Број 3079  сабота, 05 септември 2009
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Site Meter
Свет

Гадафи од ОН ќе бара поделба на Швајцарија

ЊУЈОРК - Според швајцарската министерка Криста Марквалдер, кога Гадафи ќе го посети Њујорк на 23 септември има намера да побара од ОН да се подели Швајцарија и нејзината територија да биде поделена меѓу соседна Франција, Германија и Италија. Во Повелбата на ОН посебно е нагласено дека ниту една земја-членка не може да го загрозува суверенитетот на друга, па затоа барањето веројатно нема да дојде далеку. Но, тоа е уште еден знак за напнатоста што ќе биде забележана при посетата на ексцентричниот диктатор.

Либиско-швајцарското нарушување на односите почна пред една година, кога најмладиот син на Гадафи, Ханибал, беше уапсен во хотел во Женева, бидејќи претепал двајца вработени со ремен и закачалка. Претходно тој имал расправии со полицијата во Франција и во Италија, а во еден случај бил притворен и поради возење под дејство на алкохол на „Шанзелизе“ во Париз, со брзина од 90 км на час во погрешна насока.

Либија возврати налутено, отповикувајќи некои дипломати и повлекувајќи пет милијарди долари од швајцарските банки, затворајќи го претставништвото на „Нестле“ во Триполи и заканувајќи се дека ќе ги прекине испораките на нафта.

За една година тоа прашање се влоши. Пред две седмици претседателот на Швајцарија, Ханс-Лудолф Мерц, отпатува во Триполи за да се извини за апсењето, а Либија рече оти ќе дозволи заложниците да заминат до 1 септември. Сепак, тие се' уште не се ослободени.


#
Статијата е прочитана 663 пати.

Испрати коментар

Од: Danko
Датум: 05.09.2009 10:51:05
Во последниот пасус: Кое апсење, кои заложници?
Од: Дамјан
Датум: 05.09.2009 22:37:36
навистина, за кое апсење се работи? :)

Најди! во Утрински
Свет
Седум лица загинаа во експлозиите во фабриката за муниција во Србија
Караџиќ бара време да се подготви за судењето
Осум лица од Естонија се обвинети за киднапирање на „Арктик си“
Обама, му даде рок на Иран за нови преговори за нуклеарната програма
Ирското „да“ за Лисабон ќе биде тешко
Цивилни жртви во напад на НАТО врз танкери во Авганистан