Латинска Америка ги обвини богатите земји за кризата
КОСТА ДО СОИПЕ - Лидерите на Латинска Америка во вторникот вината за глобалната економска криза ја гледаат во богатите земји и ја поздравија комунистичка Куба на самитот кој има за цел да го ослабне влијанието на САД во регионот. Присуството на кубанскиот претседател Раул Кастро на средбата во североисточниот дел на Бразил се смета како знак за растечката независност на Латинска Америка од САД, што е многу поразлично од времето на Студената војна кога Куба беше исклучена од Организацијата на Американски Држави со седиште во Вашингтон.
„Куба се врати онаму каде отсекогаш припаѓаше. Ние сме комплетни, формираме тим, добар тим“, изјави претседателот на Венецуела, Хуго Чавез, кој беше најжестокиот критичар на САД во регионот и најголем сојузник на Куба. „Најпозитивната работа од независноста на нашиот континент е тоа што се состануваме сами без хегемонијата на империјата“, изјави Чавез, осврнувајќи се на САД.
На претходните самити на латиноамериканските и карипските лидери отсекогаш ги вклучуваа поранешните колонијални сили Шпанија и Португалија или САД. (Ројтерс)
|