Број 3093  четврток, 24 септември 2009
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Site Meter
Политика

За фасадите рок од две години

Граѓаните мора да постават фасади на домовите во рок од две години од стапувањето во сила на Законот за градење, договорија вчера преку заеднички амандман членовите на Комисијата за транспорт и врски, која по тридневна расправа го заврши разгледувањето на поднесените 80-тина амандмани на Предлог-законот за градење. Доколку не постават фасади во предвидениот рок, граѓаните ќе платат глоба од 100 до 500 евра. Членовите на Комисијата од опозицијата обвинија дека таквата законска одредба има цел да се полни Буџетот и оценија дека е неприменлива со оглед на економската криза.

Амандмански Комисијата интервенираше и во член 138, од кој се изземаат индивидуалните објекти што се градени без одобрение. Овој член му дава можност на градежниот инспектор да даде забрана за оттуѓување на нелегалните делови од градбите, како и забрана за располагање со градбата и земјиштето до моментот на постапување по одобрението за градба. Забраната овозможува заложно право и конфискација на државата врз градбата и земјиштето доколку во рок од три години инвеститорот не постапи според одобрението за градба. Во меѓувреме инвеститорот ќе плаќа месечни пенали во износ од три проценти од пазарната вредност на градбата и земјиштето.

Изземањето на индивидуалните домови следуваше по реакциите на пратениците од СДСМ и од НСДП, кои бараа целосно бришење на член 138 или наместо одземање на имотот и земјиштето, задолжително уривање на нелегалната градба. Тие оценија дека со можноста за плаќање пенали се ставаат во нерамноправна положба оние кои градат законски. Пратениците од власта сметаат дека член 138 ќе ги спречи новите дивоградби. (МИА)


#
Статијата е прочитана 786 пати.

Испрати коментар

Од: Kolo Diamantot
Датум: 24.09.2009 06:06:48
Mora dase iskretiliziraat gradeznite firmi. Ako nema pari ic neka ne pocinja. Kazni treba da ima iza neplakanje na rabotnicite.
Од: Трпе
Датум: 24.09.2009 08:41:55
Оглас : Менувам куќа во Неготино,15 години градена не фасадирана,на вториот кат нема столарија,без огради на терасите ,за еден стан од Миленце ,по можност во Кисела вода Скопје.

Најди! во Утрински
Политика
Ченто, Шатев и Брашнаров го усвоиле актуелниот државен грб
Бугарија сака еврокомесар за проширување
Нова владина одлука за автобуси за Скопје
МАТ ќе биде чартер-компанија и ќе го издава „боингот“ во странство
Прочистувањето од 1 октомври
Грција може да го блокира датумот
Јасмина Јовановска
Малите партии бараат помош од државата