Број 3093  четврток, 24 септември 2009
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Site Meter
Политика

Грција може да го блокира датумот

„Се' уште е отворено прашањето за тоа дали по извештајот на Европската комисија за напредокот на Македонија во евроинтегративните процеси, Советот на ЕУ ќе и' понуди договор на земјава за пристап кон ЕУ“, изјави вчера германската амбасадорка во земјава, Урлике Марија Кноц, сепак, додавајќи дека „од она што го слушаме, единствено знаеме дека изгледите се добри“. Според неа, постои проблемот со Грција и затоа конкретно не знае каква ќе биде ситуацијата. „Постои можност Грција да ја блокира одлуката на Советот, а постои можност, во случај спорот со Грција околу името да биде решен, веднаш да почнат преговорите за членството“, рече Кноц, која, сепак, побара да се почека. „Првиот чекор е извештајот за напредок, па ќе видиме, не треба да се шпекулира“, порача таа.

Амбасадорката Кноц, прашана да ги коментира наводите за можно одложување на стартот на визната либерализација за земјава, рече дека Комисијата даде предлог за укинување на визите кон Македонија и оти тој предлог сега се разгледува од страна на институциите, а Европскиот совет е тој кој треба да ја донесе одлуката. „Очекуваме Советот да се занимава со таа проблематика есенва, но не располагаме со никакви информации за одложување или со датуми“, изјави Кноц. (Т.Г.)

 


#
Статијата е прочитана 569 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Политика
Ченто, Шатев и Брашнаров го усвоиле актуелниот државен грб
Бугарија сака еврокомесар за проширување
Нова владина одлука за автобуси за Скопје
МАТ ќе биде чартер-компанија и ќе го издава „боингот“ во странство
Прочистувањето од 1 октомври
Јасмина Јовановска
Малите партии бараат помош од државата
За фасадите рок од две години