Број 3607  петок, 17 јуни 2011
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Онлајн вести

Насловна








Site Meter
Спорт

Гочанин нов селектор на ватерполистите

Србинот дебитира со пораз во Шпанија од 10:5 во квалификациите за ЕП

Роберт Димитриевски

Ни Боби Кузмановски ни Владимир Латковиќ, туку Игор Гочанин ја водел ватерполо репрезентацијата на Македонија во поразот против Шпанија од 10:5 во Барселона во квалификациите за Европското првенство 2012 во Холандија. Така стои на официјалната веб-страница на ЛЕН, а Пливачката федерација на Македонија не најде за потребно да ја извести македонската спортска јавност дека Сашко Поповски повеќе не е на кормилото. Во недостиг од официјална информација поради недостапност на првите луѓе на Федерацијата, дознаваме дека идејата им била Македонија да го дочека баражот со поз��ато име на клупата. Иако крајно невообичаено, новиот селектор го презел националниот тим во последниот меч од квалификациите со цел да ги запознае ватерполистите, за што ќе му послужат и двата дена заеднички подготовки со Шпанците по средбата.

Игор Гочанин (44) беше дел од репрезентацијата на СФР Југославија што го освои златниот медал на Олимписките игри 1988 во Сеул. Има злато и од Европското првенство 1991 во Атина, како и два триумфа на Светскиот куп на ФИНА во 1987 и во 1989 година. Како тренер работел на Малта, каде што две години ја водел Слиема, како и во младинскиот погон на Партизан, а минатата сезона ја одведе Бањица до првото место во Првата Б-лига на Србија и пласманот во елитата.

Со Гочанин на клупата Македонија беше рамноправна во три четвртини од натпреварот во Барселона, но изгубениот втор период со 5:1 беше решавачки за победникот. Првата четвртина заврши 2:2, третата 1:1, а последната ја добија Шпанците со 2:1. Ветеранот на центарската позиција Иван Перез беше најефикасен играч во мечот со четири гола, а во македонскиот состав Мирослав Ранѓиќ и Милан Петровиќ постигнаа по два погодока.

Шпанија го обезбеди првото место во групата Ц уште пред последното коло на 2 јули, кога ќе и' гостува на Белорусија, а Македонија како втора ќе игра во баражот за ЕП во Ајндховен. Можни противници на македонските ватерполисти се Турција, Германија, Франција, Грција и Романија, а ждрепката ќе биде извршена во јули.

Шпанија - Македонија 10:5



По четвртини: 2:2, 5:1, 1:1, 2:1. Базен: во Барселона. Судии: Рајнинк од Германија и Радоњиќ од Словенија. Исклучувања: Шпанија 7, Македонија 4.

Шпанија: Агилар, Лопез, М. Гарсија 1, Марсал, Фернандез, Молина 2, Мингељ, Рока 1, Еспањол, Валјес 1, Пероне, Перез 4, Х. Гарсија 1. Селектор: Рафаел Агилар.

Македонија: Перчиниќ, Маринковиќ, Рачуница, Вуксановиќ, Делаш 1, Арсовски, Кречковиќ, Ивовиќ, Милановиќ, Ранѓиќ 2, Петровиќ 2, Летица, Бениќ. Селектор: Игор Гочанин.


#
Статијата е прочитана 567 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Спорт
Вардар се фузира со Миравци за да остане во Прва лига?
Мурињо го вика Џеко, Интер дава 28 млн. евра за Кака
Вардар заврши кај градските власти
Џенет Еванс по 15 години пауза сака на Олимпијада
Бостон шампион, Ванкувер во хаос
Се смрзнуваат на минус 150 степени за подобра форма
Преку Ниш и Белград до Лондон

"""