Словенија ќе ја блокира Хрватска за ЕУ
Љубљана - Словенечкиот премиер Борут Пахор вчера изјави дека става вето на отворањето нови поглавја во преговорите со Хрватска за членство во ЕУ. "Словенија утре ќе даде согласност за отворање едно поглавје и за затворање три поглавја. Отворање седум нови поглавја кои прејудицираат на границата ќе блокираме", изјави Пахор по средба на Владата и опозициските партии. (МИА) |