Џенет Еванс по 15 години пауза сака на Олимпијада
Иако има 39 години, американската пливачка Џенет Еванс најави дека ги почнала подготовките за Олимписките игри во Лондон во 2012 година.
Еванс е повеќекратна олимписка шампионка од Сеул (1988) и Барселона (1992), а соборуваше светски рекорди на 400, 800 и на 1.500 метри слободно. Еванс истакна дека напорно тренирала изминативе шест месеци и дека сака да биде во тимот на САД на Олимпијадата во Лондон.
Овој викенд Еванс ќе ја плива првата трка од Олимписките игри во Атланта 1996 година, после кои ја заврши кариерата. Ќе плива во четири дисциплини, вклучувајќи ги двете по кои е и најпозната, 400 и 800 метри слободен стил.
Американската пливачка изјави дека не би им се вратила на натпреварувањата ако не мисли дека може да плива на Олимписките игри. |