Број 2865  четврток, 18 декември 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон

Претходен број


Site Meter
Свет

Изборот на Обама ги охрабри црните Ирачани да влезат во политиката

БАСРА - Изборот на Барак Обама во САД веќе имаше влијание во Ирак, инспирирајќи некои црни Ирачани да се кандидираат на претстојните избори во надеж дека ќе му се стави крај на она што тие го опишуваат како неколкувековна дискриминација. „Победата на Обама ни даде морална сила“, рече Џалал Шиџил, секретар на движењето „Слободни Ирачани“. Тој наведе дека групата ќе биде првата која излегла со црни кандидати на сите избори во Ирак, кога ќе се појави на локалните избори закажани за 31 јануари. Доминацијата на новоизбраниот претседател Обама во САД коинцидираше со зголемената поддршка во јавноста за нивната кауза: „Кога тој стана кандидат, тогаш можеме и ние“, рече Шиџил. Тој наведе дека Ирачаните од африканско потекло немаат свои претставници во највисоките функции, диспропорционален е бројот на сиромашни и неписмени, и вообичаено им се обраќаат со погрдни зборови.

Другите Ирачани не гледаат дека се врши дискриминација кон оние со африканско потекло, чиј точен број е непознат со оглед на немањето статистички податоци. Шиџил изјави дека само во Басра има околу 300.000 лица.

Црнците во Ирак се дискриминирани делумно поради нивната боја на кожата, но исто така и поради тоа што не му припаѓаат на некое племе, посочи Шиџил. Племенските семејни врски и потеклото имаат големо значење во Ирак и во поголемиот дел од Блискиот Исток. Осумте кандидати на Движењето би можеле да бидат сведоци на жестока реакција од нивните сонародници со посветла боја на кожата, кои одговараат со индигнација на обвиненијата за расизам и посочуваат дека црнците се третираат со должна почит. Тие наведуваат дека избор врз основа на раса е погубен. Шиџил наведува дека црнците во Ирак се во подредена состојба, делумно поради историјата на ропството. „До денес на црнците не им се дадени нивните права“, рече тој. „Немаме црнци во локалните совети, во парламентот, кабинетот или како амбасадори... Имаме образовани луѓе, лекари, дипломци, но за жал се' уште немаме никакво влијание“.

Во Зубајар, правлива и сиромашна како и повеќето населби во Басра, Салим Хусеин разговара со своите пријатели на улица: „Луѓето тука не не' третираат поинаку. Меѓутоа, погледнете со наши очи. Дали гледате некој црнец да има пристојна работа?“ За време на петдневната посета на Басра дописникот на Ројтерс воглавно забележа дека црнците се вработени како домашни помошници и во сервиси за миење возила. Кандидатите за изборите на движењето „Слободни Ирачани“ се наставници, инжинери, канцелариски службеници. Тие инсистираат на тоа дека не се посебна интересна група и сакаат да ги решат проблемите со кои сите се соочуваат, како на пример невработеноста. (Ројтерс)


Статијата е прочитана 73 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
Свет
Латинска Америка ги обвини богатите земји за кризата
„Бадвајзер“ го загуби правото на името „бад“
Британците се повлекуваат од Ирак
Браун прогласи „победа“ во кавгата со Германија
Во експлозии во Багдад загинаа 18 лица
Словенија ќе ја блокира Хрватска за ЕУ
Буш не му е лут на новинарот што го гаѓаше со чевли