу 3,7 милиони евра и за да се санира, треба да се донесат свежи пари однадвор, што ни е обврска како содружници, посебно кога нема пари на сметката“, вели Механџиски.

Од „Фармакорп“, другиот содружник во „Градски аптеки“, не сакаат многу да го коментираат апелот на Механџиски. „Стечајот ќе биде дело и последица на постапките на другиот содружник“, изјави Тодор Костадинов, управителот на „Фармакорп“ во „Градски аптеки“, кој додаде дека подетално ќе се изјасни денеска откако интегрално ќе го преслуша апелот на Механџиски.

И додека двајцата содружници се' уште не можат да најдат заеднички јазик, на „Градски аптеки“ сериозно и' се заканува целосно уништување. Од Бирото за лекови најавуваат затворање на повеќе аптеки доколку од нив заминат фармацевтите, бидејќи така ќе останат без дозвола за фармацевтска дејност. Сознанијата на „Утрински весник“ ги потврдува и Механџиски и додава дека поради неплаќање кирија, ќе бидат одземени околу 20 аптеки. Трудовата инспекција, по барање на вработените, веќе два дена ја проверува документацијата во „Градски аптеки“. Ова е втора контрола на Трудовата инспекција во оваа фирма, откако поведоа постапка за прекршочни пријави до управителите дека не постапиле по решението од првата контрола на вработените да им се подели плата, која не ја зеле седум месеци. Од Трудовата инспекција не откриваат што откриле досега и што натаму ќе преземат додека не заврши целосно контролата.

Целата надеж на вработените е во Трудовата инспекција. Тие и вчера претпладнето ја чекаа инспекторката да продолжи со контролата и поскоро да го затвори случајот. Во меѓувреме, вработените и вчера седми ден едноподруго го одржаа мирниот протест. Освен Министерството за труд и социјална политика и Министерството за здравство, за решавање на нивниот проблем вработените го повикаа да се вклучи и Министерството за правда.

„Апелираме мнозинските содружници итно да свикаат годишно собрание и да изберат двајца извршители. Тоа е потребно не само за исплата на платите, туку и фирмата да може нормално да работи фирма“, изјави Ленче Јовановска, која го повтори ставот на колегите дека нема да отстапат од своите барања. И Финансиската полиција работи на расчистување на случајот со „Градски аптеки“. Освен првичното сомневање за финансиска злоупотреба од околу милион евра, од Финансиска полиција не сакаат да излезат со други податоци се' додека не се заврши контролата.

#
Статијата е прочитана 566 пати.

Испрати коментар

Од: Kolo Diamantot
Датум: 24.09.2009 05:59:53
Drzavata treba da donese zakon preku parlamentot dokolku edna privatna firma gi nema plateno rabotnicite poveke od dva meseci so pravo da ja blokira smetkata na firmata. Posle isplatata se deblokira smetkata. Dokolku nema pari na smetkata se zatvara firmata a imotot drzavata go rasprodaduva i se isplakaat rabotnicite.
Од: nabljuduvac
Датум: 24.09.2009 08:29:47
Zegin ke stori se gradski apteki da otidat vo stecaj za da moze da ja izigra odlukata na Antimonopolskata komisija za otuguvawe na udelite sto gi ima vo gradski apteki. Site negovi ponudi za sanacija i razni "cekovi" se obid da stekne pogolem % od Farmakop i zaedno so negovite somnitelni pobaruvawa da stane dominanten sopstvenik na gradski apteki. Se somnevam vo Trifun kostovski deka ke moze da gi spreci ovie planovi na Zegin. Zegin sepak e za Kostovski za edna glava pogolem kriminalec.

Најди! во Утрински
Политика
Ченто, Шатев и Брашнаров го усвоиле актуелниот државен грб
Бугарија сака еврокомесар за проширување
Нова владина одлука за автобуси за Скопје
МАТ ќе биде чартер-компанија и ќе го издава „боингот“ во странство
Прочистувањето од 1 октомври
Грција може да го блокира датумот
Малите партии бараат помош од државата
За фасадите рок од две години