Број 3607  петок, 17 јуни 2011
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Онлајн вести

Насловна








Site Meter
Спорт

Вардар се фузира со Миравци за да остане во Прва лига?

Големо разочарување меѓу играчите и навивачите во Миравци по пласирањето на оваа информација

Миодраг Мицковиќ

Шок и неверување, односно големо разочарување меѓу навивачите и играчите на новиот прволигаш ФК Миравци од истоименото село. Преку ноќ радоста ја замени тагата и прашањето - зарем и тоа може да се случи, нивниот миленик наеднаш да згасне само затоа Вардар да остане прволигаш. Едно од најфудбалските села во Македонија, со сопствен прекрасен терен, еден од најубавите во земјава, со трибини за 1.500 гледачи, со уште едно, исто така, убаво игралиште што го има изградено Агенцијата за млади и спорт сега треба да останат празни, како што велат жителите на Миравци. И се прашуваат: каде беа досега оние што сега сакаат да го спасуваат Вардар и тоа на ваков скандалозен начин, зошто молчеа кога можеа многу порано и побезболно да му помогнат на Вардар и финансиски и кадровски, особено затоа што сигурно имаат значително поголеми можности од едно село во јужниот дел на Македонија каде што со години се создаваше тим за прва лига, во што на крај и се успеа.

„Мојот мобилен телефон е постојано активен уште од раните утрински часови“, беа зборовите на претседателот на клубот и главен спонзор на ФК Миравци, Васе Штерјов. „Сите исто ме прашуваат: Зар повеќе нема да постои Миравци, зар сега треба да одиме во Скопје и да ги гледаме нашите миленици, за кои, за повеќето, сигурно ќе нема место во новиот состав на Вардар, доколку се случи таа фузија. Што да им одговорам? Јас сам не можам да одлучам ниту сакам да одлучам. И веднаш да кажам, јас сум против оваа фузија, овој клуб не е само мое дело, туку на сите во селото, на целиот овој јужен крај на Македонија. Зар толку се мачевме четири години за да станеме прволигаши. Тврдам, имавме најсилен тим во Втора лига, со овие млади фудбалери што четири-пет години играат заедно, сигурно, ќе бевме бум во Првата лига. Силата на нашиот тим ја почувствува и Работнички кога годинава го победивме во Купот со 1:0. И сето она што го создававме со години сега може да се растури преку ноќ“, објасни Штерјов.

„Јас знам дека Скопје има интерес Вардар да биде прволигаш, но не на ваков начин со ваква фузија. Впрочем, и Миравци заслужува да игра во Прва лига, бидејќи го претставува овој дел на Македонија каде што има повеќе од 100.000 жители, односно тука не е само Миравци, тука и навивачите од Валандово, Гевгелија, Дојран, Богданци, Стојаково, Демир Капија, дури и од Неготино доаѓаа да ги гледаат натпреварите на Миравци. Зошто сега забавата и радоста да им се скратат на многубројните љубители на фудбалот. Ние сме мал клуб, признавам, но со големо срце, клуб на сите земјоделци, на сите оние вредни луѓе во овој дел од Македонија.

Признавам, дека имам големи притисоци да извршиме фузија со Вардар, но ќе повторам. Зар само во Скопје треба да се игра фудбал? Скопје и Тетово во моментов имаат три прволигаши, па нека се направи скопска лига зашто сме им потребни ние, мал клуб“, ни рече на крај разочараниот претседател Васко Штерјов.

На крај разговаравме и со тренерот Ѕвонко Бучков, кој беше заедно со играчите, бидејќи требаше да почнат подготовките за новата сезона.

„Завчера игравме во првото коло за Купот на Македонија во јужниот регион и го победивме Кожув со 8:0. Што да им кажам на играчите, како да ги натерам да тренираат и да ги почнат подготовките за новата сезона по ова што го слушнаа за фузијата со Вардар, свесни дека може да се случи Првата лига за нив ќе биде само убав сон, бидејќи и ним им е јасно оти тешко ќе можат да обезбедат место во новиот тим што ќе се прави со фузија затоа што веќе се најавени многу звучни имиња што треба да го засилат Вардар“, вели Штерјов.


#
Статијата е прочитана 1729 пати.

Испрати коментар

Од: Mudrec
Датум: 17.06.2011 00:39:18
Sramota e ako Vardar go napravi ova. Treba chesno da odigra vo 2.Liga i da se vrati kaj sto mu e mestoto. No edna rabota ne mi e jasna - kako moze nisto da ne zavisi od lugjeto od Miravci? Ako tie ne dozvolat, kako bi se slucila fuzija?
Од: daniel
Датум: 17.06.2011 01:19:25
Prasanje do komitite : Dali ke odite i ke navivate za eden Vardar koj ispadna od prva liga i na nesportski i nezasluzen nacin ke se vrati vo prva liga a za vozvrart Miravci koj se izbori i zasluzeno dojde vo prva liga da zgasni? Dali toa a vasiot Vardar? Dali imate svest? Ocekuvam reakcija
Од: Dexo
Датум: 17.06.2011 02:07:59
zosto ne napravi fuzija so fk kumanovo da go izvlece od 4 liga hahaaaa forza vardar
Од: lale
Датум: 17.06.2011 08:02:40
uste eden nacin kako da se unisti se sto vredi nadvor od skopje i da zgasne i toa malku ubavo sto e ostanato vo pomalite mesta.ako vardar ne zasluzuva da igra vo prva liga togas ne treba da igra tamu.
Од: fudbaler
Датум: 17.06.2011 08:24:41
Ovaa ne smee da go dozvoli Miravci ! Nivniot klub na sportski nacin se izbori za prvoligaskiot status i nikako ne smeat eden Vardar da im ja odzeme taa radost.Vardar ne samo sto pokaza deka e mizeren vo sekoj pogled .Ajde KOMITI pokazete doblest dokolku ja imate i sprotistavete se na toj nesportski i nemoralen nacin za ostanuvanje vo prvata liga.dali ste ili ke bidete gordi kako navivacka grupa sto na toj mizeren nacin saka da go zadrzi prvoligaskiot status. VARADAR MIZERIJA !!!
Од: Do Daniel od Gox Komiti
Датум: 17.06.2011 10:54:03
Mislenjeto e podeleno vo grupata.Mnogumina sigurno deka nema da odat poveke na stadion.Ama ne se raboti za sovest.Se raboti poveke za bes i revolt sprema tie sto namerno go napravija ova,a fakt e deka namerno e napraveno so cel da se dvira i unisti klubot.Nezamislivo i nerealno e inace igracite koi dojdoa od Rabotnicki da osvojat 20 i kusur bodovi tamu,a vo Vardar da igraat kako prv pat da gledaat topka.
Од: Istocna Makedonija
Датум: 17.06.2011 11:31:49
Steta za simpaticnata ekipa na Miravci da ne zaigra vo prvoligasko drustvo.Nasiot najgolem fudbalski brend na sportski nacin treba da se reorganizira i revitalizira. Ke ostanat zaludnite reakcii ako fuzijata Vardar-Miravci e dogovorena na nekoe,,visoko nivo,,!.
Од: deko
Датум: 17.06.2011 15:47:33
SRAMOTA.Ako ova navistina se sluci,ke bide uste eden tezok udar za fudbalo vo Makedonija pa ne e samo skopje i samo tamu da se gradi i da se igra fudbal.golem minus na DPMNE
Од: Niko
Датум: 17.06.2011 22:15:30
Stramota ili ne ipak ova ne e ilegalno. Znajme site deka FFM barem uste edna sezona saka bez nitu edna seriozna ekipa so evropski ambici ne samo da igra nego da proba da napravi kako Rabotnicki pred 3-4 godina nekolku pati. Fuzija ne e ilegalno a dali e stramota ili ne toa e totalno nebitno.

Најди! во Утрински
Спорт
Гочанин нов селектор на ватерполистите
Мурињо го вика Џеко, Интер дава 28 млн. евра за Кака
Вардар заврши кај градските власти
Џенет Еванс по 15 години пауза сака на Олимпијада
Бостон шампион, Ванкувер во хаос
Се смрзнуваат на минус 150 степени за подобра форма
Преку Ниш и Белград до Лондон

"""