Број 3607  петок, 17 јуни 2011
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Онлајн вести

Насловна








Site Meter
Спорт

Мурињо го вика Џеко, Интер дава 28 млн. евра за Кака

Според пишувањата на англискиот печат, тренерот на мадридски Реал, Жозе Мурињо е заинтересиран за напаѓачот на Манчестер Сити Един Џеко.

„Граѓаните“ за Џеко му платија на Волфсбург 27 милиони фунти, но тој постигна само шест гола во меѓувреме, а од тие само два во 21 премиерлигашки настап.

Интер, пак, не се поткажува од Кака. За него пратена е до Реал официјална понуда од 28 милиони евра.

НаЈдобриот стрелец на Њукасл, Нолан, премина во Вест Хем

Кевин Нолан, играчот од средниот ред на Њукасл (изминатава сезона заби 12 гола) вчера и официјално требаше да потпише договор со второлигашот Вест Хем. Овој 28 годишен фудбалер, кој ќе биде големо засилув��ње во составот на Сем Алардајс, треба да ја добие и капитенската лента, која ја носеше и во Њукасл.

Бурно во Баерн, се подготвува нов тим

Баварците жестоко влегоа во преодниот рок. Стигнаа голманот на Шалке Нојер (18 милиони евра), потоа неговиот соиграч, дефанзивецот Рафиња (5,5 милиони), напаѓачот од Котбус Нилс Петерсен (три милиони евра), а се чекаат Артур Видал од Леверкузен (замена за Ван Бомел, кој зимоска прејде во Милан) и јапонското крило Такаши Усами. Боатенг го кочи управата на Сити, а се преговара и со стоперот на Челзи, Алекс.


#
Статијата е прочитана 890 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Спорт
Гочанин нов селектор на ватерполистите
Вардар се фузира со Миравци за да остане во Прва лига?
Вардар заврши кај градските власти
Џенет Еванс по 15 години пауза сака на Олимпијада
Бостон шампион, Ванкувер во хаос
Се смрзнуваат на минус 150 степени за подобра форма
Преку Ниш и Белград до Лондон

"""