Помалите политички партии се незадоволни од измените на Законот за финансирање на политичките партии, бидејќи тврдат оти немаат доволно финансиски средства да ги покријат основните трошоци.
Овие забелешки беа изнесени на вчерашната работна средба, при што претставниците на политичките партии ги презентираа своите согледувања по едномесечното функционирање на промените на Законот за изменување и дополнување на Законот за финансирање на политичките партии.
Според министерот за правда, Михајло Маневски, со донесувањето на измените на Законот за финансирање на политичките партии е исполнет критериумот поставен од страна на Европската комисија ЕК), неопходен за добивање позитивен извештај оваа есен.
Од своја страна, пак, претставниците на помалите политички партии сметаат дека со одредбите во Кривичниот законик тие ќе бидат на удар во случај на неможност да ги исполнат финансиските обврски.
Тие тврдат оти од општинските каси не добиваат пари за учество во изборните циклуси, а од друга страна, мора да објавуваат годишни извештаи за финансиското работење на партијата на веб-страница и најмалку во еден медиум, што за нив е скапо. (МИА)
Neka se zdruzat vo edna zosto narodot negi ni primetuva deka postojat. Sekoj od niv sto e bil minister dali vo SDSM ili VMRO posle napustajki go ministerskoto mesto odma registrira partija mislejki deka e mnogu popularen i deka narodot ke pojdi vo negovata partija. Dase napravi anketa ne mugi znaat nitu iminjata na partiite i koj e lider.
Од: Ова го нема никаде
Датум: 24.09.2009 07:41:52
И во најголемите земји во светот има само по 2-3 партии, а кај нас 50. Најмногу од нив се само еден човек-партија. Ме интересира дали некаде во светот има толку партии по глава на жител како во Македонија? Не да им се олесни, туку треба да се заострат критериумите за регистрирање на политички партии и за кандидирање на кандидати за избори.
Од: realen
Датум: 24.09.2009 09:58:28
Ma kakvo finansiranje, istite treba da se priklonat kon vladeackata koalicija ili opozicijata. Zamislite DOM-covek partija koj organizira izleti za svoeto malo clenstvo i bara pari za tie izleti-redovo vo vreme na prodolzen vikend, se tolkuva kako aktivnost na L.P. Pa taa e klasicen VMRO-vec, zaedno so celoto semejstvo. Ova e drevna zemja so drevni misli kade idninata samite ja pravime neizvesna vo alcnosta da bideme vecno zapameteni.