Број 3093  четврток, 24 септември 2009
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Site Meter
Политика

Нова владина одлука за автобуси за Скопје

Наместо 302 автобуса, ќе се купуваат 202 двокатни и 100 едноподни

Деспина Трајковска

Наместо 302 двокатни автобуси Владата сега планира да купи 202 даблдекери и 100 едноподни автобуси. Ова е најновата владина одлука по неодамнешното поништување на тендерот за набавка на 302 двокатни автобуса. За даблдекерите Министерството за транспорт и врски веќе распишало нов тендер, во кој бара 200 двокатни автобуси од затворен тип и два отворени автобуса. Наскоро ќе се распише тендер и за набавка на 100 едноподни автобуси и тоа 80 од нив соло, четири зглобни и 16 минибуси. Од ресорното Министерство вчера накусо објаснија дека промената во набавката во однос на претходните три се должи на согледаните искажани потреби на Јавното сообраќајно претпријатие „Скопје“ и согласно владината одлука.

Од Министерството вчера не беа достапни да дообјаснат дали условите во тендерот ќе бидат исти како и во досегашните три неуспешни тендери, ниту, пак, да прецизираат на кој начин ќе се изврши финансирањето на набавката со оглед на неодамнешните најави за намалување на Буџетот за овој владин проект.

Овој тендер следува по три неуспешни јавни набавки. Првиот обид официјално пропадна, бидејќи ниту една фирма не го понудила бараниот ретро изглед на автобусите. Вториот тендер се поништи оти ниту една компанија не достави банкарска гаранција, освен словенечката компанија, која не влезе во игра поради превисоката понуда од 111 милиони евра за производство на 302 даблдекери. Третиот, всушност, и последен тендер пропадна речиси по острите реакции во јавноста од страна на партијата на Љубе Бошкоски дека избраната понуда на кинеската компанија „Џенгџоу јутонг“ е превисока, а истовремено и по обвинувањата дека тендерот е наместен, со цел да се офајди некој од владините функционери и луѓето блиски до нив. Официјалното образложение од Министерството за поништување на тендерот беше, всушност, одлуката на државната Комисија по жалби за јавни набавки, според која, избраната понуда не го гарантирала бараниот термин за испорака на автобусите.


#
Статијата е прочитана 844 пати.

Испрати коментар

Од: Kolo Diamantot
Датум: 24.09.2009 05:03:01
Dobroe sto ovaa vlada bar se gleda deka nesto raboti :kupuva avtobusi gradi sportski igralista,sali zgradi za siromasnite skoli mostovi ambulanti kompjuteri i dr. Onie drugite sto napravija za 15god. ne pomestija nitu edno kamce.
Од: Трпе
Датум: 24.09.2009 08:18:43
Дали некој може да каже како се вика играта која ја игра нашата ЕПП влада.Нашава скопска влада ке купуваше 102 градски автобуси,202 па 302 .Сега слушаме не 302 туку 202 мешани..По се ми мириса дека избори се ближат,избори се ближат,избори се ближат пазете деца што ке се случи.Е сега треба да бидете паметни дали власта сака да си го продолжи мандатот или да се ослободи од него,или да ја зарази земјата од некоја тешка болест.
Од: Donald Duck
Датум: 24.09.2009 09:04:03
Prerodbata prodolzuva, grabez vo 100 chekori. Ova vekje preminuva vo razbojnishtvo....reshile portokalchinjava da si go zemat rushvetot od avtobusite, i se chini deka nema sila sto kje gi sopre....
Од: јас
Датум: 24.09.2009 11:30:58
Коло златен , кај ги гледаш сите тие работи што твоиве ги направиле???На сон или во нивната „грабеж во 100 чекори “- програма..Јас само гледам бесни коли , 4 стана и стотици ископани дупки со фрлени 2-3 лопати бетон ...
Од: шљока
Датум: 24.09.2009 11:43:38
а да купат 300 едноподни и 2 двокатни автобуса? изгледа дека тоа е најдоброто решение.
Од: Do Koljo od DPMNE
Датум: 24.09.2009 15:59:44
Vladata ostvaruva: 150 milioni evra vo zdravstvo-laga, 300 avtobusi-laga, resen problem na mlekarite-laga, stranmski investicii-laga, kompjuteri za sekoe dete sto skapuvaat, kriminal vo site ministerstva, namalena plata na zdravstveni rabotnici na 30%, kacuvanje na penzii za 3%. Demantiraj ako imas so sto, osven bogatenje na DPMNE.

Најди! во Утрински
Политика
Ченто, Шатев и Брашнаров го усвоиле актуелниот државен грб
Бугарија сака еврокомесар за проширување
МАТ ќе биде чартер-компанија и ќе го издава „боингот“ во странство
Прочистувањето од 1 октомври
Грција може да го блокира датумот
Јасмина Јовановска
Малите партии бараат помош од државата
За фасадите рок од две години