Ченто, Шатев и Брашнаров го усвоиле актуелниот државен грб
Сегашниот грб бил усвоен во 1946 година како општомакедонски симбол
Оливера Војновска
Темата за рекомпонирање на државниот грб која деновиве се актуелизира најпрвин со иницијативата на ВМРО-Народна, земскиот грб од 1620 година да биде нов државен симбол (познатиот двоопашест златножолт лав), па со предлогот на Владата за симнување на црвената петокрака, поттикнува размислувања што симболизира и како е всушност создаден постојниот грб, од што е инспириран, кој е неговиот идеен творец.
Наспроти искажаната политичка волја за бришење на „клучниот комунистички белег - ѕвездата“ , јавноста, сепак, остана покуса за попрецизно образложение дали со таквиот потег ќе се случи дезидеологизација на актуелниот државен симбол и дали со дупката меѓу житното класје тој ќе добие современ демократски изглед.
Писателот Јован Павловски во неговата книга „Време минато, време сегашно“, потсетува дека државниот грб на Македонија е промовиран на Второто заседание на Народното собрание на Народна Република Македонија, одржано на 27 јули 1946 година. Тогаш е донесен Законот за грбот на НРМ, и во неговиот прв член е дефинирано :„Грбот на Народна Република Македонија претставува поле опкружено со житно класје, испреплетено со плодови афиони со тутуново лисје, кои се народни мотиви. На лентата е испишано НР Македонија, меѓу врвовите на класјето има петокрака ѕвезда. Среде полето се оцртува планина во чие подножје тече река. Зад планината изгрева сонце“.
За Павловски е интересно образложението на споменот Закон, што во јавноста од неразбирливи причини се премолчува, а според кое грбот на македонската држава е општомакедонски и не станува збор за какви и да е идеолошки симбол“. Во споменатото образложение е напишано: „Грбот на НР Македонија претставува симбол на слободата и единството на македонскиот народ и на богатството на македонската земја. Житното класје, плодовите, афионот и тутуновите лисја го изразуваат богатството на Македонија и разновидноста на нејзиното стопанство. Петокраката ѕвезда ја симболизира народноослободителната борба, преку која македонскиот народ ја извојува својата слобода. Народните мотиви на лентата го изразуваат богатството и убавината на нашиот народен бит. Среде во полето планината го претставува Пирин, најголемата македонска планина, која била центар на народносослободителните борби и минатото, а реката што тече под неа е Вардар, најпознатата река во нашата република. Пирин и Вардар истовремено го симболизираат единството на сите делови на Македонија и идеалот на нашиот народ за национално обединување. Сонцето го изразува слободниот и творечки живот на Македонија“.
Павловски посочува дека во работата на македонскиот парламент тогаш во разни својства учествувале: Методија Андонов-Ченто, Панко Брашнаров, Павел Шатев, Димитар Влахов и Богоја Фотев, кој бил претседа��ел на Президиумот на Народното собрание.
Се чини, резонира Павловски, дека првата македонска влада на чело со Лазар Колишевски (која го предложила Нацрт-законот за првиот државен грб и неговото ликовно решение), како и народните пратеници воопшто не инсистирале преку елементите на грбот да наметнуваат идеолошки принципи и ставови, туку ја нагласиле трајната определба и желба на македонскиот народ за обединета Македонија.
Истражувајќи ја оваа тема, Павловски открил дека ликовното решение на грбот го изработил познатиот македонски уметник, Василие Поповиќ-Цицо, а не како што најчесто се поврзува со името на сликарот Ѓорѓе Андреевиќ-Кун.
Навраќајќи се на периодот на осамостојувањето во 1991 година , Павловски се присетува дека по првите парламентарни избори, новото Собрание го укина тогашниот државен грб, со образложение дека тоа го прави поради идеолошките обележја во него. Ваквото објаснување, како што пишува тој, „за сите нас, неупатените, изгледаше сосема нормално и логично“. Собранието кое тогаш самото се задолжи во рок од шест месеци да донесе закон за новиот македонски грб, кој ќе ги симболизира „општествените и политичките промени и процеси во независната и самостојна македонска држава“, до денеска не го стори тоа.
Владата вчера ги достави измените на Законот за грбот, со кои се предвидува да биде избришана петокраката. „Со донесувањето на овој закон Република Македонија ќе го добие својот трет државен симбол во чија содржина е вградени житните полиња, афионот, тутуновите лисја и народните мотиви, со кои Република Македонија е препознатлива како држава. Останатите елементи вградени во грбот се планини, река и изгреано сонце, кои исто така го симболизираат поднебјето на Република Македонија“, се вели во предлог законот.
Ченто, Шатев, Брашнаров и Василие Поповиќ-Цицо se komunjari. Komunjarite go nacrtale grbot - da se brise. Komunjarite ja napravile Makedonskata drzava - da ja snema. MANU raboti na slucajot!
Од: sss
Датум: 24.09.2009 00:47:23
od ovaa statia svativ deka imame nepismeni politicari koi ne ja znaat ni istorijata na svojata zemja ,koi gi interesira samo materijalizam licno za sebe i drugo nisto ,zatoa nemame a nema ni da imame idnina ,taka ke swe vleckame dodeka ne se unisti se sto ima ovaazemja steknato za vreme na socijalizmot,i na kraj znaete sto ne ocekuva.......... pozdrav do sie vo MK
Од: Svetlina
Датум: 24.09.2009 03:22:37
Najdobro resenie vo momentot za site politicari i etnicki partii i gragani vo makedonija i nadvor od nea e da se zameni petokrakata so Makedonskiot Lav iako ima i drugi varjanti ova ke e najednostvan i najbezbolna i najbrza i najefikasna po odnos upotrebata na simbolite od dijasporata i Makedoncite nadvor vo drugite zemji...koj ke gi koristat aftohtonite Makedosnki obelezja za svoi-nacinalni simboli a drzavata ke ima drzavni.
Од: Kimov Trajko
Датум: 24.09.2009 04:51:13
Ne mora preku grbot da doznaeme vo koja drzava sto se proizveduva. Svetot se znae. Nasiot grb veke sto nema: tutun,afion,jabolki,patligani,piprki,planini,reki. Vakvite grbovi gi upotrebuvaat zaostanatite zemji kako: Bolivia,Peru,Ekvador i dr.Vo razvienite zemji go upotrebuvaat orelot lavot i tn.
Од: ФЕЛИКС
Датум: 24.09.2009 07:11:40
Написов ме подсеќа на крстоносните војни за заштита светиот христов гроб,а тука за светлата црвена петокрака.Сега се корист на приземен начин видната тројка од нашата историја со вмровски сенс.Имено ако овие се сложиле да има таков грб со петокрака пакој се овие со иста провиненција да го менуваат.Но при тоа се зборава како завршија посочените тројца од оние следбеници на петокраката.Имено Ченто долгогодишна робија во Идризово,Брашнаров исто така одлежа на Голи Оток а Шатев сменет од сите функции, диференциран и маргинализиран.Затоа примеров не ви чини и со ова докажувате колку потребно отстранување на петокраката.
Од: kliment
Датум: 24.09.2009 09:44:51
Ako tolku mnogu vi smeta petokrakata,predlozete na SAD da gi izvadat site zvezdi od nivnoto zname ,neli sme prijateli i ne podrzuvat,dajte i vie za niv nekoj pameten predlog neznajkovci .
Од: ЦК СКВМРО®
Датум: 24.09.2009 10:04:40
Грбот најчесто се поврзува со Ѓорѓе Андрејевиќ - Кун затоа што ги доработувал предлозите од Сликарите од другите Социјалистички Републики и го имал Целосното Авторско Право врз грбот на СФРЈ, но и врз грбовите од другите Републики! Ваквата уметничка соработка не е непозната во историјата! Воочливо е Непочитувањето на Авторското Право од страна на денешните полуписмени политичарчиња, за кои верувам дека кумувале и на создавањето на Кичфигурините на Бладата! Интервенирање врз Уметничко Дело, Лого, Амблем, Слика, Графика, Скулптура, па дури и градба (Камен Мост) е незамисливо во земјите со развиена култура! Бладините Сподоби, со Соцреалистички вкус, си зеле за право да изигруваат уметници (иако немаат никаков Поим од Уметноста) и да бришат делови од Државниот Грб! Каква Дрскост! Да, постојниот Грб не е Графичко, но е чисто Сликарско решение! Правењето Дупка во Грбот е Целосно Нарушување на Композицијата, Малоумна Интервенција на Недоквакани и претставува негово Нагрдување!
Од: AA
Датум: 24.09.2009 14:14:20
Да не беше тој грб , денеска нема да расправавме за него.Ќе немавме држава и сите ќе беа во право.
Од: Makedonsko Narodno Dvizenje-Detroit
Датум: 24.09.2009 15:15:01
Mora da dadam poddrska na CN SKVMRO koj sto komentira so mnogu rezon. Nstrana faktot sto petokrakata eodraz na NOB i antifasizmot, antibalisti i t.n. Vo Makedonija fasisti pokraj Germancite bile Bugarite, Balistite i site nivni domasni izdajnici i slugi.
So vadenjeto na petokrakata im se sluzi na fasistite i nivnite vnuci i pravnuci vo kozata na UCK i na niv slicnite.
Kolku za SAD, tie e samo na znameto, tuku i na svojot grb imaat eden kup petokraki.
Jas predlakam da se dodade venec od pet (5) petokraki nad grbot: po eden za sekoj del od Makedonija plus edna za Dijasporata. Sonceto veke e vo sredinata na grbot. Vakov grb bese prezentiran vo Detroit vo razni varijanti uste vo 2001.